Пеперуткарот
Пеперуткарот и на земја и на небо – македонски е збирка раскази од Драги Михајловски. Книгата е издадена во 2010 година во Македонија.[1]
Автор | Драги Михајловски |
---|---|
Земја | Македонија |
Јазик | македонски |
Жанр | раскази |
Издавач | Скопје : Каприкорнус, 2010 |
Издадена | 2010 |
Медиум | 165 стр. ; 20 см |
Страници | 165 стр. |
ISBN | 978-9989-715-28-0 |
Содржина
уреди„Пеперуткарот и на земја и на небо“ е книга со збирка раскази: „Човекот од Чаир на кого му дошол умот одкако станал ласица“, „Мажот што се нафатил да ја преведува од англиски на нашки приказната за најголемата риба на светот“, „Стариот што барал зефирна душа и што можеби е ја најде“, „Момчето аџамија што напишало книга и што било убедено оти ќе добие награда“, „Режисерот што од мирно седење го иштрикал Хамлет“, „Пишувачот што со божја помош ја измислил ангината за да си ја покрие некадарноста и некарактерноста“, „Двајца комшии, едниот многу серт и задрт“, „„Видение на Киро Докторот спроти празникор Преображение“, „Откровение на Миха Писмото кај Светицата близу село Гопеш“.
Книгата стилски се движи во една сосема цвтста и воедначена рамка, при што авторот најпозитивно го извлекува јазичниот и раскажувачкиот екстракт на Марко Цепенков, синтетизирајќи литературна постапка во која се чувствува шекспировскиот наратив и одредена фантастика и иронија која е поблиску до специфичен хумор својствен за Николај Гогољ. Споредбата е намерна и не е тенденциозна, туку е само еден вид патоказ преку кој се објаснува оригиналноста и универзалноста во творештвото на Драги Михајловски, кој што и во ова мошне специфична и значајна книга успева од „локалното“ сосема сигурно и брзвурозно да допре до планетарното литературно раскажување и стилски и творечки.