Светлост
Светлоста е својство на видното восприемање на тоа колку извор зрачи или одбива светлина. Со други зборови, светлоста е мерата во која се восприема блескавоста на некој набљудуван целен предмет. Како таква, таа е субјективно својство на предметот. Во различни ситации, предизвиканото восприемање може биде различно.
Во бојниот простор RGB, светлоста може да се замисли како аритметичка средина μ на бојните координати на зелената, црвената и сината.
Светлоста е и кордината кај боите во HSB или HSV (тон, заситеност и светлост/вредност).[1]
Кај ѕвездите, светлоста се изразува како привидна величина и апсолутна величина.
Поврзано
уреди- Блескавост
- Сјајност
- Светлост (боја) - светлоста на самите бои
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- ЧПП за боите - „Поинтон“