Пурпурна боја
Пурпурната боја е нијанса што се добива со мешање на црвената и сината боја. Таа е секундарна боја бидејќи ја сочинуваат две бои (сина и црвена).
Пурпурна | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Бојни координати | |||||||
Хекс. тројка | #6A0DAD | ||||||
sRGB1 (r, g, b) | (106, 13, 173) | ||||||
CMYK2 (c, m, y, k) | (39, 92, 0, 32) | ||||||
HSV (h, s, v) | (275°, 92%, 5068%) | ||||||
Извор | [се бара извор] | ||||||
1: Нормализирано на [0–255] 2: Нормализирано на [0–100] |
Во теоријата на боите, пурпурната е дефинирана како која било не-спектрална боја помеѓу виолетовата и црвената (со исклучок на самите виолетова и црвена боја)[1]. Според истата теорија, спектралните бои виолетова и индиго не се пурпурни, но сепак во секојдневната употреба тие се сметаат за такви бидејќи се наоѓаат помеѓу црвената и сината.
Во уметноста, пурпурната боја на тркалото на боите се наоѓа помеѓу магента и виолетова и нивните нијанси.
Во човечката психологија на боите, пурпурната боја се поврзува со кралските семејства и благородништвото (што произлегува уште од античко време, кога кралскaтa виолетовa боја (тирска виолетова) била дозволена само за елитите).
Наводи
уреди- ↑ P. U.P. A Gilbert and Willy Haeberli (2008). Physics in the Arts. Academic Press. ISBN 0123741505.
„Пурпурна боја“ на Ризницата ? |
Оваа статија за боја е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |