Поштарот - американски филм, во режија на Кевин Костнер. Главните улоги ги играат: Кевин Костнер, Вил Патон и Ларенз Тејт.

„Поштарот“
РежисерКевин Костнер
ПродуцентКевин Костнер
Стив Тиш
Џим Вилсон
Главни улогиКевин Костнер
Вил Патон
Ларенз Тејт
Оливија Вилијамс
Џејмс Русо
Том Пети
МузикаЏејмс Њутон Хауард
КинематографијаСтивен Виндон
МонтажаПитер Бојл
СтудиоTig Productions
ДистрибутерWarner Bros. Pictures
Премиера25 декември 1997 (1997-12-25)
Времетраење177 минути[1]
Земја САД
ЈазикАнглиски јазик
Буџет$80 милиони
Бруто заработка$17.6 милони

Содржина

уреди

Дејството на филмот се одвива во постапокалиптичната Америка, каде се појавува човек во униформа на поштар, кој на луѓето им ги разнесува пратките од времето пред катастрофата.[2]

Филмски критики

уреди

Поштарот добил многу негативни реценции од критичарите.

Стефан Холден од The New York Times го критикувал филмот поради "лажната сентименталност" и "претераниот џингоизам".[3] Роџер Иберт го опишал Поштарот како "филм со добро срце" но "прост... и претенциозен".[4]

Според агрегаторот Rotten Tomatoes, 3 од 32 филмски критичари филмот го оцениле со позитивен извештај, со "Rotten" резултат од 9% и просечен рејтинг од 3.8/10. Metacritic го оценил филмот со 29/100 засновано на 14 рецензии.

Заработка

уреди

Филмот доживеал тотален неуспех во киносалите. Во првите четири дена од прикажувањето филмот заработил само 5.3 милиони долари од вкупно 2,207 проекции.[5] Буџетот на филмот изнесувал 80 милиони долари, но вкупната заработка изнесувала помалку од 18 милиони долари.[6]

Филмот бил издаден во VHS и DVD на 9 јуни 1998, и на Blu-ray диск на 8 септември 2009.

Награди и номинации

уреди
Награда Вид Номинација за Исход
Награда Сатурн Најдобар научно-фантастичен филм Номинирана
Најдобар глумец во споредна улога Вил Патон Номинирана
Најдобар глумец во главна улога Кевин Костнер Номинирана
Награда Златна малина Најлош глумец во главна улога Победник
Најлош режисер Победник
Најлош филм Кевин Костнер Стив Тиш, и Џим Вилсон Победник
Најлошо сценарио Ерик Рот и Брајан Хелгеланд, засновано на истоимениот роман Победник
Најлоша оригинална песна Целиот саундтрак Победник


Надворешни врски

уреди


Наводи

уреди
  1. THE POSTMAN (15)“. Warner Bros. British Board of Film Classification. January 16, 1998. Архивирано од изворникот на 2019-07-23. Посетено на August 31, 2013.
  2. „Поштарот“, Антена, број 893, 7.8.2015, стр. 25.
  3. Holden, Stephen (December 24, 1997). „Movie Review: The Postman – Neither Snow, Nor Rain, Nor Descent to Anarchy...“. The New York Times. Посетено на August 3, 2007.
  4. Ebert, Roger (December 25, 1997). „The Postman“. Chicago Sun-Times. Архивирано од изворникот на 2012-10-08. Посетено на August 3, 2007.
  5. 'Titanic's' Voyage Is Steaming Ahead“. Los Angeles Times. Посетено на June 3, 2012.
  6. „The Postman (1997)“. Box Office Mojo. January 23, 1998. Посетено на January 27, 2010.