Стојан Цицов
Стоян Цицов (грчки: Στέφος Τσίτσου, Стефос Цицу), познат како капетан Цицос (καπετάν Τσίτσος) — македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација, по засилувањето на грчката вооружена пропаганда застанал на страната на грчката кауза предводејќи андартска чета и учествувајќи во Борбата за Македонија.
Стоян Цицов | ||
Роден | ? Бешиште, Македонија | |
---|---|---|
Починал | ? ? |
Животопис
уредиСтојан Цициов е роден во мариовското село Бешиште, тогаш во Османлиското Царство. По засилувањето на македонското револуционерно движење се приклучил во Македонската револуционерна организација и станал војвода на чета со која го обиколувал Мариово сè до 1906 година.
Цицов со својот помошник Брајан Трајков (Μπραγιάννης Τράικος) од Живово [1] и целата чета по засилувањето на грчката вооружена пропаганда преминал на страната на грчката кауза.
Цицов како андартски капетан го обиколувал Прилепско и успеал под своја контрола, откако ги ликвидирал дејците на Македонската револуционерна организација [2], да ги контролира селата Врпско, Живово, Витолиште, Полчиште, Бешиште и Манастир.
Во 1907 година Цицов и Трајков побарале средба со четата на Иван Смичков, но на договорената средба не присуствувале. Марко Христов до Витолишта и Трајко Зојката ги ликвидирале андартите на Цицов, Васил и Мерко, а Стале Чашулков го ослободиле.
Во Полчиште и Бешиште, мариовската чета на Македонската револуционерна организација ги ликвидирала братот на Трајков и Петар Севдиков. Како одговор на овие ликвидации, андартите ги нападнале селаните од Витолиште, но биле сочекани во заседа во која биле убиени неколку андарти [3].
Во реонот на Цицов како помош дошол андартскиот капетан Константинос Кутас (капетан Гуда) со својата чета, но бил елиминиран од мариовската чета меѓу Живово и Врпско, во борбата учествувале и андартите на Цициов, а подоцна андартската чета бил разбиена од Васил Балевски во Полчиште.
Во 1912 година Цицов и Трајанов раководеле две андартски чети во Мариово [4].
Извори
уреди- ↑ „ΕΘΝΟΛΟΓΙΚΗ ΣΥΣΤΑΣΗ ΤΗΣ ΜΑΚΕΔΟΝΙΑΣ ΣΤΙΣ ΑΡΧΕΣ ΤΟΥ 20ού ΑΙΩΝΑ“. Архивирано од изворникот на 2010-10-23. Посетено на 2011-02-02.
- ↑ „Спомени на двама четници на ВМОРО 1904-1908“, „Акшеана 2007“, София, 2008 г., стр. 34
- ↑ „Спомени на двама четници на ВМОРО 1904-1908“, „Акшеана 2007“, София, 2008 г., стр.54-56
- ↑ Георгиев, Величко, Стайко Трифонов, История на българите 1878 - 1944 в документи, том 1 1878 - 1912, част втора, стр. 276- 277.