Принцезата Мононоке
Грешка во Lua во Модул:Lang, ред 1670: attempt to index field 'engvar_sel_t' (a nil value) — јапонски анимиран, долгометражен филм, напишан и режиран од Хајао Мијазаки. Филмот бил првпат издаден во Јапонија на 12 јули 1997 година, а премиерата во САД била одржана на 29 октомври 1999 година. Филмот трае 134 минути и е снимен во колор-техника, со 35-милиметарска камера.
„Принцезата Мононоке“ | |
---|---|
Режисер | Хајао Мијазаки |
Продуцент | Тошио Сузуки |
Сценарист | Хајао Мијазаки |
Главни улоги | Јоџи Мацуда Јурико Ишида Јуко Танака Каору Кобајаши |
Музика | Џо Хисаиши |
Кинематографија | Ацуши Окуи |
Монтажа | Такеши Сејама |
Студио | Студио Гибли |
Премиера | јули 12 1997 |
Времетраење | 134 минути |
Земја | Јапонија |
Јазик | Јапонски |
Буџет | ¥2,135,666,804.93 ($23.5 million) |
Бруто заработка | ¥14,487,325,138.75 ($159,375,308) |
„Принцезата Мононоке“ („Мононоке (物の怪)“ не е име, туку општ израз во јапонскиот јазик за дух или чудовиште) е драма која се одвива во Јапонија, во доцниот период Муромачи, со голем број на фантастични елементи. Приказната се концентрира на вмешувањето на Ашитака во борбата меѓу натприродните чувари на шумата и луѓето од Татараба кои ги трошат природните богатства на шумата. „Мононоке“ бил филм со најголема заработувачка во Јапонија, сè додека неколку месеци подоцна не бил надминат од филмот „Титаник“.
Приказна
уредиФилмот претставува приказна за Ашитака, принц на древното племе Емиши, кого во борбата со подивен животински бог го снаоѓа проклетство. Тоа му овозможува натприродна моќ, но истовремено му носи сигурна смрт. Во потрага по изворот и лекот за своето проклетство, Ашитака го напушта своето село и тргнува на пат на далечниот Запад, каде се соочува со темната страна на „цивилизацијата“.
Во шумата на Шишигами, покрај гигантските шумски ѕверови, Ашитака го открива присуството на човечко девојче, Сан, која е посвоена и одгледана од волците. Селаните од Татараба ја нарекуваат „Принцезата Мононоке“.
По нивната кратка средба, Ашитака е заинтригиран да дознае повеќе за Сан. Иако ги мрази луѓето, Сан одлучува да му помогне на Ашитака. Принцот веќе не е затапен, мислејќи дека го чека сигурна смрт, туку по средбата со Сан, тој открива нова причина за борба и живот. Двајцата успеваат да ги повратат шумата, надежда и желбата за живот. Тоа е и главната тема на филмот, волја за живот покрај сите тешкотии, бидејќи без оглед на тоа колку лошо работите изгледаат, сè додека жвиееме, можеме да се обидеме да ги смениме кон подобро.[1]
Ликови
уредиАшитака e 18-годишно момче, последниот принц на Емиши, племе кое било изгонето од западна Јапонија. Тој е храбар, сочувствителен и бестрашен. Има силно чувство за морал. Одличен е со лак и стрела, вештина која ја користи често, но секогаш во самоодобрана. Свршен е со Каја со која би морале да се венчат. Неа ја нарекува „мала сестра“, но тоа е само заради искажување почит.
Сан е млада принцеза-воин. Таа е лута e и насилна кон луѓето, но пријателски настроена и разумна со животните. Уште како доенче, таа била напуштена од нејзините човечки родители и израсната од Моро, божица на волците. Безусловно ги мрази луѓето и се смета себеси за волк. Честопати е напаѓала човечки каравани и тврдината на Лејди Ебоши за производство на железо. Особено е насилна кон Лејди Ебоши.
Лејди Ебоши Гозен е раководителката на Татараба. Лејди Ебоши дошла во Татараба кога владеела војна меѓу жителите на селото и дивата свиња, богот Наго. За да победи во оваа војна, Ебоши користела новоизумени пушки и на тој начин си го придобила местото на водач на Татараба. Како таква, таа им дозволила на поранешните проститутки и лепрозните да работат во Татараба. Ебоши е харизматична, обично пријателски настроена, и гостољубива. Своите задачи ги извршува на практичен и деловен начин, било да е тоа продажба на железо, одбрана на Татараба од самураите или борба со меч.
Џико Боу е човек кој тврди дека е монах. Џико е мал и дебел, поради што не изгледа застрашувачки, но очигледно знае многу за светот. Малку е алчен, хумористичен и мистериозен.
Токи е поранешна проститутка која живее во Татараба. Омажена е за Короку. Токи ја презема улогата на водач кога Лејид Ебпши и Гонза се отсутни.
Гонза е командант на стражарите во Татараба и личен телохранител на Лејди Ебоши.
Музика
уредиМузиката за филмот е компонирана и изведена од страна на Џо Хисаиши - стандардниот композитор на речиси сите филмови режирани од Мијазаки, а текстовите на двете песни („The Tatara Women Work Song“ и насловната песна) се напишани од Мијазаки. Музиката е изведена од „Филхармонискиот оркестар на Токио (Tokyo City Philharmonic Orchestra)“ и диригирана од Хироши Кумагаи. Во Јапонија, албумот со филмската музика бил издаден две недели пред официјалната премиера на филмот. Насловната песна „Принцезата Мононоке“ е испеана од јапонскиот контра-тенор Јошиказу Мера.
Во 2008 година, Џо Хисаиши одржал концерт во Будокан, изведувајќи сите свои песни компонирани за филмовите на Мијазаки. Во 2009 година, концертот бил издаден на ДВД, со наслов „久石譲 in 武道館 ~宮崎アニメと共に歩んだ25年間~“ (Џо Хисаиши во Будокан - 25 години со филмовите на Мијазаки). За крај на концертот била изведена песната „Ашитака и Сан“ која за разлика од официјалното ЦД, овојпат имала текст.
Настапуваат
уреди- Ашитака - Yōji Matsuda (Јапонски), Billy Crudup (Англиски)
- Сан - Yuriko Ishida (Јапонски), Claire Danes (Англиски)
- Моро - Akihiro Miwa (Јапонски), Gillian Anderson (Англиски)
- Лејди Ебоши - Yūko Tanaka (Јапонски), Minnie Driver (Англиски)
- Џико Бо - Kaoru Kobayashi (Јапонски), Billy Bob Thornton (Англиски)
- Токи - Sumi Shimamoto (Јапонски), Jada Pinkett Smith (Англиски)
- Окотонуши - Hisaya Morishige (Јапонски), Keith David (Англиски)
- Гонза - Tsunehiko Kamijō (Јапонски), John DiMaggio (Англиски)
- Короку - Masahiko Nishimura (Јапонски), John DeMita (Англиски)
- Каја - Yuriko Ishida (Јапонски), Tara Strong (Англиски)
- Татараба жени - Takako Fuji и Ikuko Yamamoto (Јапонски), Sherry Lynn и Tress MacNeille (Англиски)
Наводи
уреди- ↑ „Принцезата Мононоке“, Програма февруари 2015, Кинотека на Македонија.