Предминато време во македонскиот јазик

Предминато време (плусквамперфект) — едно од сложените глаголски форми со кои се служи македонскиот јазик. Самото име означува и покажува за какво граматичко време се работи, односно со ова време се означува минато дејство кое се случило пред друго минато дејство. Предминатото време се образува со сум конструкција и со глаголска л-форма.

Македонски глаголски форми
Буква глагол на глаголица.
Општо


Прости глаголски форми
Сложени глаголски форми
Поврзано

Образување

уреди

Формите на предминатото време во македонскиот јазик се образуваат со употреба на сум конструкцијата во минато определено несвршено време и со глаголската л-форма која најчесто е од свршен глагол. За полесен преглед на формите на глаголите следува табеларен приказ на три сменети глаголи по лица[1].

прочита прати излезе
Јас бев прочитал бев пратил бев излегол
Ти беше прочитал беше пратил беше излегол
Тој, таа, тоа беше прочитал (а)* беше пратил (а)* беше излегол (излегла)*
Ние бевме прочитале бевме пратиле бевме излегле
Вие бевте прочитале бевте пратиле бевте излегле
Тие беа прочитале беа пратиле беа излегле
* - форма за женски род.

Употреба

уреди
 
Графички приказ на предминатото време. Во црвено е првото минато дејство, а во зелено второто минато дејство.

Ова сложено глаголско време означува дејство што се случило пред друго дејство во минатото.[1]

пр: Кога ги побаравме, тие веќе беа изглегле од дома.

Иако има и други значења надвор од основното значење, предминатото време во современиот македонски јазик има многу поограничена употреба во споредба со останатите македонски глаголски времиња и начински форми. Ова време го истиснуваат минатото неопределено или определено време и конструкциите со глаголска придавка, посебно кога се употребуваат без сопоставување со друго минато дејство. Така реченицата Беше се облекол како за на свадба може да се искаже и како Беше облечен / се имаше облечено/ се облекол како за на свадба.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Стојка Бојковска, Димитар Пандев, Лилјана Минова - Ѓуркова, Живко Цветковски (2001). Македонски јазик за средно образование. Скопје: Просветно Дело АД. стр. 127 и 128. Недостасува |author1= (help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди