Плутар
Плутар | |
---|---|
Гранка со листови и желади, ботаничка илустрација | |
Научна класификација | |
Царство: | Plantae |
Колено: | Magnoliophyta |
Класа: | Magnoliopsida |
Ред: | Fagales |
Семејство: | Fagaceae |
Род: | Quercus |
Отсек: | Cerris |
Вид: | Q. suber |
Научен назив | |
Quercus suber -{L.}- | |
Ареал на распространетост на плутарот | |
Синоними[1] | |
Список
|
Плутар (латински: Quercus suber) – средно високо, зимзелено дрво од родот дабови, со потекло од Средоземјето. Во земјите на потекло тој е значаен индустриски вид за производство на плута.
Распространетост
уредиПлутарот како самоник расте во средишниот и западниот дел на Средоземјето (Сардинија, Сицилија, Италија, Португалија, Шпанија. јужна Франција, Алжир, Тунис, Мароко), како и на атлантските брегови на Африка. Како одгледуван вид се јавува во Грција, Албанија, Турција, како и долж хрватскиот брег.[2] Најмногу плутари во Хрватска има кај Пула во Истра, каде се одомаќинил и се размножува независно од влијанието на човекот, а поедини стебла растат и во шумите на островите Раб, Корчула и Млет.[3]
Опис
уредиПлутарот достигнува висина од 15 м, а ретко до 20 м. Стеблото е снажно, искривено, со обем од 4 до 5 м. Крошната е широка, несиметрична, едногодишните гранчиња се тенки и густо влакнести. Кората на стеблото е светла, густо испукана, со црвенкава боја од внатре.[4] На деблу се ствара врло дебела мртва кора − природна плута.[2]
Листовите се зимзелени, наизменично распоредени на гранката. Обликот им е варијабилен, од јајчест до издолжен, долги до 5 см, а широки 1 до 4,5 см. Ободот им е назабен, со 3 до 7 пара многу шилести запци. Кожести се, на лице темнозелени и мазни, а на наличје сивкаво влакнести и меки.[2][4]
Цветовите се еднополни, машките собрани во висечки реси, а женските 2 до 5 заедно, во исправени класести сосветија. Цвета во периодот април-мај.[4] Плодот ее желад долг 2 до 4,5 см, а широк до 1,8 см. Купулата е голема, прекриена со сиви, влакнести лушпи. При основата лушпите се овални и налегнати, а горните тесни и свиени кон желадот.[2]
-
Кора на стеблото
-
Лист
-
Лице и наличје на листот
-
Плод - желад
Живеалиште
уредиПлутарот расте на топли и суви живеалишта, на места изложени на сонце, иако поднесува и полусенка. Најдобро расте во области со ладни и влажни зими и топли лета. Обично се наоѓа на 300 до 600 м надморска висина, но може да се најде и на 1000 м. Му годат песокливи и глинести, кисели земјишта, настанати на силикат. Отпорен е на налети на ветер, но не трпи изложеност на ветрови кои дуваат од море.[5] Се јавува во шумски заедници со листопадни видови дабови, средоземни видови борови, маслини, потоа во макии и на пасишта.[6]
Се размножува со семе.[4] Овој вид е долговочен и може да доживее до 300 години.[2] Расте споро.[6]
Ризици и заштита
уредиЖивеалиштата на плутарите се сè повеќе загрозени, главно заради човечката активност – интензивирање на земјоделието и невнимателно предизвикување шумски пожари. Шумите плутари се заштитени од страна на Европска УнијаЕвропската Унија како многу важни за зачувување на биоразновидноста. Стеблата плутари во Португалија не смее легално да се сечат, освен за стари, непродуктивни стебла.[6] Со оглед дека денес плутата најмногу се користи за изработка на затки за шишиња, еден од ризиците може да биде сè помасовната употреба на алтернативни материјали, што би довело до пад на интересот на одгледувачите на овој вид, па со самото тоа и човечката грижа за плутарите.[7]
Употреба
уредиОсновна вредност на плутарот е дебелата мртва кора која се создава на стеблото од која, со отстранување од стеблоте, се добива плута.[4] Уште Старите Римјани ја ваделе плутата од стеблата на дабовите плутари и од неа правеле сандали, како и за пловки на рибарските мрежи.[6]
