Пи1 Лебед
Пи¹ Лебед (π¹ Лебед, скратено Пи¹ Леб, π¹ Леб) — двојна ѕвезда[5] во северното соѕвездие, Лебед. Може да се види со голо око, нидејќи заеничката привидна ѕвездена величина од 4,66.[2] Растојанието до системот може грубо да се пресмета со употреба на годишната промена на паралаксата од 1,89 mas,[1] што дава пак растојание од околу 1.700 светлосни години од Сонцето, со плус или минус неколку стотина светлосни години.
Податоци од набљудување Епоха J2000,0 Рамноденица J2000,0 (ICRS) | |
---|---|
Соѕвездие | Лебед |
Ректасцензија | 21ч 42м [1] | 05,66458с
Деклинација | +51° 11′ [1] | 22,6415″
Прив. величина (V) | 4,66[2] |
Особености | |
Спектрален тип | B3 IV[3] |
B−V Боен показател | −0,11[2] |
Астрометрија | |
Сопствено движење (μ) | Рект: +5,29[1] млс/г Дек.: −1,78[1] млс/г |
Паралакса (π) | 1.89 ± 0.15[1] млс |
Оддалеченост | 1.700 ± 100 сг (530 ± 40 пс) |
Апсолутна величина (MV) | −3,91[4] |
Орбита[5] | |
Период (P) | 26,33 d |
Занесеност (e) | 0,00 |
Перицентарска епоха (T) | 2431306.5 ± 10.0 JD |
Аргумент на перицентарот (ω) (споредна) | 0,00° |
Полузамав (K1) (главна) | 16,5 км/с |
Податоци | |
π¹ Лебед A | |
Маса | 10,1 ± 0,1[3] M☉ |
Полупречник | 5,6[6] R☉ |
Сјајност | 16.538[7] L☉ |
Температура | 18.360 ± 1.100[2] K |
Вртежна брзина (v sin i) | 55[8] км/с |
Други ознаки | |
π¹ Cyg, 80 Cygni, BD+50° 3410, FK5 3733, HD 206672, HIP 107136, HR 8301, SAO 33665.[9] | |
Наводи во бази | |
SIMBAD | — податоци |
Двете составници се означени како Пи¹ Лебед A (официјално именувана како Азелфафаге, традиционалното име за системот)[10] и B.
Именување
уредиπ¹ Лебед е ѕвезда со Бајерова ознака. Ознаките на двете составници се Пи¹ Лебед A и B изведенки од начинот на запишување според Вашингтонскиот повеќекратен каталог (WMC) за повеќе ѕвездени системи, прифатени и од МАУ.[11]
во употреба е и традиционалното име Азелфафаге, изведено од Арапски ظلف الفرس Дилф ел фарас што значи „коњска трага“ или (најверојатно) ذيل الدجاجة Даил ел дајајах што значи „кокошкина опашка“.[12] Во 2016 година, МАУ организирала работна група за ѕвездени имиња (РГЅИ)[13] да ги катологизира и стандардизира соодветните имиња на ѕвездите. Оваа работна група го одобрила името Азелфафаге за Пи¹ Лебед на 12 септември 2016 година и е вклучено во списокот на одобрени ѕвездени имиња според МАУ.[10] За имињата на членовите на повеќекратни ѕвездени системи, и каде не се користи ознака буква за составните составници, работната групавели дека имињата треба да се доделуваат според сјајноста на составниците[14] - во овој случај најсјајната составница Пи¹ Лебед A.
