Пипл (списание)
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Пипл (со целосно име People Weekly) е неделено Американско списание за познатите и интересни теми, кое го издаден Time Inc. Почнувајќи од 2006 г., има тираж од 3,75 милиони, а приходите се очекуваат да пораснат со $ 1,5 милјарди. Пипл беше прогласено за ,,Списание на годината” од Advertising Age во октомври 2005 година, за совршеност во редакцијата, тиражот и рекламирањето. Пипл се рангираше на 6-то место од ,,А-листата“ на годишнината од Advertising Age и на 3-то место од Adweek на листата ,,Бренд Суперсоникс” во октомври 2006 г. Содржината на списанието е поделена содржина за славни личности и статии за човечки интереси. Уредниците на Пипл тврдат дека ќе се воздржат од озборувања за славните, што е доволно за да му го водат публицитетот на славните личности со цел да имаат ексклузивни стории во списанието, кои претставуваат доказ за она што вработените го нарекуваат "публицистичко-пријателска стратегија". Мрежното место на Пипл, People.com, се фокусира исклучиво на вести за славните личности. Во февруари 2007 г., мрежното место привлече 39.6 милиони прегледи ,,во рок од еден ден” за Златен глобус. Меѓутоа страната на ,,матичниот брод на покриеност на Оскарите” го сруши рекордот со 51.7 милиони прегледи само еден ден по Оскарите, поразувајќи го претходниот рекорд поставен само еден месец пред Златен глобус. Пипл можеби е најдобро познат по своите годишни посебни изданија за ,,најубави луѓе”, ,,најдобро облечени”, и ,,најсекси маж”. Списанието се одржува во едно уредничко биро во Лос Анџелес. Поради економски причини неодамна ги затвори бироата во Њујорк Сити, Остин, Мајами, Чикаго и Лондон.
Историја
уредиКонцептот за Пипл се припишува на Ендрју Хеискел, главен извршен директор во тоа време на Time, Inc и поранешниот издавач на неделниот Лајф магазин. Уредник за основањето на Пипл е Ричард Б. (Дик) Столеј, поранешен заменик-уредник во Лајф и новинар во Time, Inc кој го доби Запрудеровиот филм за атентатот врз Џон Кенеди во 1963 г. Прв издавач на Пипл беше Ричард Џ. (Дик) Дурел, друг, поранешен новинар во Inc.
Столеј, го опиша списанието како ,,враќање на луѓето кои ги предизвикуваат вестите и кои се фатени во нив, или заслужуваат да бидат во нив. Нашиот фокус е на луѓето, а не во проблемите.” Намерата на Столеj била да го задржи фокусот на списанието до луѓето кои значително придонеле за неговиот успех. Се вели дека иако Time, Inc дава околу 40 милиони долари, списанието се проби дури 18 месеци по своето деби во март 1974 г. Првично, списанието се продаваше во киосците и во супермаркетите. За да излегува списанието секоја недела, персоналот дури и спиел на подот од нивните канцеларии две или три ноќи секоја недела и строго ограничени од сите други обврски од нивниот приватен живот. На 4 Март 1974 г. на насловната страна на премиерното издание се најде глумицата Миа Фароу, која глумеше во филмот Големиот Гетсби. Тоа издание, исто така имаше приказни за Глорија Вандербилт, Александар Солженицин и сопругите на Американските Виетнамнските ветерани, кои биле исчезнати во акција. Списанието, освен насловната страна, беше испечатено во црно-бело. Почетна цена беше 35 центи.
Суштината на малиот основачки уреднички тим вклучуваше и други уредници, писатели, фотографи и фото-уредниците од неделното списание Лајф, кое почнало да се издава само 13 месеци порано. Оваа група ги вклучуваше главениот уредник Столеј, уредниците Хал Винго (татко на спортска програма, телевизискиот водител Треј Винго), Сем Ангелоф (уредник за осконањето на списанието ЈуЕс), и Роберт Емет Џина (подоцна продуцент на филмови); писателите Џејмс Ватерс (театарски рецензент) и Роналд Б. Скот (подоцна биограф на претседателскиот кандидат Мит Ромни); поранешниот уредник на Тајм, Ричард Бургеим (подоцна основач на неуспешниот кабелски телевизиски магазин Вју); шефот на фотографија,фотограф во Лајф Џон Леонгард, наследен од Џон Доминус, значајниот фотограф на Лајф и дизајн уметник Бернард Вабер, автор и илустратор на серијата за деца ,,Lyle the Crocodile”. Многу од споменатите фотографи на Лајф придонеле за списанието, вклучувајќи ги и легендите Алфред Еисенстаедт и Џон Мили и издигнатите ѕвезди Ко Рентместер, Дејвид Синтез и Бил Епридџ. Редакцијата ги вклучува уредниците и писателите: Рос Дрејк, Ралф Новак, Бина Бернард, Џејмс Џером, Сали Мур, Ли Вохлферн, Џој Ванслеи, Курт Дејвис, и Џед Хорн, подоцна уредник на Тајмс-Пикаун во Њу Орлеанс.
