Нераспнати богови

Нераспнати боговимакедонски преводи од Драги Михајловски. Книгата е издадена во 1991 година во СР Македонија.[1]

Нераспнати богови
АвторДраги Михајловски
ЗемјаМакедонија Македонија
ЈазикМакедонија македонски
Жанрроман
ИздавачСкопје : Табернакул, 1991
Издадена
1991
Медиумпечатено издание, 20 mm
Страници113 стр. ; 20 см

Михајловски е исклучително плоден автор и преведувач. Неговите прозни дела се преведувани на англиски, германски, француски, руски, унгарски, српски, хрватски, словенечки, албански, турски, бугарски и други јазици. Досега ги објавил следните збирки раскази: Речно улиште , 1981; Ѓон , 1990; Скок со стап , 1994; Триполската капија , 1999; Раскази од шести кат , 2003; Пеперуткарот , 2009; збирката новели и раскази Глинениот човек , 2014; Раскази и споредбени коментари 2015; и уникатната комбинација на раскази и драми, Патот за рајот , 2017. Исто така, Михајловски ги има објавено и следните романи: Пророкот од Дискантрија , 2001; Смртта на дијакот ,2122002; Мојот Скендербеј , 2006; Бајазит и Оливера , 2009; Должници ,2014; Швајцарија на Балканите, 2015 и Бдеењето на Одисеј , 2018. Покрај збирките раскази и романите, Михајловски ги има објавено и следните две книги за деца: Волшебното котле и други бајки , 1995 и Сиромавиот и чучурлигата , 2000, како и двете студии од областа на преведувањето: Нераспнати богови , 1991 и Под Вавилон: задачата на преведувачот , 2002. Покрај тоа, Михајловски има преведено повеќе од 110,000 стихови, меѓу кои 37 драми и 154 сонети од Вилијам Шекспир, понатаму Загубениот рај од Џон Милтон, Беовулф од непознат автор како и проза од Тони Морисон, Кензабуро Ое И. Б. Вајт, Стојан Христов и други. Авторот Михајловски е наградуван со најпрестижните државни награди за своето книжевно творештво и преведувачка дејност. Неговата прва збирка раскази Речно улиште (1981) ја има добиено наградата за најдобра дебитантска книга на Книжевната младина на Македонија. За збирката раскази Скок со стап во 1994 година е нараден со „Рациновото признание“, кое е едно од највисоките книжевни признанија во државата. Двапати ја добива престижната награда „Стале Попов“ на ДПМ за најдобра прозна книга, и тоа во 200година за романот Смртта на дијакот , како и во 2006 година за романот Мојот Скендербеј . Исто така, Михајловски ги има добиено сите награди за книжевни преведувачи во Македонија. Во 1996 година ја добива наградата „Григор Прличев“ за препевот на епот Загубениот рај од Милтон, а во 2006 година наградата „Зимски саем на книгата“ за препевот на сите сонети од Шекспир, како и наградата „Кирил Пејчиновиќ“ во 2009 година за неговите многубројни препеви и пре- води на дела од англосаксонската книжевност на македонски јазик. Во 2013 година повторно ја добива престижната награда „Григор Прличев“ за препевот на Сите драми и сонети од Шекспир. Најпосле, ја има добиено и наградата „11 октомври“ за животно дело од областа на културата и уметноста. Тематската преокупација на прозното творештво на Михајловски е невројатно широка и разновидна, вклучувајќи го животот на самиот автор, кој понекогаш се испреплетува со животите на други автори, потоа најразлични актуелни состојби и настани, како и политички текстови и дискурси, современи и историски случувања, и алузии и фрагменти од македонската и од англиската книжевност, но и од други книжевности, како и фрагментирани библиски и истористи текстови и алузии и друго. Во прозата на Михајловски, животот на авторот може да се разбере како уште една специфична низа текстови кои го проткајуваат целиот негов творечки опус, почнувајќи од првата збирка раскази Речно улиште , па сè до последниот роман Бдеењето на Одисеј .

Содржина

уреди

Нераспнати богови – преводи на Драги Михајловски. Необична и оригинална книга во која Драги Михајловски, покрај преводите, се осврнува и со специфични авторски коментари. Опфатени се мошне значајни дела и нивните преводи:

  • Оскар Вајлд „Учителот“
  • Џ. Дан „Ајде Фати паѓалка sвезда“
  • Вилјем Блејк „Венчавката на рајот и пеколот“
  • С. Т. Колриџ „Кублај Кан“
  • В. Вордсворт „Повторната посета на Опатијата Тинтерн“
  • Џ. Китс „ Ода на грчката урна“
  • П. Б. Шели „ Ода на западниот ветер“
  • Џ.М. Хокинз „Шарена убавина“
  • Т. С, Елиот „Чиста среда“
  • Б. Расел „ Кошмарот на кралицата од Саба“

Насловот „ Нераспнати богови“ е авторски, на Драги Михајловски, кој што поаша од една литературна метафора, во која тврди дека Исус е распнат но и дека низ историјата се јавуваат редки личност кои оставаат трага духовна и творечка и кои во културолошка и цивилизациска смисла носат одредена божја искра – нераспнати богови...

Михајловски денес е еден од најнаградуваните, најанализираните, најомилените и најпреведуваните писатели во Македонија, но и пошироко. Ова секако се должи на неговиот привлечен и податлив за читателите прозен стил во кој е вградена народната раскажувачка традиција. Покрај стилот на авторот, треба да се истакне и книжевната вредност на прозното творештво на Михајловски кое е вонвременско, бидејќи најчесто може да се чита и како историски и како современ текст, а неретко и како предвидување за иднината. Покрај тоа што е апликативна за сите времиња, треба да се потенцира и тематската сеопфатност на прозата на Михајловски која е подеднакво привлечно четиво за сите генерации. Преку огромниот семан- тички потенцијал на своето творештвото, мајсторот на прозниот збор, Михајловски, постојано создава нови значења во имагинацијата на читателите. Затоа прозното творештво на Михајловски останува неисцрпен извор за нови креативни читања, критички осврти и толкувања од страна на читателите и книжевните критичари, а поттик и инспирација за младите писатели.

Наводи

уреди

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди