Павле Илиев
Павле Илиев или Павле Раковски (грчки: Παύλος Ηλία Ρακοβίτης, Павлос Илија Раковитис) e андартски капетан и учесник во Борбата за Македонија.
Павле Илиев | ||
Роден | ? Раково, Леринско | |
---|---|---|
Починал | 13 октомври 1908 Раково, Леринско |
Животопис
уредиПавле Илиев е роден во леринското село Раково, Леринско. Во 1905 година се приклучил на грчката вооружена пропаганда и влегол во андартската чета на Евтимиос Каудис, кој дејствувал во околината на Баба Планина. Оваа чета на двапати имала судир со четите на Македонската револуционерна организација. Илиев подоцна преминал во четата на Георгиос Макрис и станал негов заменик.
По тешкото ранување на Макрис во 1906 година кај Магарево, Илиев застанал на чело на четата и заедно со четите на Георгиос Цондос (Вардас) и Јоанис Каравитис ги обиколувал Корешница и Пелагонија.
На 21 октомври 1906 година Илиев заедно со андарскиот капетан Симо Стојанов (Симос Јоанидис) влегол во селото Кладороби, по влегувањето на андратските чети биле убиени двајца селани, тројца биле ранети, а една куќа била запалена.[1]
На 8 октомври 1907 година четите на Петар Ацев, Ѕоле Стојчев и Крсто Љондев го нападнале родното село на Илиев, Раково, во нападот бил убиен таткото на Павле Илиев, а биле запалени 70 куќи. Во ноември 1908 година Илиев го убил војводата Димко Николов.[2]
Илиев поради своите ајдучки манири дошол во судир со грчкиот комитет. На 13 октомври 1908 година Илиев бил убиен од Младотурците.[3][4][5]
По Павле Илиев е именуван силогосот во родното му село,[6] а во 1960 година е подигната негова биста.[7][8][9]
Наводи
уреди- ↑ Δ. Λιθοξόου - Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Φλώρινας / Κ
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 48.
- ↑ Ιερός Αγών[мртва врска]
- ↑ „Ένας αιώνας από τη λήξη του Μακεδονικού Αγώνα“. Архивирано од изворникот на 2009-05-01. Посетено на 2011-01-04.
- ↑ 13 ΟΚΤΩΒΡΙΟΥ 1908 ΞΕΚΙΝΑΕΙ ΣΥΣΤΗΜΑΤΙΚΗ ΕΞΟΝΤΩΣΗ ΤΩΝ ΕΛΛΗΝΩΝ ΟΠΛΑΡΧΗΓΩΝ
- ↑ Δήμος Κάτω Κλεινών[мртва врска]
- ↑ "Εκεί που χάνονται τα αγάλματα". Κυριακάτικη Ελευθεροτυπία, 26/11/2000.
- ↑ Νικολάου Λούστα, "Οι Μακεδόνες καπετάνιοι Σίμος από τα Άλωνα και Παύλος Ρακοβίτης μιλούν σε απόρρητη έκθεσή τους", Μακεδονική Ζωή, τ. 207 (1983), σσ. 34-36.
- ↑ Γεωργίου Δικωνύμου Μακρή, "Ο Μακεδονικός Αγών (Απομνημονεύματα)", Θεσσαλονίκη 1959, σσ. 36, 38, 300, 303