Ѓон
Ѓон (турски: gön) – долен дел од чевелот обично изработен од кожа, гума и сл.[1]
Служи да го заштити стапалото од студ, топлина, нерамни површини, остри предмети и влијание на подлогата. Постојата различни видови ѓонови [2]:
- кожен ѓон – потемнува во контакт со сонце. Се користи за танцови обувки. Се аби при честа употреба и бара поправки и често се врши пенчетирање со гумени додатоци.
- гумен ѓон – флексибилен, водоотпорен и лесен за одржување.
- синтетички ѓон – свитлив, лесен за одржување, но лизгав.
- дрвен ѓон (налани и кломпи)
Постојат повеќе начини горниот дел на обувката да се поврзе со ѓонот: со лепење, шиење (кај свитлива најчесто куќни обувки) и со пресување (кај спортски обувки).[2]
Удобните обувки за носење најчесто имаат свитлив ѓон кој најдобро ги амортизира ударите на стапалото на подлогата и најдобро ги следи движењата на стапалото. Од друга страна, ако ѓонот е многу мек, тој дозволува претерани бочни движења кои со време може да предизвикаат кривење на стапалото кон внатре или нанадвор. Ѓоновите покажуваат како е одот. После неколку месеци носење одредени делови на ѓоновите се тенчат. Тие делови ги откриваат точките на газење и неправилностите во распоредот на тежината при одењето.[3]
Наводи
уреди- ↑ „ѓон“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ 2,0 2,1 „Материјали“. batashoes.rs. Архивирано од изворникот на 5 октомври 2014.
- ↑ Вера Бошковић. „Како препознати лоше ципеле“. politika.rs. Београд: Политика новине и Магазини д. о. о.
Надворешни врски
уреди„Ѓон“ на Ризницата ? |