Кората се вади на секои десетина години, колку што е потребно стеблото да ја обнови. На младите стебла се создава првата плута која не се користи (машка плута − liège mâle), а со нејзино отстранување се создава нова плута која се користи и експлоатира (женска плута − liège femelle).[2] Првите две „берби” даваат плута со послаб квалитет. По отстранувањето на плутата останува голо стебло со карактеристична ‘рѓавкаво црвена боја.[4] Создавањето на плута кај младите стебла почнува од третата година, а дебелината на плута нагло станува сè поголема и достигнува дебелина од околу 3 см. Првото вадење на кората може да се врши кога единката достигне старост од 25 години.[6] Површината на плутата на стеблата од кои редовно се вади е мазна (женска плута), додека на стеблата од кои не се вади е брановите (машка плута).[3] При вадењето на кората мора внимателно да се работи за да не се оштети стеблото. Од едно големо стебло може да се извади и до 1 тон плута.[5]
Дабовите плутари претставуваат клучен извор на приходи за илјадници луѓе, а со оглед дека плутата после вадењето се обновува, па самото растение ни во еден момент не е загрозено, комерцијалната експлоатација на плутарите, од гледна точка на зачувување на човековата околина, е сосема прифатлива. Најголем светски произведувач на плута е Португалија и 50% од плутата во светот се произведува токму таму.[6] Воедно плутата е и најважниот шумски производ на оваа средоземна земја.[7]
Останати употреби
уредиВо време на немаштија и глад и желадите од плутарите, како и желадите од многу други видови дабови, се користеле како храна. Се употребувале како варило или се сушеле и мелеле во прав. Вака сомелени се додавале на житарки и од добиеното брашно се правел леб. Со оглед дека желадите на плутарите содржат танин, кој има исклучително горок вкус, ги потопувале во проточна вода, за да се измие танинот. За жал, со ова плакнење се губела и значителна количина други корисни состојки. Традиционален начин на подготовка на желади било да се закопаат во мочуришна земја во текот на зимата. Прортените желади, кои се откопуваат напролет, го губат најголемиот дел од горкоста. Пржените желади може да се користат како замена за кафе.[5]
Во земјите на потекло и во соодветните климатски зони ширум светот плутарот се користи и како украсно дрво.[8]
-
Слоеви плута на стеблото
-
Попречен пресек на стеблото
-
Собирање плута
Занимливости
уреди- Шумите плутари во автохтони живеалишта претставуваат шумски заедници кои според биолошката разновидност се меѓу најбогатите во светот. Меѓу видовите кои ги населуваат овие шуми се многу ендемски растенија и загрозени видови животни како што се пиринејскиот рис, адалбертовиот орел и симболот на Магреб – берберскиот елен.[7]
- Дабот плутар во Португалија расте веќе 10 милиони години, но се одгледува и култивира во последните 300 години.[9]
Наводи
уреди- ↑ The Plant List, Quercus suber L.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Vukićević 1996, стр. 283−284
- ↑ 3,0 3,1 Trinajstić, Ivo (2006). „Hrast plutnjak (Quecus suber L.) u dendroflori Hrvatske“. Radovi. Jastrebarsko: Hrvatski šumarski institut. 40 (2): 199–206. Посетено на 12 декември 2016.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 Lanzara 1982, стр. 293
- ↑ 5,0 5,1 5,2 „Quercus suber - L.“. Plants For A Future. Посетено на 12 декември 2016.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 6,5 „Quercus suber (cork oak)“. Kew Gardens. Архивирано од изворникот на 27 јануари 2017.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 „Krajolik hrasta plutnjaka“. WWF Croatia. World Wildlife Fund.
- ↑ „Quercus suber“. Missouri Botanical Garden.
- ↑ „Stanovnici šume hrasta plutnjaka“. TV profil. HRT.
Литература
уреди- Vukićević, Emilija (1996). Dekorativna dendrologija. Beograd: Šumarski fakultet. ISBN 978-86-7299-041-6.Предлошка:COBISS
- Lanzara, Paola; Pizzetti, Mariella (1982). Drveće. Ljubljana: Mladinska knjiga.Предлошка:COBISS
Надворешни врски
уреди„Плутар“ на Ризницата ? |
„Quercus suber“ на Викивидовите ? |
- „Hrast plutnjak“. Priroda i biljke. Посетено на 12 декември 2016.
- „Quercus suber - Cork oak“. EUFORGEN. uropean Forest Genetic Resources Programme. Посетено на 12 декември 2016.
- „Od drveta do boce — priča o plutu“. INTERNETSKA BIBLIOTEKA. Посетено на 12 декември 2016.
- „O plutu“. marghevita. Посетено на 12 декември 2016.
- Gordić, Isidora. „Pluta: održivi materijal za mnoštvo namena“. gradjevinarstvo.rs. Посетено на 12 декември 2016.