Буки
Буки | |
---|---|
Даб црника (Quercus ilex subsp. rotundifolia) | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Оддел: | Скриеносемени |
Класа: | Дикотиледони |
Ред: | Буковидни |
Семејство: | Буки Dumortier |
Родови | |
Castanea - костени |
Буките (науч. Fagaceae) сочинуваат околу 900 вида на зимзелени и листопадни дрва и грмушки, кои се одликуваат со алтернирачки прости листови со пинатна венација, еднополови цветови во форма на реси и плод со чашковидни (купула) оревчиња. Листовите се често составени од повеќе делови, при што се присутни лисни дршки и прилисници. Кај плодовите отсуствува ендосперм и тие лежат во лушпеста или боцкаста капсула која може, но и не мора да го затвори целиот плод. Плодот може да се содржи од една до седум семки. Најпозната група од оваа фамилија се дабовите (Quercus), чиј плод се нарекува желад.
Неколку членови од Fagaceae имаат важна економска употреба. Многу видови на дабови, костени и буки имаат квалитетно дрво кое се користи во градежништвото. Дрво за бурињата за вино најчесто се добива од Quercus suber. Плодовите од костенот се мошне вкусни и се јадат најчесто во текот на зимата.
Систематика
уредиFagaceae е најчесто поделена на три или четири потсемејства, во кои се распоредени вкупно девет или десет родови. Монофилијата на буките е силно поддржана од морфолошките (особено морфологија на плод) и молекуларните податоци.[1]
Варијантата од јужната полутопка наречен „јужи буки“ (Nothofagus) традиционално беше сместен во оваа фамилија како сестрински род на Fagus.[2], но скорешните молекуларни анализи не ја поддржуваат оваа систематика. Иако јужната бука дели неколку заеднички одлики со претставниците од Fagaceae (како купулата и структурата на плодот), таа се разликува значајно по морфологијата на прилисниците и поленот, како и по тоа што има различен број на хромозоми.[3] Сегашното гледиште на систематичарите е тоа што Nothofagus би требало да се смести во своја посебна фамилија - Nothofagaceae.[1]
Родови
уреди- Castanea - Костени; осум видови; распространети во северните умерени региони на источна Азија, југоисточна Европа, источна Северна Америка.
- Castanopsis - со околу 125-130 видови од југоисточна Азија.
- Chrysolepis - со два вида од западниот дел на САД
- Colombobalanus - еден вид, C. excelsa, северна Јужна Америка, често вклучен во Trigonobalanus.
- Fagus - Буки; 10 видови од северните умерени региони на источна Азија, југозападна Азија, Европа, источна Северна Америка.
- Formanodendron - еден вид, F. doichangensis, југоисточна Азија, често вклучен во Trigonobalanus.
- Lithocarpus - Карпести дабови, со околу 330-340 видови, сите освен еден вид од топло-умерените до тропските делови на Азија. Еден вид (L. densiflorus) е од Калифорнија и југозападен Орегон.
- Quercus - Дабови; околу 500 видови, распространети во северната полутопка, но го преминуваат екваторот во Индонезија.
- Trigonobalanus - еден вид T. verticillata од тропска југоисточна Азија (три вида доколку севклучат Colombobalanus и Formanodendron).
Подродот Cyclobalanopsis од родот Quercus се третира како одделен род од страна на Флора на Кина Архивирано на 22 септември 2006 г., но од страна на повеќето таксономи, тој има ранг на подрод.
Распространување
уредиБуките се нашироко распространети во северната полутопка. Диверзитетот на ниво на род е сконцентриран во југоисточна Азија, каде за повеќето рецентни родови се мисли дека еволуирале пред мигрирањето во Европа и Северна Америка (преку Беринговиот Мост).[4] Членовите на Fagaceae (како Fagus grandifolia, Castanea dentata и Quercus alba во североисточен САД, или Fagus sylvatica, Quercus robur и Q. petraea во Европа) се често еколошки доминантни во северните умерени шуми.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Judd, Walter S., Christopher S. Campbell, Elizabeth A. Kellogg, Peter F. Stevens, Michael J. Donoghue. Plant Systematics: A Phylogenetic Approach Third Edition. Sinauer Associates, inc. Sunderland, MA 2008.
- ↑ Cronquist, Arthur. An Integrated System of Classification of Flowering Plants. Columbia University Press: New York, NY 1981.
- ↑ Takhtajan, Armen. Diversity and Classification of Flowering Plants. Columbia University Press, New York 1997.
- ↑ Manos, PS., AM Stanford. 2001b The historical biogeography of Fagaceae: Tracking the tertiary history of temperate and subtropical forests of the Northern Hemisphere. International Journal of Plant Sciences 162: S77-S93 Suppl. 6.
Надворешни врски
уреди- Fagaceae in Topwalks Архивирано на 29 декември 2016 г.