Смртта на дијакот
Смртта на дијакот – македонски роман од Драги Михајловски. Книгата е издадена во 2002 година во Македонија.[1]
Автор | Драги Михајловски |
---|---|
Земја | Македонија |
Јазик | македонски |
Жанр | роман |
Издавач | Скопје : Каприкорнус, 2002 |
Издадена | 2002 |
Медиум | печатено издание, 20 mm |
Страници | 189 |
ISBN | 9989-715-13-0 |
Содржина
уредиПри читањето на романот согледуваме дека во него имаме повеќе наратори кои раскажуваат од две гледни точки. Навидум раскажуваат монахот Равул и моќниот турски војсководец Тимурташ. Но, ова само ни се чини така, а вистината е сосема друга. При читањето на последното поглавје од романот откриваме дека ниту еден од двајцата наратори не се всушност наратори, туку сеприсутниот наратор е Велзевут, паднатиот ангел на земјата. Тоа е оној кој им ги зема душите на Равул и на Тимурташ, ги прави негови слуги и раководи, манипулира со нивните мисли. Тие, всушност, се само фокализатори, односно фокализатор 1 е Равул, а фокализатор 2 е Тимурташ затоа што преку нивните гледни точки се раскажуваат настаните.[2]
Романот Смртта на дијакот обработува тема од историјата на македонскиот народ од четиринаесеттиот век, со фокус на освојувањето на Битола од страна на Османлиите. Бидејќи нема пишани документи за овој историски настан, Михајловски своето вдахновение го црпи од народната усна традиција.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Драги Михајловски, стра 209 –222[мртва врска]
- ↑ Спаскова, Сања; Белчев, Толе. „Нараторите и фокализаторите во романот „Смртта на дијакот" од Драги Михајловски“. Годишен зборник на Филолошки факултет ‒ Штип. Штип: УГД. 6: 151–159. ISSN 1857-7059. Посетено на 30 јуни 2024.