Пивофест

македонски фестивал
(Пренасочено од Пиво фест)


Пивофестпивски фестивал што се одржува во летниот период во градот Прилеп во организација на Општина Прилеп и стопанските субјекти од градот.

Пивофест
Главната сцена на „Пивофест“ 2018 година
ДатумЈули
ЗачестеностСекоја година
ЛокацијаПрилеп
Првпат2002 (2002)
ЖанрПивски фестивал
ПоддржувачОпштина Прилеп
Мрежно место
www.pivofestival.mk

Фестивалот е од отворен тип, се одржува во центарот на градот. Учество земаат познати производители на пиво и локални угостители. Посетители доаѓаат од сите краишта на Република Македонија и соседните земји. Фестивалот е познат по добрата забава, скара и ладното пиво и секако масовната посетеност.

Историја уреди

Настанот е туристичка манифестација која што има 17 годишна традиција во Прилеп. Оваа ревија на врвни пива и специјалитети на скара, дополнета со фонот на избрани музички брендови на Балканот, е туристичка атракција, која што предизвикува интерес и кај љубителите на овој тип забави не само од Македонија, туку и пошироко на Балканот. Последните неколку години почетокот на фестивалот коинцидира со верскиот празник „Петровден“, а манифестацијата трае 4 дена. Има извонредна посетеност[1]

.

Штандови на „Пивофест“ 2018 година во центарот на Прилеп
Точење пиво на штанд на „Пивофест“

Фестивалот има стекнато традиција, и на туристичката карта на Прилеп има едно од најважните места. На фестивалот гостуваат екстрадни ѕвезди од регионот. Во 2009 главен гостин била хрватската пејачка Северина.[2] Во 2010 била Светлана Ражнатовиќ-Цеца, во 2011 Здравко Чолиќ, во 2012 Лепа Брена, во 2013 Горан Бреговиќ, во 2014 Жељко Самарџиќ,[3] во 2015 Дино Мерлин. И многу други познати музичари како Жељко Јоксимовиќ, Мирослав Илиќ, Петар Грашо, Халид Бешлиќ, Љубиша Стојановиќ - Луис, Харис Џиновиќ, Данијела Мартиновиќ, Емина Јаховиќ, Тони Цетински, Јелена Розга, Тијана Дапчевиќ,Оливер Драгојевиќ, Неда Украден, Гоца Тржан, Саша Ковачевиќ и многу други.

Во 2007 година уреди

На фестивалската забава учествувале над 350.000 посетители од Македонија и странство кои испиле околу 250 тони пиво и изеле околу 60 тони скара[4]. На двете бини во центарот на градот настапиле 30-ина музички имиња и од забавната и од народната естрада. На 15-те штанда на шесте пиварници и десетте скараџии немало слободно место. Имало организирани посети од Грција и од Бугарија, а имало туристи и од Кина.

Период 2009 — 2016 година уреди

Година Дати Посетеност Изведувачи
2009 16-19 јули 200.000 Северина Вучковиќ, Љубиша Стојановиќ - Луис, Ван Гог, Електирчни Оргазам.
2010 15-18 јули 320.000 Светлана Ражнатовиќ-Цеца, Гуча Оркестар, Даниела Враниќ.
2011 14-17 јули 340.000 Здравко Чолиќ, Харис Џиновиќ.
2012 14-17 јули 400.000 Лепа Брена, Жељко Јоксимовиќ, Мирослав Илиќ, Петар Грашо, Џеј Рамадановски.
2013 18-21 јули 300.000-400.000 Горан Бреговиќ, Халид Бешлиќ, Данијела Мартиновиќ, 2Cellos, Inna
2014 17-20 јули 300.000-400.000 Жељко Самарџиќ, Јелена Розга, Тони Цетински, Емина Јаховиќ, Маид Хечимовиќ,Тијана Дапчевиќ
2015 16-19 јули 300.000-400.000 Прљаво Казалиште, Дино Мерлин, Оливер Драгојевиќ, Неда Украден, Гоца Тржан,Саша Ковачевиќ
2016 14-17 јули 300.000-400.000 Тропико Бенд, Аца Лукас, Рада Манојловиќ, Каролина Гочева, Парни Ваљак, Хари Мата Хари, Александра Радовиќ[5]

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. Уредник. „ЗА ФЕСТИВАЛОТ“. pivofestival.mk. Посетено на 2018-07-14.
  2. Завршува „Пиво Фест“, вчера настапи Северина, А1 телевизија, 19 јули 2009
  3. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-12-07. Посетено на 2014-07-18.
  4. * Рекордна посетеност на „Пиво фест“, Утрински Весник, 21 јули 2009
  5. http://pivofestival.mk/programa

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди