Кимберли Ноел –Ким Кардашиан (родена на 21 октомври 1980 година) е жена од џетсетот, телевизиска личност, модел, глумица и деловна жена.Таа е позната по нејзината учество во ,,Дружењето со семејството Кардашиан,, Keeping Up with the Kardashians, E! Entertainment Television реалистичка серија која што таа споделува настани кои се случуваат во семејството, и емисиите како Kourtney and Kim Take New York . Пред развојот на нејзината кариера во тв реалните серии, Кардашијан се здоби со лоша слава поради секс видеото поради што подоцна судот ја награди со 5 милиони долари. Таа е вклучена во производството на неколку линии на облека и парфеми. Во 2010 година, таа беше ѕвезда со највисока заработка, со приближна заработка од 6 милиони долари. Во август во 2011 година, Кардашиан се омажи за кошаркарот Крис Хамфрис со јавно претставена веселба. Во октомври истата година, Кардашијан поднесе барање за развод, 72 дена по венчавката.

kimi
Ким Кардашијан

Младоста

уреди

Кардашијан е родена во Лос Анџелес, Калифорнија, ќерка на правобранителот Роберт Кардашијан и Крис Кардашијан.Татко и е трета генерација ерменец-американец , а нејзината мајка е од холандско и шкотско потекло. Кардашијан има две сестри , Кортни и Клое , и еден брат ,Роберт. Таа има полубраќа : Бартон Џенер, Брендон Џенер и звездата од тв сериите Броди Џенер, полусестри Кејси Џенер , Кендал Џенер и Кајли Џенер.Таа одела во Меримонт средното училиште. Во 2000 година , Кардашијан се омажи за музичкиот продуцент Дејмон Томас ,нивната врска заврши со развод во 2004 година. Подоцна излегуваше со R&B пејачот Реј Џ, со рагбистот Реџи Буш и Мајлс Оустин. Исто така се гледаше и со моделот Габриел Обри.

2003-07> контраверзија и реална телевизија

уреди

Во февруари 2007, домашното секс видео што го направи со пејачот Реј Џеј во 2003 година беше пуштено во јавност. Vivid Entertainment ги откупи правата за 1 милион долари и го пушти во јавност под наслов: Ким Кардашиан суперѕвезда на 21ви Февруари. Кардашијан ги тужеше ВИВИД поради поседување на лентата. Во април 2007 Кардашијан ја повлече тужбата и се договорија со ВИВИД ентертејмент за 5.000.000. долари

Кардашијан и била пријателка на Парис Хилтон, која ја претстави во јавноста. Нејзина прва улога била серијата Beyond the Break. Во октомври 2007 заедно со своите две сестри, мајка, брат, полусестри и очув почна да глуми во Е! Сериите ,,Дружењето со семејството Кардашиан,, Keeping Up with the Kardashians . Од октовмри 2011 серијата се емитувала во 69 епизоди во преку 6 сезони.

2007-2010 –Моделарство и мала трговија

уреди

Кардашијан е косопственичка на бутикот за облека наречен D-A-S-H како и нејзините две сестри Кортни и Клое. Во декември 2007 година, Кардашијан позираше гола за Плејбој. Во февруари 2008 година, Бонго Џинс објави дека таа ќе биде нивниот заштитен модел. Исто така беше модел и за Фабриката за лижавчиња и други благи производи на Карлс Јр.

Кардашијан глумеше во филмот ,,Катастрофален филм,, во 2008 година како Лиза, а исто така се појавува и во ,,Како ја запознав вашата мајка,, (How I Met Your Mother ) во епизодата ,,Корист,, (Benefits). Таа исто така се појавува и во премиерата на 3 сезона на сериите 90210 заедно со нејзините сестри Клое и Кортни. Кардашијан била гостинка на WrestleMania XXIV и се појавила и како судија додека траел 13 циклус на America's Next Top Model. На 16ти декември 2009 година, Кардашијан се појави како гостинка во Истрага на местото на злосторството (CSI:NY) заедно со Ванеса Минило. Во 2009 имаше кратко појавување како борец во порно филмот ,,Длабоко во долината,,. Кардашијан била една од 13те учесници на седмата сезона на ,,Танцување со ѕвездите,,. Нејзин партнер беше Марк Балас и беше третиот натпреварувач изгласан да го напушти шоуто на 30 септември 2008 година и заврши на 11то место .

Санфорд Сигал, создавачот на ,,Режим на исхрана со колачиња,,, ја тужел Кардашијан тврдејки дека го клеветела на Твитер. Според Сигал, Кардашијан во октомври 2009 објавила на Твитер дека тој лажно го промовирал нејзиното појавување на колачето. Сигал се пожалил на судот во Флорида велејќи дека се е неточно и клевета. Тој исто така наведува дека Кардашијан била на платниот список на КвикТрим кога тоа го објавила на Твитер. Нејзината објава се чини дека потекнува од една статија на CookieDiet.com, која што ја вброи и Кардашијан како една од многуте познати личности кои виделе позитивни резултати од тој режим на исхрана. Кардашијан му нареди на Сигал да ја отстрани таа изјава.

