Пророкот од Дискантрија
Пророкот од Дискантрија – македонски роман од Драги Михајловски. Книгата е издадена во 1999 година во СР Македонија.[1]
Автор | Драги Михајловски |
---|---|
Земја | Македонија |
Јазик | македонски |
Жанр | раскази |
Издавач | Скопје : Каприкорнус, 2001 |
Издадена | 2001 |
Медиум | печатено издание, 20 mm |
Страници | 198 стр |
ISBN | 9989-715-10-6 |
Михајловски е исклучително плоден автор и преведувач. Неговите прозни дела се преведувани на англиски, германски, француски, руски, унгарски, српски, хрватски, словенечки, албански, турски, бугарски и други јазици. Досега ги објавил следните збирки раскази: Речно улиште , 1981; Ѓон , 1990; Скок со стап , 1994; Триполската капија , 1999; Раскази од шести кат , 2003; Пеперуткарот , 2009; збирката новели и раскази Глинениот човек , 2014; Раскази и споредбени коментари 2015; и уникатната комбинација на раскази и драми, Патот за рајот , 2017. Исто така, Михајловски ги има објавено и следните романи: Пророкот од Дискантрија , 2001; Смртта на дијакот ,2122002; Мојот Скендербеј , 2006; Бајазит и Оливера , 2009; Должници ,2014; Швајцарија на Балканите, 2015 и Бдеењето на Одисеј , 2018. Покрај збирките раскази и романите, Михајловски ги има објавено и следните две книги за деца: Волшебното котле и други бајки , 1995 и Сиромавиот и чучурлигата , 2000, како и двете студии од областа на преведувањето: Нераспнати богови , 1991 и Под Вавилон: задачата на преведувачот , 2002. Покрај тоа, Михајловски има преведено повеќе од 110,000 стихови, меѓу кои 37 драми и 154 сонети од Вилијам Шекспир, понатаму Загубениот рај од Џон Милтон, Беовулф од непознат автор како и проза од Тони Морисон, Кензабуро Ое И. Б. Вајт, Стојан Христов и други. Авторот Михајловски е наградуван со најпрестижните државни награди за своето книжевно творештво и преведувачка дејност. Неговата прва збирка раскази Речно улиште (1981) ја има добиено наградата за најдобра дебитантска книга на Книжевната младина на Македонија. За збирката раскази Скок со стап во 1994 година е нараден со „Рациновото признание“, кое е едно од највисоките книжевни признанија во државата. Двапати ја добива престижната награда „Стале Попов“ на ДПМ за најдобра прозна книга, и тоа во 200година за романот Смртта на дијакот , како и во 2006 година за романот Мојот Скендербеј . Исто така, Михајловски ги има добиено сите награди за книжевни преведувачи во Македонија. Во 1996 година ја добива наградата „Григор Прличев“ за препевот на епот Загубениот рај од Милтон, а во 2006 година наградата „Зимски саем на книгата“ за препевот на сите сонети од Шекспир, како и наградата „Кирил Пејчиновиќ“ во 2009 година за неговите многубројни препеви и пре- води на дела од англосаксонската книжевност на македонски јазик. Во 2013 година повторно ја добива престижната награда „Григор Прличев“ за препевот на Сите драми и сонети од Шекспир. Најпосле, ја има добиено и наградата „11 октомври“ за животно дело од областа на културата и уметноста. Тематската преокупација на прозното творештво на Михајловски е невројатно широка и разновидна, вклучувајќи го животот на самиот автор, кој понекогаш се испреплетува со животите на други автори, потоа најразлични актуелни состојби и настани, како и политички текстови и дискурси, современи и историски случувања, и алузии и фрагменти од македонската и од англиската книжевност, но и од други книжевности, како и фрагментирани библиски и истористи текстови и алузии и друго. Во прозата на Михајловски, животот на авторот може да се разбере како уште една специфична низа текстови кои го проткајуваат целиот негов творечки опус, почнувајќи од првата збирка раскази Речно улиште , па сè до последниот роман Бдеењето на Одисеј .
Содржина
уредиПророкот од Дискантрија - историските текстови од минатото биле честа тематска преокупација на авторот Михајловски во неговото творештво. Во Пророкот од Дискантрија моќната идеолошка пропагандна војна на надворешниот фактор против идентитетот на македонскиот народ е олицетворена преку ликот на Гркот Теофилакт кого цариградскиот патријарх го поставува за архиепископ на Охридската архиепископија во еди- наесеттиот век за да го уништи богомилското движење и отпорот на народот против наметнатата странска власт. Меѓутоа, иако вклучува историска тема од 1081 година, Пророкот од Дискантрија е повеќе историографска метафикција отколку историски роман бидејќи, како што вели Шелева, „овој роман... е втемелен во актуелната драма, во тегобноста на балканското современие, кое го создава неопходниот контекст за преиспишување и превреднување на ноторните историски дилеми низ алегорискиот клуч на современоста” .
Наводи
уредиПоврзано
уредиНадворешни врски
уреди- [ https://krajbrezje.mk/2020/10/17/dragi-mihajlovski-eden-od-najdobrite-sovremeni-makedonski-pisateli-i-preveduvachi/ Драги Михајловски – еден од најдобрите современи македонски писатели и преведувачи ]