My Chemical Romance

американска музичка група

My Chemical Romance (обично скратено како MCR или My Chem ) ― американски рок бенд од Њуарк, Њу Џерси. Сегашни членови на групата се: пејачот Џерард Веј, главниот гитарист Реј Торо, ритам гитаристот Френк Иеро и басистот Мајки Веј. Тие се сметаат за една од највлијателните рок групи во 2000-тите и се меѓу најпопуларните изведувачи во поп-панкот и емо жанрот.[1]

My Chemical Romance
My Chemical Romance во Оклахома Сити, 2022 година.
Од лево кон десно: Мајки Веј, Френк Иеро, Џерард Веј, Реј Торо, Џерод Александар и Џејми Мухоберак.
Животописни податоци
ПотеклоЊуарк, Њу Џерси , САД
Жанрови
Период на активност
  • 2001–2013
  • 2019–денес
Издавачи
Мреж. местоmychemicalromance.com

Историја на групата

уреди

Групата била основана во септември 2001 година од Џерард, Мајки, Торо и тапанарот Мет Пелисиер (а подоцна им се придружил Ијеро). Групата потпишала договор со Eyeball Records и го издадала нивниот прв албум, I Brought You My Bullets, You Brought Me Your Love, во 2002 година. Следната година потпишале со Reprise Records и во 2004 година го објавиле првиот албум со новата издавачка куќа, Three Cheers for Sweet Revenge. По објавувањето на албумот, Пелисиер бил заменет со Боб Брајар. Албумот добро се продавал, и по година дена добил платинест статус.

Во 2006 година ја објавиле рок-операта The Black Parade, концептуален албум кој со својот успех ги засенил претходните изданија на групата. Голем успех во продажбата имал и неговиот водечки сингл "Welcome to the Black Parade" кој се нашол на прво место на топ листите во Обединетото Кралство.

Четвртиот студиски албум на групата, Danger Days: The True Lives of the Fabulous Killjoys, бил објавен во 2010. Брајар ја напуштил групата пред објавување на албумот, а во 2012 како клавијатурист за турнеи им се придрушил Џејмс Дивис. Во 2012 и 2013, под заедничко име Conventional Weapons, групата објавила низа синглови кои биле снимени во 2009. На 22 март 2013 година, My Chemical Romance го објавиле распуштањето на групата.[2] Во 2014, бил објавен албум со најголеми хитови насловен како May Death Never Stop You,[3] а во 2016 по повод десетгодишнината од објавувањето бил реиздаден албумот Тhe Black Parade.

На 31 октомври 2019 година, групата најавила концерт за повторно обединување, кое се одржало на 20 декември 2019 година во Лос Анџелес. Во јануари 2020 година, тие најавиле дополнителни концерти и турнеи, кои започнале во 2022 година по двегодишно одложување поради COVID-19 пандемијата и завршиле на почетокот од 2023 година.

Членови на групата

уреди

Сегашни членови

  • Џерард Веј – водечки вокал (2001–2013, 2019–сега)
  • Реј Торо – главна гитара, придружен вокал (2001–2013, 2019–денес); ритам гитара (2001–2002)
  • Мајки Веј – бас гитара (2001–2013, 2019–сега)
  • Френк Ијеро – ритам гитара, придружни вокали (2002–2013, 2019–сега)

Поранешни членови

  • Мет Пелисиер – тапани, перкусии (2001–2004)
  • Боб Брајар – тапани, перкусии (2004–2010)
  • Џејмс Дивис – клавијатури, перкусии, придружни вокали (2012–2013; турнеја 2007–2012)

Времеплов

Дискографија

уреди

Студиски албуми

  • I Brought You My Bullets, You Brought Me Your Love (2002)
  • Three Cheers for Sweet Revenge (2004)
  • The Black Parade (2006)
  • Danger Days: The True Lives of the Fabulous Killjoys (2010)

Наводи

уреди
  1. Празен навод (help)
  2. „News | My Chemical Romance“. Архивирано од изворникот на July 9, 2013. Посетено на July 27, 2014.
  3. „My Chemical Romance Announce Details on Greatest Hits, May Death Never Stop You“. Kerrang.com. Архивирано од изворникот на December 19, 2013. Посетено на November 14, 2022.

Надворешни врски

уреди