Пињари (грчки: Ελάφι, Елафи; до 1927 г. Πινιάρ, Пињар[1]) — поранешно село во Гребенско, Егејска Македонија, денес во општината Дескати на Гребенскиот округ во областа Западна Македонија, Грција

Пињари
Ελάφι
Пињари is located in Грција
Пињари
Пињари
Местоположба во областа
Пињари во рамките на Дескати (општина)
Пињари
Местоположба на Пињари во Општина Дескати и областа Западна Македонија
Координати: 39°59′N 21°34′E / 39.983° СГШ; 21.567° ИГД / 39.983; 21.567
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругГребенски
ОпштинаДескати
Општ. единицаХасија
Надм. вис.&10000000000000630000000630 м
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото било сместено околу 25 југоисточно од градот Гребен, на околу 6 км северозападно од селото Дименица, во близина на реката Бистрица, на нејзината десна страна, на надморска височина од 630 м.[2]

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Во XIX век Пињари било грчко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот Санџак.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Пињари живееле 85 Грци.[3]

Во Грција

уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Селото не се спомнува како населба во пописите во 1913 и 1928 година, што значи дека било напуштено.[2]

Селото било обновено по Првата светска војна, во 1923 година, кога тука биле сместени 41 бегалско семејство со вкупно 118 жители од Понд.[2]

Во 1927 година, името на селото било променето во Елафи (Ελάφι).

Во 1940 г. селото броело 220 жители. Селото се распаднало за време на Граѓанската војна. Највеќето жители се иселиле во поголемите градови и селото повеќе не било обновено.[2]

Наводи

уреди
  1. „Πανδέκτης: Piniar -- Elafi“. pandektis.ekt.gr. Посетено на 2023-08-22.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 127.
  3. „Makedonija. Etnografija i statistika - 2.46“. www.promacedonia.org. Посетено на 2023-08-22.