Кардашијан го пуштила во продажба нејзниот парфем во 2010. Во март во 2009 таа започна со рекламирање на ShoeDazzle на кое таа е ко-сопственичка и главна модна стилистка. Во наредниот месец на 9 април 2009 година, Кардашијан пушти во продажба цедеа со вежби , ,,Да ве собере во вашите фармерки до петок,, со тренерите Џенифер Галарди и Патрик Годо. Во септември 2009 Убавина која топи ( Fusion Beauty) и Seven Bar Foundation го лансираа проектот ,,Бакнеж против Сиромаштија,, заедно со Кардашијан како заштитно лице на кампањата. За секој продаден сјај за усни, 1 долар оди за Фондацијата за финансирање на жени претприемачи во САД.

Познатите КапКејкс Колачиња, пекарница во Лос Анџелес создадоа ванила мешавина за Кардашијан. Вкусот на колачето се вика ВА-ВА-ВА-Нила. Кардашијан исто така создала и накит заедно со своите сестри Клое и Кортни. Тие создадоа колекција за Девици, Светци и Ангели во 2010. Повторно со своите сестри таа објави повеќе линии на облека. Едната која се вика К-Даш била продадена на QVC во 2010 . На први јули 2010, на страната на Њујорк во Мадам Тисо се појавила нова восочна фигура од Кардашијан.

2010: Бракот од 72 дена и други настани

уреди

Кардашијан е продуцент на ,,The spin Crowd,, реално телевизиско шоу за Команда ПРфирма за односи со јавноста во Њујорк која е предводена од Џонатан Чебан и Симон Хак. Шоуто ги упатува како тие да се сместат во нивните нови канцеларии во Лос Анџелес. Кардашијан е пријателка со двајцата особено со Чебан , и повеќепати се појавува во нејзините реални шоуа. Таа исто така се појавува на ЕмТиВи VMA доделувањето на награди на 12 септември 2010 гоидна. Се појавува и како предмет и судија на една задача во деветтата епизода од сезона 10 од The Apprentice во 2010 година. Двата тима мораа да создадат промотивна реклама за нејзината линија на парфеми, за да се продава во Перфуманиа. Ким, Кортни и Клое напишаа автобиографија насловена Kardashian Konfidential, којашто беше пуштена во продажба во продавниците на 23 ти ноември во 2010 година.

Во април 2010 година, Кардашијан предизвика контроверзии околу начинот на кој таа држеше мачка на една фотографија. Истата година, организацијата ПЕТА за правата на животните ја критикуваше Кардашијан за постојаното носење бунди, и ја назначиле како една од петте најлоши луѓе или организации на 2010 година кога станува збор за доброто на животните. Во јуни 2010 година The Guardian коментирале за нејзината способност да привлече спонзори кои исплаќале дури и до 10 000 долари за секоја објава на твитер.

Во декември 2010 Кардашијан сними музички спот за песната Јаm (turn it up). Видео е во режија на Hype Вилијамс; Кајни Вест прави премиера на спотот. Кардашијан ја промовираше песната за време на една Новогодишна забава во ТАО –лас Вегас на 31.12.2010. Песната е произведена од страна на The Dream и Трики Стјуарт. Кога ја прашаа дали е некој албум на повидок, Кардашијан одговори: „Нема никаков албум, само една песна е којашто ја направивме за Кортни и Ким низ Њујорк, а спотот е режија на Хајп Вилиамс. Половина од заработката оди за фондацијата против ракот, а тоа што The dream’s и еден од моите родители починаа поради рак. Се е поради забава и за добра цел“. Daily News пишува дека Џим Фербер ја нарекол песната „безмозочно парче од вид на денс музика, без никаква цел“ и вели дека таа песна ја направи Кардашијан „најлошата пејачка на светот прикажана на ТВ“.

Заработката на Кардашијан во 2010 година била највисока помеѓу холивудските звезди на реалните шоуа со проценка од 6 милиони долари. Кардашијан го поддржа признавањето на ерменскиот геноцид во бројни прилики и ги охрабри Барак Обама и владата на САД да сметаат за неговото признание од нејзина страна.

На 21 април 2011 година, неколку дена пред 96 годишнина од Ерменскиот геноцид таа пишувала на својот блог за проблемот во обид да го стави во центарот на вниманието а исто така и им пратила абер на своите обожаватели барајќи негово признавање. Во октомври 2010 година,Кардашијан започнала да се гледа со кошаркарот на Њу Џерси Нетс, Крис Хамфрис. Тие се верија во мај 2011 година, се венчаа на 20 август 2011 година во Монетекито, Калифорнија. По 72 дена од бракот, Кардашијан поднесе барање за да се разведе од Хамфрис на 31 декември 2011 година. По поднесувањето на разводот Кардашијан побара од судот да му нареди на Хамфрис да си ги плаќа своите правни трошкови. На 1.12. 2011 Хамфрис одговори на барањето на Кардашијан барајќи поништување врз основа на измама, и ако судот не му гарантира поништување, ќе поднесе налог за правна разделба отколку да се разведе од Кардашијан .

Неколку новински агенции се посомневаа дека бракот на Кардашијан и Хамфрид бил само трик за публицитет за да го промовираат брендот на семејството и нивните следни телевизиски вложувања. Нејзиниот поранешен рекламен агент исто така изјави дека краткиот брак беше наместен и беше трик за да создадат пари. Кардашијан оттогаш поднесе тужба против него, велејќи дека неговите тврдења се невистинити. По нивната разделба кружеше петиција за остранување на сите програми коишто се поврзани со неа. Во март 2012, Кардашијан и нејзините сестри Кортни и Клое беа именувани во 5 милионската тужба против QickTrim програмата за слабеење која што ја следеле.