Халид Бешлиќ
Халид Бешлиќ (20 ноември 1953) е еден од најпознатите пејачи на народна музика од Босна и Херцеговина.
Халид Бешлиќ | |
---|---|
Халид Бешлиќ на концерт во Торонто (2007) | |
Животописни податоци | |
Роден(а) | 20 ноември 1953 г. (70) Сколац, Србија, СФРЈ |
Жанрови | турбофолк |
Занимања | Музичар, текстописец |
Период на активност | 1979-денес |
Издавачи | Комбанк арена |
Соработници | Синан Сакиќ, Харис Џиновиќ |
Кариера
уредиСо музика почнал да се занимава уште во раната младост. Настапувал на училишните и останатите маалски културни приредби. По отслужувањето на воената обврска се преселил во Сараево и пеел по тамошните ресторани и кафеани. По неколкугодишни настапи од тој вид, во 1979 г. го снимил својот прв албум. Во досегашната активна кариера има снимено 17 албуми. Доживеал тешка сообраќајна несреќа во 2009 г. но на негова голема среќа останал жив и ја продолжил музичката кариера.[1]
Албуми
уреди- Сањам мајку – 1979
- Пјесма о њој – 1979
- Нећу дијаманте – 1983
- Ех, кад би ти рекла волим те – 1983
- И занесен том љепотом – 1984
- Есма Чесма – 1985
- Мостови туге – 1986
- Заједно смо јачи – 1987
- Отров ми дајте – 1988
- Сарајево граде мој – 1990
- Љиљани – 1991
- Граде мој – 1992
- Не зови ме не тражи ме – 1996
- Робиња – 1998
- У име љубави – 2000
- Први пољубац – 2003
- 08 – 2007
Наводи
уреди- ↑ Вечерни Новости: Халид Бешлиќ бил тешко повреден Проверено на 21 јули 2012
Надворешни врски
уреди- Официјалното мрежно место Архивирано на 7 април 2014 г.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |