ПроКредит банка АД - Скопје

ПроКредит банка АД Скопје специјализирана банка за бизнис, која мерено по големината на активата, се вбројува во групата на средни банки во Република Македонија.[1]. Седиштето на банката се наоѓа на адреса Бул. Јане Сандански 109а, 1000 Скопје. ПроКредит банка АД Скопје е дел од ПроКредит Групацијата.

Мисија уреди

ПроКредит Банка е развојно ориентирана банка со широк спектар на банкарски услуги. Во нејзиното кредитно работење се фокусира на кредитирање на многу мали, мали и средни претпријатија за кои верува дека создаваат најголем број работни места и кои даваат витален придонес во економијата во рамките на дејноста во која работат.

За разлика од другите банки, ПроКредит банка не промовира потрошувачки кредити. Наместо тоа, таа се фокусира на одговорно банкарство преку градење на култура на штедење и долгорочно партнерство со нејзините клиенти. ПроКредит банка инвестира значително во обука на своите вработени со цел да создаде пријатна и ефикасна работна атмосфера и да овозможи и најстручна и висококвалитетна услуга за нејзините клиенти. Акционери на ПроКредит банка можат да очекуваат сигурно враќање на инвестициите низ подолг временски период.[2]

Деловна етика уреди

Дел од мисијата на ПроКредит Групацијата е утврдување на стандарди во финансиските сектори во кои работи. Целта на ПроКредит банка е да придонесе не само во поглед на целните групи што ги опслужува и квалитетот на финансиските услуги што ги обезбедува, туку да придонесе и во поглед на деловната етика. Нејзините корпоративни вредност играат клучна улога во таа насока. ПроКредит банка дефинира шест суштински принципи на коишто се потпира нејзиното работење:[3]

  • Тарнспарентност
  • Култура на отворена комуникација
  • Општествена одговорност и толеранција
  • Услужна ориентираност
  • Високи професионални стандарди
  • Висок степен на личен интегритет и посветеност

Финансиски активности кои ги врши ПроКредит банка уреди

  • Прибирање на депозити и други повратни извори на средства;
  • Кредитирање во земјата;
  • Кредитирање во странство;
  • Издавање и администрирање на платежни средства;
  • Менувачки работи;
  • Платен промет во земјата и странство вклучувајќи и купопродажба на девизи;
  • Издавање на платежни гаранции и други форми на обезбедување;
  • Тргување со инструменти на пазарот на пари (меѓубанкарски трансакции со депозити и трансакции со

благајнички и државни записи на пазар преку шалтер)

  • Тргување со девизни средства;
  • Тргување со хартии од вредност (државни и благајнички записи) и
  • Обработка и анализа на информации за кредитна способност на правни лица.[4]

Сопственичка структура уреди

ПроКредит Банка е основана како акционерско друштво. Доминантно учество во сопственоста на ПроКредит банка АД со 87,5% има ПроКредит Холдинг, останатите 12,5% се во сопственост на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД).

Текст на наслов Почетен капитал во EUR Број на акции Процент на капитал
ПроКредит Холдинг 10.313.410 2.062.682 87,5%
ЕБРД 1.473.345 294.669 12,5%
Вкупно 11.786.755 2.357.351 100%

Заклучно со 31 декември 2012 година, ПроКредит банка имала издадено вкупно 2.357.351 акција со номинална вредност од 11.786.755 евра (номиналната вредност по акција е 5 евра).[5]

Организациска структура уреди

Највисок орган на управувањето во ПроКредит банка е Надзорниот одбор кој се состои од 5 члена:

  • Хелен Александер
  • Јана Сивкова
  • Урлике Ласман
  • Адалберт Винклер
  • Борислав Костадинов

Со секојдневното работење на банката раководи Управниот одбор кој се состои од 3 члена:

  • Јованка Јолеска Попоска
  • Валентина Трајчева Никовска
  • Емилија Спировска

Исто така, Управниот одбор го организира и контролира работењето на поголем број организациски единици:

  • Дивизија за финансии;
  • Дивизија за мали и средни претпријатија;
  • Дивизија за човечки ресурси и обука;
  • Дивизија за физички лица;
  • Дивизија за многу мали и агро бизниси;
  • Дивизија за кредитен ризик.[6]

Мрежа на експозитури уреди

ПорКредит банка има 35 свој експозитури во 13 градови ширум Македонија: Гостивар, Тетово, Скопје, Куманово, Кочани, Штип, Велес, Прилеп, Струмица, Кавадарци, Струга, Охрид и Битола.[7]

Финансиски показатели уреди

Врз основа на ревидираните финансиски извештаи, подготвени во согласност со Методологијата пропишана од Народната банка на Република Македонија, во текот на 2012 година, ПроКредит банка ги остварил следниве финансиски резултати од работењето:[8]

Биланс на состојба и успех EUR'000
Вкупно средства 244 779
Нето кредитно портфолио 179 804
Акционерски капитал 22 286
Нето добивка 2 607
Основни коефициенти
Поврат на капитал 13,4%
Капитална адекватност 12,9%
Нефункционални кредити 2,7%
Статистика за работењето
Број на клиенти 89 393
Број на кредити во тековно кредитно портфолио 22 756
Број на депозитни сметки 113 615
Број на вработени 424

Надворешни врски уреди

Извори уреди

  1. „Народна банка на Република Македонија - официјално мрежно место“. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2013-11-26.
  2. „ПроКредит банка - мисија“. Архивирано од изворникот на 2014-02-08. Посетено на 2013-11-26.
  3. „ПроКредит банка - деловна етика“. Архивирано од изворникот на 2014-02-08. Посетено на 2013-11-26.
  4. „ПроКредит банка“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-04. Посетено на 2013-11-26.
  5. „ПроКредит банка - акционери“. Архивирано од изворникот на 2014-02-08. Посетено на 2013-11-26.
  6. „ПроКредит банка - извештаи и податоци“. Архивирано од изворникот на 2014-02-08. Посетено на 2013-11-26.
  7. „ПроКредит банка - експозитури“. Архивирано од изворникот на 2014-02-08. Посетено на 2013-11-26.
  8. „ПроКредит банка, Годишен извештај 2012“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-08-16. Посетено на 2013-11-26.