Палеокоприја
Палеокоприја (грчки: Δασάκι, Дасаки; до 1950 г. Παλαιοκόπρια, Палеокоприја[2]) — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес во општината Гребен на Гребенскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 11 жители (2011).
Палеокоприја Δασάκι | |
---|---|
Координати: 40°12′N 21°21′E / 40.200° СГШ; 21.350° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Гребен |
Општина | Гребен |
Општ. единица | Ираклеотес |
Надм. вис. | 775 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 11 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото е сместено на надморска височина од 775 м, околу 15 км северозападно од градот Гребен.[3]
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиВо XIX век Палеокоприја било грчко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот Санџак.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Палеокапра се води како чисто грчко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот санџак со 13 куќи.[4]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Палеокоприја живееле 75 Грци.[5]
Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Палеокоприја живееле 60 Грци христијани.[6]
Во Грција
уредиПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 37 жители. Нивниот број во 1920 г. се зголемил на 40.[3]
Во 1950 година, името на селото било променето во Дасаки (Δασάκι).
Стопанство
уредиНаселението произведува жито, тутун и други земјоделски производи. Во помала мера е застапено и сточарството.[3]
Население
уредиВо пописот од 1913 година, селото било забележано со 37 жители, во 1920 година со 40 жители, во 1928 година со 59, во 1940 година со 86, во 1951 година со 48, во 1961 година со 48, во 1971 година со 22, во 1981 година со 35, а во 1991 година со 32 жители.[3] Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 86 | 48 | 48 | 22 | 35 | 32 | 19 | 11 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
уредиСелото припаѓа на општинската единица Ираклеотес со седиште во селото Чурхли, која припаѓа на поголемата општина Гребен, во округот Гребен. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Стихази, во кој влегува и селото Стихази.
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Πανδέκτης: Palaiokopria -- Dasakion“. pandektis.ekt.gr. Посетено на 2023-08-02.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 124–125.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 72.
- ↑ „Makedonija. Etnografija i statistika - 2.46“. www.promacedonia.org. Посетено на 2023-08-02.
- ↑ Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.