Џорџ Роџер Вотерс (англиски: George Roger Waters, роден на 6 декември 1943) е англиски музичар, пејач-текстописец и композитор. Тој е еден од основачите на групата „Pink Floyd“ во која учествувал како басист и како ко-водечки пејач. По заминувањето на Сид Барет во 1968, Вотерс станал текстописец и концептуален водач на групата. Бендот постигнал светски успех во 1970-тите со албумите „The Dark Side of the Moon“, „Wish You Were Here“ и „Animals and The Wall“. Примарен инструмент на Вотерс, во „Pink Floyd“, му била бас гитарата, а исто така, експериментирал со синтисајзер и со ритам гитара на снимките и на концертите. Поради креативните разлики помеѓу членовите на групата, Вотерс го напуштил бендот во 1985 и започнал легална битка со останатите чкенови во однос на употребата на името и материјалот на групата. Спорот бил решен надвор од судот, во 1987, и приближно 18 години поминале откога не настапувале повторно заедно. Се проценува дека до 2010 групата продала над 250 милиони албуми низ целиот свет, вклучувајќи ги и 74,5 милиони копии продадени во САД.

Роџер Вотерс
Роџер Вотерс во „The O2 Arena“, Лондон, во 2008
Животописни податоци
Родено имеЏорџ Роџер Вотерс
Роден(а)6 септември 1943
Грејт Букам, Сари, Англија, ОК
ЖанровиПрогресив рок, психоделичен рок, арт рок, хард рок, опера
ЗанимањаМузичар, текстописец, композитор, продуцент
ИнструментиБас гитара, вокали, гитара, синтисајзер, кларинет, труба
Период на активностод 1964
Издавачи„Capitol Records“, „Columbia Records“, „Sony Records“, „Harvest Records“
СоработнициPink Floyd“, „the Bleeding Heart Band“, „Sigma 6“
Мреж. местоroger-waters.com
Значајни инструменти
  • „Fender Precision Bass“
  • „Rickenbacker 4001“
  • „Martin acoustic guitars“

Соло кариерата на Вотерс вклучува три студиски албуми: „The Pros and Cons of Hitch Hiking“ (1984), „Radio K.A.O.S.“ (1987) и „Amused to Death“ (1992). Во 1986 учествувал во создавањето на песни за анимираниот филм „Кога ветерот дува“, направен врз основа на истоимената книга на Рејмонд Бригс. Во 1990 тој одржал еден од најголемите концерти во историјата, „The Wall – Live in Berlin“, со официјално присуство од 200.000 лица. Во 1996 бил примен во Куќата на Славните на Рокенролот, во САД и во Обединетото Кралство, како член на „Pink Floyd“. Од 1999, Вотерс одржал неколку турнеи и ја свирел „The Dark Side of the Moon“ во целост на неговите светски турнеи од 2006-2008. Во 2005 ја издал „Ça Ira“, опера во три акти, преведена од Етјен врз основа на раната Француска револуција. На 2 јули 2005, се реобединил со соработниците од „Pink Floyd“, односно Ник Месон, Ричард Рајт и Дејвид Гилмор, за да свират на концертот „Live 8“. Ова било првото појавување на Вотерс со останатите членови на групата по поминати 24 години.

Во 2010 ја започнал светската турнеја „The Wall Live“. За време на оваа турнеја, во „O2 Arena“ во Лондон, на 12 мај 2011, Гилмор и Месон уште еднаш се појавиле на сцена со Вотерс изведувајќи ја песната „Comfortably Numb“. Во првата половина од 2012, турнејата на Вотерс се наоѓала помеѓу првите места на листите за светски концерти со продадени 1,4 милиони карти.[1]

Вотерс бил оженет четири пати и има три деца. Во 2004 се верил со глумицата и режисерка Лори Дарнинг, а се венчале на 14 јануари 2012 година.[2]

Наводи

уреди
  1. "Roger Waters tops worldwide ticket sales for 2012". BBC News. Retrieved 14 July 2012
  2. MacNeil, Jason. „Roger Waters Marries Laurie Durning, Talks of 'Clinging to Pink Floyd Trademark'. spinner.com. Архивирано од изворникот на 2012-08-20. Посетено на 19 January 2012.

Надворешни врски

уреди