Титаник (филм)
Титаник (англиски: Titanic) — американски љубовен филм режиран и напишан од Џејмс Камерон во 1997 година. Дејството на филмот се одвива за време на патувањето и бродоломот на познатиот патнички брод Титаник. Ова е еден од најскапите филмови на сите времиња, а исто така го држи рекордот по број на освоени Оскари со 11 и рекордот во најголема заработка на киноблагајните во светот.[1]
„Титаник Titanic“ | |
---|---|
Плакатот на македонски | |
Режисер | Џејмс Камерон |
Сценарист | Џејмс Камерон |
Главни улоги | Кејт Винслет Леонардо ДиКаприо Били Зејн Францес Фишер Кети Бејтс |
Жанр | драма, романтика |
Музика | Џејмс Хорнер |
Дистрибутер | 20th Century Fox |
Премиера | 19 декември 1997 САД |
Времетраење | 194 мин. |
Земја | САД |
Јазик |
|
Буџет | $200,000,000 |
Бруто заработка | $1,845,034,188 |
Главните улоги во филмот ги глумат Леонардо ДиКаприо како сиромашниот човек по име Џек Давсон, кој еден ден на игра со карти ќе добие карта за трета класа за патување на бродот Титаник. И Кејт Винслет како младата девојка Роуз Девит Букатер, која е свршена со богат маж. Набргу по запознавањето, овие двајца ќе се вљубат, но подоцна потонувањето на бродот ќе ги раздели засекогаш.
Производството на филмот започнало дури во 1995 година, кога Камерон успеал да ги сними првоначалните остатоци од бродот Титаник. Подоцна тој ја развил љубовната приказна и започнал со снимањето. Камерон изградил реконструкција на бродот за публиката да може потполно да го доживее патувањето, а за потонувањето искористи макети на бродот и компјутерски ефекти. Во тоа време, „Титаник“ станал најскапиот снимен филм, а големата сума од приближно 200 милиони американски долари била финансирана од продуцентските куќи Paramount Pictures и 20th Century Fox.
Приказна
уредиВо 1996, ловецот на богатства, Брок Ловет и неговата екипа ги истражуваат остатоците на потонатиот брод Титаник, и се во потрага за дијамантната орглица „Срцето на океанот“. Но во текот на првата експедиција, не успеваат да го пронајдат дијамантот туку една папка со рачно цртани портрети во која се наоѓа цртеж на млада, гола жена што ја носи споменатата огрлица, насликан точно на денот кога е потонат Титаник. Веста за пронаоѓањето на цртежот наското доаѓа и до медиумите и привлекува внимание на Роуз Калверт, 100-годишна жена, која тврди дека таа е девојката од цртежот. Таа и нејзината внука Лизи доаѓаат во посета на Брок на бродот и Роуз почнува да се присетува на патувањето што ѝ го променило животот.
1912, Роуз Девит Букатер заедно со својата мајка Рут и свршеникот Каледон „Кал“ Хоклеј, заминуваат на Титаник како припадници на првата класа. Разочарана поради свршувачката со Кал и неговата обземеност постојано да ѝ го контролира животот, Роуз се обидува да се самоубие, но ја спасува Џек Девсон, млад и сиромашен уметник. Тие двајца на почетокот развиваат пријателски однос, но се завршува како вистинска љубовна и страстена врска. Кал дознава дека Роуз се дружи со Џек, и ѝ забранува да се гледа со него.
Напоредно, Џек и Роуз се наоѓаат, и тој ѝ вели дека чувствува нешто кон неа, на што таа се преплашува, бидејќи е свршена за друг човек, и го одбива Џек. Но сепак, Роуз подоцна му го понудува своето срце на Џек, отворајќи пат на забранета љубов. Џек ја замолува Роуз да ја наслика на двосед, носејќи го на себе само скапоцената огрлица „Срцето на океанот“. Слугата на Кал, Спајсер Ловеј започнува да ги брка Џек и Роуз, но тие успеваат да избегаат и се упатуваат кон паркиралиштето за автомобили на бродот, каде во еден автомобил водат љубов. Роуз одлучува дека после, кога бродот ќе исплива во пристаништето во Њујорк, ќе побегне со него. Но набргу потоа, бродот се судира со голема санта мраз. Кал во меѓувреме го открива цртежот на Роуз, и се заколнува дека ќе му се одмазди на Џек, така што го остава накитот во капутот на Џек, додека овој не обрнува внимание.
