Наше македонско (пиво)

македонско пиво
(Пренасочено од Наше Македонско (пиво))

Наше македонско — светло пиво, автентично подготвено според оригинален рецепт кое го произведува „Кожувчанка“ од Кавадарци.

Наше македонско пиво
Македонско пиво
Наше македонско пиво во кригла
ТипПиво
ПроизводителКожувчанка
Земја на потеклоМакедонија
Се појавил2016[1]
Алкохол по волумен4.5%[2]
Боја7 EBC
СтилСветло пиво
Првична густинаhttp://makedonskopivo.mk/
Горчливост (IBU)http://makedonskopivo.mk/
Матична страница[1]

Вкус

уреди

Пивото се одликува со специфична балансираност со пријатна горливост и вкус, што го зголемува уживањето. Ова премиум пиво се подготвува во најсовремени услови, во Македонска пивара, под компанијата со традиција од 1995 година, Кожувчанка од Кавадарци [3].

Процес на производство

уреди

Свежото наше македонско пиво во резервоарот доаѓа директно од пиварницата при што се заобиколува процесот на пастеризација и веднаш се транспортира во резервоари со контролирана температура во рок од неколку часа. Пивото од сопствена лежна визба се складира и точи преку совршено чисти садови и цевовод и има рок на користење најмногу три месеци, што му гарантира на конзументот, постојан квалитет и свежина на производот. Производствените капацитети каде што се произведува наше македонско пиво се наоѓаат во селото Мрежичко, во подножјето на Кожув, од каде се користат и свежите водни извори од кои се полни и минералната вода „Кожувчанка“.

Пакувања

уреди

„Наше македонско пиво го има во РЕТ амбалажа од 1.5 литри и стаклена амбалажа од 0.33 и 0.5 л, како и пакување од 24*0.33 и 24*0.5л“.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Heineken geschiedenis“. heineken.nl/. Архивирано од изворникот на 2 мај 2007. Посетено на 28 април 2007.
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2019-09-22. Посетено на 2020-07-16.
  3. „Македонско Пиво“. makedonskopivo.mk. Архивирано од изворникот на 2018-04-29. Посетено на 2018-05-17.