Арт-рок

(Пренасочено од Арт рок)

Арт-рок (англиски: аrt rock, аrt = уметност) — термин што опишува поджанр на рок-музиката, кој во себе содржи експериментални или авангардни влијанија со што се создава една нова звучна структура.

Определување и потекло

уреди

На почетокот овој термин бил користен за фрицрок-бендовите од 70-тите и прогресив-рок изведувачите како што се Кан, Софт Машин, Брајан Ено и Токинг Хедс. Во 90-тите овој термин се употребувал исто така и за посилен и експериментален рок во музиката на Соник Јут, Паблик Имиџ Лтд., Дирхур, Лајарс кои исто така биле силно фокусирани на авангардната музика, експерименталната и рок-музиката, како и уметноста во главно, рок-музиката, панк-рок и нов бран. Ова би можело да доведе до некоја забуна. Поново настанатите групи понекогаш се нарекуваат и арт-панк или авант панк. Арт-рок музиката, гледана точка на поврзаност со изведувачите од 70-тите, претставува ,,внатрешно заснован албум,, од како што се вели ,,добивање обликуван капацитет за подолга, покомплетна композиција и продолжено инструментално истражување.,, Беседите во Златна Година на Рок, го дефинираат арт рокот како ,,дел од музиката во рок идиом кој вклучува повеќе интелектуалност и музикалност,, што не значи дека е формулиран според поп модел за масовна употреба.,, Во нив уште е забележано дека ,,на некој начин експериментално,, како и ,,долга структура со неколку теми како во класичната музика,, или ,,пакет на поединечни песни,,. Арт-рокот речиси секогаш се одликува со повеќе клавијатура отколку гитари,,. Исто така, арт-рокот ,,е музика за слушање, а помалку за играње и честопати раскажува некоја приказна или користи филозофски теми во своите стихови,,.

Поврзаноста со прогресивниот рок

уреди

Поимот ,,арт-рок,, понекогаш се поистоветува и со прогресив-бендовите кои станале популарни во 70-тите. Музичарите се сложуваат дека ,,Прогресив-рок и арт-рок се два речиси разменети термини кои во најголем дел го опишуваат британскиот напор во издигнување на рок-музкиата на едно ново ниво на уметничка способност,,. Прогресивниот рок најдобро се опишува како специфичен жанр на рок-музиката, доколку ,,арт-рок,, се однесува на нешто пошироко, посубјективно и потешко може да се клацифицира неговата колекција на бендови. Лери Стар и Кристофер Ватермен во нивната Американска популарна музика го дефинираат како ,,Форма на рок-музика која е мешавина на елементи од рок и европска класична музика. Оваа музика ги влучува бендовите како што се Кинг Кримсон, Емерсон, Лејк & Палмер и Пинк Флојд. Брус Едер, во својот есеј Раната Историја на Арт-рок/Програм Рок, вели дека ,,прогресив рок,, понекогаш е познат и како ,,арт-рок,, или ,,класика-рок,, е музика во која бендовите свират само некои придружни делови, но не прават песни, позејмуваат рефрени од Бах, Бетовен, Вагер наместо од Чак Бери и Бу Дидли, притоа користејќи јазик близок до оној на В.Блејк или Т.С.Елиот наместо од К. Пекинс или В.Диксон.,, Компаниите се во распаравија околу ,,создавањето на арт-рокот како поджанр чиишто членови беа идентификувани како музичари со уметнички идеали (пр. Рокси Мјузик), временски краткотраен најмногу присутен во 70-тите.,, Арт-рок музиката може да се подразбира ,,квази уметнички,, преку имитација на класичната ,,уметничка,, музика и литература, или пак, едноставно преку еклектицизам. Како пример се Квин, Муди Блуз, Пинк Флојд, Лејк & Палмер, Велвет Андерграунд, Дејвид Бови и Лав (Форевр Чејнџес), како и поновите бендови Питер Хемил, Рокси Мјузик, Џенезис и Јес.

Историја

уреди

1960 — 1970

Музичкиот критичар, Пјеро Скаруфи, тврди дека ,,британските рок бендови ја претворале рок-музиката во ,,висока,, уметност.,, Додека, пак, музичарскиот критичар , Џорџ Брахам вели дека ,,т.н. арт рок сцена се издигна во 60-тите во време кога изведувачите се стремеле кон проширување на границите на рок-музиката. Тој уште вели дека арт-рок музиката ,,беше инспирирана од виланијата на класичната музика и елаборираната проекција на Битлси Sgt. Pepper's Lonely Hearts Club Band ,и вели дека овој стил на музика своите светли денови ги имаше во 70-тите." Може да се каже дека до појавата на диско музиката во доцните 70-ти, особено по хит филмот Треска Во Сабота Навечер кога нејзиното влијание се зголеми, овој вид на музика стивна. Многу од рок групите претрпеа влијанија од овој жанр, како и Квин и Оркестарот Електрична Светилка. Во Златната Година На Рок е изјавено дека ,,парчето што предизвика експлозија во арт-рок музиката во 1968 година беше In-А-Gadda-Da-Vida на Ајрон Бетерфлај. Доста бендови се обидоада направат пресврт во арт-рок музиката како Џенифер Еарплејн, Стив Милер Бенд и други. Во Беседите се тврди дека ,, две главни долги парчиња,, од Дорс (The End и When The Music's Over) се одличен пример за арт-рок музика. Сличен пример еи албумот ,,The Beach Boy's Pet Sound". Како и да е, во 70-тите, рок-музиката во САД се оддели од арт-рок музиката кога јужните рок бендови станаа популарни. Арт-рок музиката достигна свое комерцијално ниво со популарните прогресив бендови како Кинг Крисмон, Јес, Раш, Џенезие, а особено Пинк Флојд. Кога DIY го вратија назад панк рокот во доцните 70-ти прогресив бендовите со своите хит синглови допреа до комерцијалата, арт-рок музика како да се изгуби. Брајан Ено беше означен како ,,експериментален крај на (арт-рок) спектарот,, во раните 70-ти.

1980 — 1990

Со појавата на Њу Вејв (анг. Нењ њаве)музиката во 80-тите, арт-рок музиката избледе, со експанзијата на Л.Андерсон кој се појави со прекрасни соло албуми Мr. Heartbrake (Г-ин Срце-кршач) и Strange Angels (Чудни Ангели). Како и да е, овој вид на музика претставуваше добар маркетинг за промовирање на различни музички форми во Америка по подемот на панкот. На пример, Кејт Буш бес масовно популарна овој период со својата клавијатура и внесените елементи од класичната музика. Сите овие елементи се карактеристични за арт-рок музиката, но сепак таа не бесе класифицирана како изведувач на рок-музика.Всусност, дури и Л.Андерсон беше класифицирана како изведувач на ,,нов бран,, или ,,алтернативен рок,, во некои погледи. Арт-рок музиката претставува еден премин во уметноста, на пример, Брајан Ено студирал уметност и бил дел од авант-гардната уметничка сцена , но најпрвин тој се прослави како клавијатируст во музичката група Рокси Мјузик.

2000

Во 2004 година, фразата ,,арт-рок,, се среќава во публикациите на некои британски посатели за опишување на нови, независни музички бендови под влијанието на музиката на музичарите од 70-тите и 80-тите години како што се Дејвид Бови, Питер Габрил, Брајан Ено и други, како и британската сцена, воглавно. Останатите неодредени бендови како TV on the Radio, Dredg, Bloc Party, Queens of the Stone Age, Stereolab, Tortoise, Oceansize, Drawn from Bees,Yeah Yeah Yeahs,The Red Paintings, Franz Ferdinand, Radiohead, и Glassjaw кои генерално самите се опишуваат како ,,арт-рок,, бендови, исто така претставуваат едно субкултурно андерграунд движење, често строго антикомерцијална музика со оригинални корени од панк рок, пост панк и радикален авант-гард чиишто стил не одговаран на дефиницијата за арт-рок. Некои од овие бендови може да се одредат како експериментален рок, додека апстрактните бендови како Wolf Eyes и Меrzbow може да се опишат како брутална музика.