Во 1996 г. Time, Inc започна да печати списание на шпански јазик насловен Пипл на шпански. Компанијата изјави дека новата публикација излезе по изданието на оригиналното списание во 1995 г. кое беше дистрибуирано со две различни корици, една на која е убиецот на пејачката Селена и другата со содржини за хит телевизиската серија Пријатели; насловната страница со Селена се распродаде, додека другата не. Иако првичната идеја беше статиите од англискиот магазин да се преведат на шпански јазик, кои би ја опфатиле половина од содржината на Пипл на шпански, со тек на време тие имале сосема друга оригинална содржина.
Во 2002 год, Пипл го претстави Пипл Стајлевач, наслов кој се фокусираше на славните личности и нивниот стил, мода, убавина и е продолжување на колумната Стајлевач. Поради неговиот успех, тиражот на Пипл Стајлевач беше зголемен за 10 пати годишно во 2007 г.
Во Австралија, локалната верзија на Пипл е со наслов Ху (Who) поради претходно постоечки објави под наслов Пипл.
Тин Пипл
уредиВо 1998 г., списанието направи верзија за тинејџерите наречена Тин Пипл. Сепак, на 27 јули 2006 г., компанијата објави дека ќе престане да го издава Тин Пипл. Последното издание излезе во септември 2006 г. Претплатниците на ова списание го добиваа Entertainment Weekly во замена за остатокот од нивните изданија. Постоеја неколку причини за затворањето на публикацијата, вклучувајќи го и недостатокот од рекламни страни, конкуренцијата од двете тинејџерски списанија и интернететот заедно со намалувањето на тиражот на ова списание. Teenpeople.com се спои со People.com во април 2007 г. People.com ќе ,,има тинејџерски стории кои ќе бидат дел од една тема како TeenPeople.com”, обајсни уредникот на People.com Марк Голин, ,,Имаме промет на Тин Пипл, Пипл e поголемо мрежно место, па зошто да не се комбинираат и да се стави тинејџерскиот интерес на едно место?”
Натпревар за слики од славните личности
уредиВо јули 2006 г. во една Статија во списанието Варајети, Џенис Мин, уредник и одговорен уредник на Us Weekley, го обвини Пипл за зголемување на цената за објавувачите на слики од славни личности:
,,Тие се помеѓу најголемите потрошувачи за слики на славни личности во индустријата... Еден од првите нешта што го направиле е тоа што ја зголемија цената на сликите, требаше да се плати 75.000 долари за слики од Џенифер Лопес во US списанието, па Us Weekly не можеше да ги купи.” ,,Тоа беше една пресвртница која започна со високите цени на сликите. Никогаш не сум видел нешто слично на ова. Но, тие видоа конкуренција и ѝ одговорија. Тоа беше бизнис потег, веројатно и паметен потег.” Пипл платил 4.1 милиони долари за фотографии од новороденчето Шилом Нувел Џоли-Пит, дете на Анџелина Џоли и Бред Пит. Сликите направија рекорд за еден ден на нивното мрежно место, привлекувајќи 26,5 милиони посетители.”
Најсекси маж
уредиГодишното издание на ,,најсекси маж” е објавување на привлечни мажи коe вклучува само познати и славни мажи. Се објавува слично како што е ,,Лице на годината” во Тајм. Називот на ова издание беше разговор за планираната приказна на Мел Гибсон. Една уредничка извика: ,,О Боже, тој е најсексиот човек!” И некој друг рекол: ,,Треба да го искористиш тоа како наслов.” Во првата декада, изданието се појави во нерамни интервали. Наградата првично се објавуваше во зимскиот период, но промената на календарот доведе до неколку празнини од седум месеци и година и половина (без никаква селекција до 1994 г.). Од 1997 год, датумите на избирање биле помеѓу средината на ноември и почетокот на декември.
Датумите на изданијата на списанијата, победниците, возраста на победниците за време на изборот и неколку коментари се наведени подолу.
Почнувајќи од 2012 година, Џон Кенеди помладиот и Патрик Свејзи се единствените победниците кои починаа.