Џек ќе биде однесен во кабината во која бродскиот полицаец го носи во ќелија, и го остава со Спајсер. Неодлучната Роуз најпосле го напушта Кал, и одбива да влезе во чамецот за спасување со Рут, и заминува да го спаси Џек. Роуз успева да го пронајде Џек, и го спасува од ќелијата, и тие двајца заминуваат на палубата на бродот. Но октриваат дека екипата на бродот не пушта луѓе од третата класа на палубата сè додека прво не ги спасат луѓето од првата и втората класа. Џек во бес ја крши вратата, и така тој, Роуз и уште неколку луѓе успеваат да побегнат. Кал и Џек успеваат да ја довлечат Роуз во чамецот за спасување, но бидејќи сфаќа дека може да го изгуби Џек, таа излегува од чамецот и го сретнува Џек покрај скалите за првата класа. Бесен, Кал го зема пиштолот на Ловеј и ги грабнува Џек и Роуз во просториите во бродот. После што му исчезнува муниција, Кал им поскаува смрт на Џек и Роуз, и набргу сфаќа дека го оставил накитот во својот капут, кој го носи Роуз. Кал оди на палубата и дознава дека има само уште два чамци за спасување, и зема едно расплакано дете што го пронашол на палубата, и влегува во еден од чамците. Роуз и Џек сфаќаат дека чамците за спасување веќе ги нема, и одлучуваат да останат во бродот сè додека не потоне. Напоредно, бродот се препловува на половина, и почнува последната битка, во која бродот и сите останати на него, потонуваат во ледено ладната вода на океанот.
Џек и Роуз се разделуваат во мигот на потонувањето на другата половина на бродот, но успеваат да се сретнат. Околу нив, илјадници луѓе замрзнати умираат од мраз. Во еден чамец за спасување, Маргарет „Молу“ Браун ги гледа двајцата и му вели на возачот да се врати да ги спаси и другите луѓе, но тој одбива бидејќи ќе потонат нивните чамци. Џек и Роуз во меѓувреме во ладните води на Атлантикот се борат за живот. Џек ѝ ветува на Роуз дека таа ќе преживее и дека ќе доживее долг живот, исполнет со среќа. Во мигот кога еден од возачите доаѓа да ги провери луѓето што останале во морето по потонувањето на бродот, Роуз се обидува да го пробуди Џек, но сфаќа дека тој умрел од студ. Во тој миг, Роуз губи надеж и одлучува да умре заедно со Џек, но се сетува на ветувањето што ѝ го кажа Џек, и Роуз се одлучува и ја пушта раката на Џек, и тој потонува во длабочината на океанот. Роуз конечно е спасена заедно со уште петмина луѓе од водата, и сите преживуваат и заминуваат на бродот Карпатија. На палубата на Карпатија, Роуз го приметува Кал. Кога тој погледнува во неа, таа се завртува и тој заминува. Тоа било последниот пат кога таа го видела Кал жив. Доаѓањето на Њујорк, Роуз на бродот Карпатија се регистрирала под името „Роуз Девсон“.
Наводи
уреди- ↑ „Titanic | film by Cameron [1997]“. Encyclopedia Britannica (англиски). Посетено на 2021-08-21.
Надворепни врски
уреди„Титаник (филм)“ на Ризницата ? |
- Titanic на филмската база TCM
|group11 = 2020-ти |list11 = Земја на номадите (2020) • CODA (2021) • Сè насекаде одеднаш (2022) }} </noinclude>