„Thriller“ е шестиот студиски албум на американскиот пејач Мајкл Џексон. Албумот го објави Епик рекордс на 30 ноември 1982 година после критичкиот и комерцијално успешен албум на Џексон „Off the Wall“.

„Thriller“
Студиски албум од Мајкл Џексон
Издаденноември 30 1982 (1982-11-30)
СнименАприл 14 – Ноември 8, 1982 во Вестлејк рекординг студио
Жанрпоп, Р&Б, рап, рок, фанк
Траење42:19
Издавачка куќаЕпик рекордс
EK-38112
ПродуцентКвинси Џонс
Мајкл Џексон (ко-продуцер)
Мајкл Џексон — Хронологија
„E.T. the Extra-Terrestrial“
(1982)
„Thriller“
(1982)
„Farewell My Summer Love“
(1984)
Издадени песни од Thriller
  1. "The Girl Is Mine"
    Издадена: 18 октомври 1982
  2. "Billie Jean"
    Издадена: 3 јануари 1983
  3. "Beat It"
    Издадена: 14 февруари 1983
  4. "Wanna Be Startin' Somethin'"
    Издадена: 8 мај 1983
  5. "Human Nature"
    Издадена: 3 јули 1983
  6. "P.Y.T. (Pretty Young Thing)"
    Издадена: 19 септември 1983
  7. "Thriller"
    Издадена: 23 јануари 1984

Во албумот „Thriller“ ги има следниве жанрови: поп, соул, ритам и блуз, рок и други. Со продукциски буџет од 750 илјади долари, снимање на материјалот траело од април од ноември 1982 година во студиото „Вестлејк рекординг студио“ во Лос Анџелес, Калифорнија. Со асистенција на продуцентот Квинси Џонс, Џексон напишал четири од девет песни кои се нашле на конечното издание. За само една година, „Thriller“ постана најпродаваниот албум на сите времиња со проценка од 65 до 110 милиони продадени копии. Во Соединетите Американски Држави го дели првото место со „Their Greatest Hits (1971-1975)“ компилација на најголемите хитови на бендот Иглс во списокот на најпродавани албуми на сите времиња. Седум песни се издадени како синглови и сите влегле меѓу првите десет на топ-листата „Билборд хот 100“. „Thriller“ освои седум рекордни Греми Награди 1984.

„Thriller“ го постави Џексон меѓу доминантните поп звезди на крајот од 20 век и му овозможи да ги сруши расните бариери. Еден е од првите албуми кои ги користеле спотовите како успешни промотивни алатки. Спотовите на песните „Thriller“, „Billie Jean“ и „Beat It“ редовно се прикажуваат на Музичката телевизија. Во 2001 година издадена е специјална едиција на албумот која содржи аудио интервјуа, демо снимка и наградената песна од страна на Греми „Someone in the Dark“. Албумот е повторно издаден во 2008 година, како „Thriller 25“, и на албумот се наоѓаат ремикси, необјавени материјали и ДВД.

„Thriller“ го зазема дваесеттото место на листата „500 најдобри албуми на сите времиња“ кој ја објави магазинот Ролинг стоун 2003 година и третото место на листата „Дефенитивно 200 најдобри албуми на сите времиња“. Албумот се чува во Конгресната библиотека со опис дека е културно претпознатлив.