Година | Избор | Годишна возраст | Забелешки |
---|---|---|---|
1985/02/04 | Мел Гибсон | 29 | Првиот избраник кој тогаш беше Австралијанец |
1986/01/27 | Марк Хермон | 34 | |
1987/03/30 | Хери Хамлин | 35 | |
1988/09/12 | Џон Кенеди помладиот | 27 | Најголема празнина помеѓу избраниците: 18 месеци. Најмладиот победник. Единствен маж кој не е глумец. Прв член кој почина по победата (1999 г.) |
1989/12/16 | Шон Конери | 59 | Најстариот победник. Прв победник кој го глумеше Џејмс Бонд. Прв шкотски победник. |
1990/07/23 | Том Круз | 28 | |
1991/07/22 | Патрик Свејзи | 38 | Вториот член кој почина (2009 г.) |
1992/03/16 | Ник Нолт | 51 | |
1993/10/19 | Ричард Гир Синди Крафорд | 44 27 | Пипл една година додели награда наместо Најсекси маж на Најсекси двојка. |
1995/01/30 | Бред Пит | 31 | Прв член со две победи. |
1996/07/29 | Дензел Вашингтон | 41 | Првиот афроамерикански победник. |
1997/11/17 | Џорџ Клуни | 36 | Прв член со две победи |
1998/11/16 | Харисон Форд | 56 | |
1999/11/15 | Ричард Гир | 50 | Првиот дво-кратен победник. |
2000/11/13 | Бред Пит | 36 | Првиот дво-кратен победник. |
2001/11/26 | Пирс Броснан | 48 | Вториот победник кој го глумел Џејмс Бонд. Првиот ирски победник. |
2002/12/02 | Бен Афлек | 30 | |
2003/12/01 | Џони Деп | 40 | Прв со две награди. |
2004/11/29 | Џуд Ло | 31 | Првиот англиски победник. |
2005/11/28 | Метју Меконахи | 36 | |
2006/11/27 | Џорџ Клуни | 45 | Втора победа. |
2007/11/26 | Мет Дејмон | 37 | |
2008/11/25 | Хју Џекмен | 40 | Вториот австралиски победник. |
2009/11/18 | Џони Деп | 46 | Втора Победа. |
2010/11/17 | Рајан Рејнолдс | 34 | Првиот канадски победник. |
2011/11/16 | Бредли Купер | 36 |
Најфасцинантните луѓе на годината
уредиНа крајот на секоја година списанието Пипл славно избира 25 поединци или двојки кои имале големо внимание од медиумите во текот на изминатите 12 месеци и се прикажани во посебно издание на крајот од годината, т.н. ,,25-те најфасцинантни луѓе на годината”. Ова издание на цела страница и половина страница вклучуваат и светски водачи и политички активисти, познати глумци и забавувачи, спортисти елити, истакнати стопанственици, научници и членови од јавниот живот чии приказни направија необично влијание во вестите и медиумите. На пример, ,,најфасцинантни луѓе од 2010 г.” според Пипл се:
- Сандра Булок и близок пријател
- Претседателот Барак Обама и неговата жена
- Бред Пит и Анџелина Џоли
- Мајкл Даглас
- Елизабет Смарт
- Принцот Вилијам и војвотката Катерина
- Елин Нордиген
- Натали Портман
- Ники Минаж
- Сара Пелин
- Леброн Џејмс
- Бред Мајклс
- Џулиан Асанж
- Чиленаските рудари
- Рики Мартин
- Ким Кардашијан
- Марк Цукерберг
- Хејди Монтаг
- Џејк и Тејлор
- Рајан Рејнолдс
- Децата на Вил Смит (Џејден и Вилоу)
- Кристина Агилера
- Али Федотски и Роберто Мартинес
- Џејмс Франко
- Конан О Бриен
- Џенис В. и Катерина С.
Мрежно место
уредиPeople.com е официјална интернет верзија на магазинот Пипл. Почнувајќи од април 2011 г., People.com беше рангирана како трета најпопуларна забавувачка Вест во сопственост на САД од страна на comScore Media Metrix.
Место според com | Опции според Ентертејнмент Њуз | Читатели во март 2011 г. |
---|---|---|
1 | OMG! на Yahoo | 23,7 милиони |
2 | TMZ | 18,5 милиони |
3 | Списанието Пипл | 13,5 милиони |
4 | Баз Медиа Ентернејнмент | 12,8 милиони |
5 | СиЕнЕн Ентернејнмент | 10,1 милион |
6 | Зимбио | 8,9 милиони |
7 | Ентертејнмент Викли | 8,2 милиони |
8 | E! | 7,5 милиони |
9 | ГосипЦентар | 7,1 милион |
10 | Меил | 6,5 милиони |