На Кинески, 螣蛇 (Тенг Ше), значи Летечка змија, и се однесува на астеризам кој се состои од Пи¹ Лебед, Алфа Гуштер, 4 Гуштер, Пи² Лебед, HD 206267, Епсилон Кефеј, Бета Гуштер, Сигма Касиопеја, Ро Касиопеја, Тау Касиопеја, AR Касиопеја, 9 Гуштер, 3 Андромеда, 7 Андромеда, 8 Андромеда, Ламбда Андромеда, Капа Андромеда, Пси Андромеда и Јота Андромеда. Последователно, кинеското име за Пи¹ Лебед е 螣蛇四 (Тенг Ше си, македонски: четвртата ѕвезда во Летечка Змија)[15]
Својства
уредиОва е едноллиниска спектрална двојна ѕвезда со блиска, кружна орбита, со период од само 26,33 денови. Примарната, составница A, е малку развиена B-тип подџиновска ѕвезда со ѕвездена класификација B3 IV.[3] Се проценува дека е со маса 10 пати поголема од масата на Сонцето и со полупречник околу 5,6[6] пати поголем од сончевиот полупречник. Ѕвездата зрачи со сјајност 16.538[7] пати поголема од Сончевата сјајност офд нејзината надворешна атмосфера при делотворна температура од околу 18.360 K.[2] Се претпоставува дека е со старост од 25[3] милиони години и се врти со ѕвездена брзина од 55 км/с.[8]
Наводи
уреди{{|refs=
}}
- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 van Leeuwen, F. (2007), „Validation of the new Hipparcos reduction“, Astronomy and Astrophysics, 474 (2): 653–664, arXiv:0708.1752, Bibcode:2007A&A...474..653V, doi:10.1051/0004-6361:20078357.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Soubiran, C.; и др. (June 2010), „The PASTEL catalogue of stellar parameters“, Astronomy and Astrophysics, 515: A111, arXiv:1004.1069, Bibcode:2010A&A...515A.111S, doi:10.1051/0004-6361/201014247.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Tetzlaff, N.; и др. (January 2011), „A catalogue of young runaway Hipparcos stars within 3 kpc from the Sun“, Monthly Notices of the Royal Astronomical Society, 410 (1): 190–200, arXiv:1007.4883, Bibcode:2011MNRAS.410..190T, doi:10.1111/j.1365-2966.2010.17434.x.
- ↑ 4,0 4,1 Anderson, E.; Francis, Ch. (2012), „XHIP: An extended hipparcos compilation“, Astronomy Letters, 38 (5): 331, arXiv:1108.4971, Bibcode:2012AstL...38..331A, doi:10.1134/S1063773712050015.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Pourbaix, D.; и др. (2004), „SB9: The ninth catalogue of spectroscopic binary orbits“, Astronomy & Astrophysics, 424 (2): 727, arXiv:astro-ph/0406573, Bibcode:2004A&A...424..727P, doi:10.1051/0004-6361:20041213.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 Pasinetti Fracassini, L. E.; и др. (February 2001), „Catalogue of Apparent Diameters and Absolute Radii of Stars (CADARS)“, Astronomy and Astrophysics (3. изд.), 367 (2): 521–524, arXiv:astro-ph/0012289, Bibcode:2001A&A...367..521P, doi:10.1051/0004-6361:20000451.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 Hohle, M. M.; и др. (April 2010), „Masses and luminosities of O- and B-type stars and red supergiants“, Astronomische Nachrichten, 331 (4): 349, arXiv:1003.2335, Bibcode:2010AN....331..349H, doi:10.1002/asna.200911355.
- ↑ 8,0 8,1 8,2 Strom, Stephen E.; и др. (2005), „B Star Rotational Velocities in h and χ Persei: A Probe of Initial Conditions during the Star Formation Epoch?“, The Astronomical Journal, 129 (2): 809–828, arXiv:astro-ph/0410337, Bibcode:2005AJ....129..809S, doi:10.1086/426748.
- ↑ 9,0 9,1 „pi.01 Cyg -- Spectroscopic binary“, SIMBAD Astronomical Database, Centre de Données astronomiques de Strasbourg, Посетено на 2017-02-19.
- ↑ 10,0 10,1 10,2 „Naming Stars“. IAU.org. Посетено на 16 December 2017.
- ↑ Hessman, F. V.; Dhillon, V. S.; Winget, D. E.; Schreiber, M. R.; Horne, K.; Marsh, T. R.; Guenther, E.; Schwope, A.; Heber, U. (2010). „On the naming convention used for multiple star systems and extrasolar planets“. arXiv:1012.0707 [astro-ph.SR].
- ↑ p. 197, Star-names and Their Meanings, Richard Hinckley Allen, New York, G. E. Stechert, 1899.
- ↑ IAU Working Group on Star Names (WGSN), International Astronomical Union, Посетено на 22 May 2016.
- ↑ „Bulletin of the IAU Working Group on Star Names, No. 2“ (PDF). Посетено на 16 December 2017.
- ↑ AEEA (Activities of Exhibition and Education in Astronomy) 天文教育資訊網 2006 年 7 月 7 日 Архивирано на 21 мај 2011 г.