Зелена бојабојата со бранова должина на светлината од приближно 520 до 570 nm. Зелената е вообичаена боја во природата, особено кај растенијата. Многу растенија се зелени најмногу поради сложената хемикалија позната како хлорофил што е поврзана со фотосинтезата.

Зелена
За координативе     Бојни координати
Хекс. тројка#008000
sRGB1    (r, g, b)(0, 128, 0)
CMYK2   (c, m, y, k)(100, 0, 100, 50)
HSV       (h, s, v)(120°, 100%, 50%)
Извор[се бара извор]
1: Нормализирано на [0–255]
2: Нормализирано на [0–100]
Зелена боја

Зелената се смета една за една од адитивните примарни бои. Комплементарна е со магентата; односно со бојата #FF00FF. Луѓето кои имаат слепило за црвената и зелената боја најчесто можат да ги разликуваат двете бои, но ги мешаат со други бои, како на пример, светло-зелена со жолта; темно-зелена со кафеава.

Терминот "зелена" не дефинира точна боја освен во рамките на стандардите, како X11 боите или апсолутен колорен простор како sRGB.

Зеланата боја делува смирувачки и малку делува на зголемувањето на работната способност на работното место.

Зелената боја е бојата на исламската религија. Еколошките движења често се нарекуваат "зелени" бидејќи со таа боја ја означуваат својата борба за заштита на природата. Како симбол, зелената боја укажува дека нешто е допуштено, или слободно (на пр. на семафор), за разлика од црвената која претставува забрана.