Тон — едно од главните својства на бојата, што технички се дефинира како „степенот во кој еден стимул може да се опише како сличен на или различен од стимулите што се опишуваат како црвено, зелено, сино и жолто“,[1] (т.н. самобитни тонови). Други параметри на боите се бојноста, обоеноста, заситеноста, светлоста и амбиенталната светлост.

Тон шифриран во HSB/HSL од RGB
Слика со кружно поместени тонови во просторот HSL

Боите со ист тон се разликуваат по својства како нивната светлост и/или обоеност (хрома). Така, имаме „светлосина“, „пастелна сина“, „силна сина“. Исклучоци се кафеавата, која е всушност темна портокалова,[2] и розовата, која е светлоцрвена со намалена обоеност.

Во сликарството и изучувањето на боите, тонот се однесува на „чиста“ боја без нијанси (без додаден бел или црн пигмент).[3] Во мозокот, први што го восприемаат и толкуваат тонот се подрачјата наречени „глобови“.[4][5]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Mark Fairchild, "Color Appearance Models: CIECAM02 and Beyond." Tutorial slides for IS&T/SID 12th Color Imaging Conference.
  2. C J Bartleson, "Brown". Color Research and Application, 1 : 4, стр. 181-191 (1976).
  3. „The Color Wheel and Color Theory“. Creative Curio. 16 мај 2008. Архивирано од изворникот на 2011-07-05. Посетено на 9 јуни 2011.
  4. Conway, BR; Moeller, S; Tsao, DY. (2007). „Specialized color modules in macaque extrastriate cortex“. Neuron. 56 (3): 560–73. doi:10.1016/j.neuron.2007.10.008. PMID 17988638.
  5. Conway, BR; Tsao, DY (2009). „Color-tuned neurons are spatially clustered according to color preference within alert macaque posterior inferior temporal cortex“. Proceedings of the National Academy of Sciences of the United States of America. 106 (42): 18034–9. doi:10.1073/pnas.0810943106. PMC 2764907. PMID 19805195.


Надворешни врски

уреди