Прочида
Прочида (италијански: Procida) — еден од Флегрејските Острови кој се наоѓа во близина на брегот на Неапол во јужна Италија. Островот е помеѓу Мисено и островот Искја. Со својот мал сателитски остров Вивара, Прочида е град во составот на Метрополската област Неапол, во регионот на Кампанија.
Прочида | |
---|---|
општина | |
Земја | Италија |
Регион | Кампанија |
Поделоци | Вивара |
Управа | |
• Градоначалник | Рајмондо Амбросино |
Надм. вис. | 15 м |
Население (31 декември 2010)[1] | |
• Вкупно | 10.596 |
Час. појас | CET (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Пошт. бр. | 80079 |
Повик. бр. | 081 |
Светец-заштитник | Архангел Михаил |
Слава | 29 септември |
Мреж. место | Матична страница |
Потекло на поимот
уредиИмето на островот произлегува од латинското име Prochyta. Според друга теорија, Прочида доаѓа од грчкиот глагол prokeitai, што значи „лежи натаму“, поради појавата на островот што се гледа од морето.
Географија
уредиПрочида се наоѓа помеѓу Капо Мисено и островот Искја. Има помалку од 4,1 квадратни километри. Неговите крајбрежни линии, кои се многу остри, се 16 км (9,9 милји). Тера Мурата е највисоката точка на островот (91 метри).
Геолошки, Прочида бил создаден со ерупција на четири вулкани, сега заспани.
Историја
уредиАнтичка историја
уредиНа Прочида биле пронајдени траги од Микенската цивилизација. Траги, исто така, биле пронајдени на Вивара, островче на југозападниот брег на Прочида. Првите историски потврдени грчки доселеници пристигнале од Егејот на овој остров во текот на 8 век п.н.е..
Островот го споменува римскиот сатиричар, Јувенал, како неплодно место. Подоцна за време на римското владеење, Прочида станало познато место за патрициската класа на Рим.
Среден век
уредиПо падот на Западното Римско Царство и византиското повторно заземање на островот по крајот на Готските војни, островот останла под јурисдикција на Војводата од Неапол. Континуираното уништување прво од страна на вандалите и готите, а подоцна и од сарацените, го натерало населението да се насели во утврдено село, карактеристично за средновековните времиња. Населението било заштитено од ѕидовите изградени на највисоката точка од островот.
Со норманското освојување на јужна Италија, островот доживеал феудална власт. Островот бил под контрола на семејството Да Прочида, кое управувало со ѓостровот повеќе од два века. Најпознатиот член на семејството бил Јован III Прочида, советник на царот Фридрих II и водач на бунтот наречен Сицилиска вечерна.
Во 1339 година, островот бил предаден на семејството Коса, со француско потекло, лојални следбеници на династијата Анџевин, а потоа паднал под Неапол. Балдасаре Коса бил избран за антипапа во 1410 година со името на Јован XXIII. Во овој период започнала длабока економска трансформација на островот, бидејќи земјоделството полека се намјалило во корист на риболовот.
Современа ера
уредиЗа време на владеењето на Карло V, островот бил доделен на семејството Д'Авалос. Пиратските напади продолжиле во текот на овој период. Особено значаен бил оној во 1534 година, предводен од турскиот адмирал Хајредин Барбароса.
Во 1744 година, кралот Карло III го направил резерват. Во овој период, Прочида го достигнал својот зенит, поддржан од периодот на просперитетната бродоградба. Населението се зголемило на околу 16.000. Во 1799 година, Прочида учествувала во револт што довел до прогласување на Неаполската Република. Со враќањето на династијата Бурбонци неколку месеци подоцна, 12 жители од островот биле обезглавени.
Наполеоновите војни придонеле да островот на неколкупати биде уништен главно поради неговата стратешка позиција. Во 1860 година, по падот на Кралството на Двете Сицилии, островот станал дел од новоформираното Кралство Италија.
20 век
уреди20 век забележал криза во бродоградбата на островот поради конкуренцијата со индустриските конгломерати. Во 1907 година, Прочида ја изгубила својата континентална територија, која станала независна и често се нарекувала планина Прочида (Монте ди Прочида).
Во 1957 година, првиот воден аквадукт во Европа бил изграден во Прочида.
Во последните неколку децении, населението полека започнало да расте. Економијата останува во голем дел поврзана со морската индустрија, иако туристичката индустрија исто така е во подем.
Култура
уредиНеколку писатели ги направиле своите романи во Прочида. Тука спаѓаат Гразиела напишана од Алфонс де Ламартин, и Островот на Артур (1957) од Елса Моранте.
Прочида била избрана како место каде биле снимени неколку филмови (повеќе од 30 филмови), вклучувајќи го и Поштарот и Талентираниот господин Рипли.
Фолклор и традиции
уредиПостојат многу верски традиции на островот поврзани за периодот на Светата недела пред Велики петок. Најпознати од нив се Процесијата на апостолите на Велики четврток и Процесијата на мистериите на Велики петок. Последниот е заснован на традиција од 17 век.
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди„Прочида“ на Ризницата ? |