Ѕоле Стојчев

македонски револуционер

Ѕоле Стојчев Гергев познат и како Ѕоле-војвода, Атеш-паша (1867, с. Баница, Леринско - 31 декември 1909, Лерин),[1] — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.[2]

Ѕоле Стојчев Гергев
Роден 1867
Баница, Леринско, Егејска Македонија
Починал 31 декември 1909
Лерин, Егејска Македонија

Животопис уреди

Ѕоле Стојчев е роден в Баница, Леринско тогаш во Османлиското Царство. По влегувањето во Македонската револуционерна организација најпрво бил курир и терорист. Станал четник при војводата Тане Стојчев, а од 1903 година бил лерински војвода, во востаничкиот пункт на планината Кајмакчалан. Учествувал во повеќе борби: кај Беловодица, кај Осои, Попадија, Чеганските Планини и на други места.[3] Во летото 1903 година учествувал во Илинденското востание. По востанието станал околиски војвода. На 11 март 1905 година, здружените чети на Тане Стојчев и Sоле Стојчев имале судир со османлиските сили кај селото Жерви, при што Турците имале големи загуби. По Младотурската револуција, Ѕоле Стојчев се вработил во локалната полиција. Потоа,
најпрво учествувал во Сојузот на бугарски уставни клубови, а потоа во Народната федеративна партија. Ha еден митинг во Лерин, на 31 декември 1909 год. Ѕоле рекол:

Б р а ќ а, Треба да работиме за конституционализам, во тоа со Турците ние на дело да се побратимиме, за да ја завардиме територијалната целина на Македонија. Тој е нашиот спас. Инаку ние стануваме објект за освојување од надворешни грабачи, коишто бараат богатство во нашата богата земја — Македонија[4]

Убиен е во Лерин во 1909 година од страна на некој Турчин, по една грчка провокација.

Во спомен на неговите херојства, Ѕоле војвода е опеан во народната песна „Брале се собрале“.[5]

Брале се собрале

Брале се собрале, сите ми селани,
сите селани, сите баничани,

За да ми оде во града Лерина,
во града Лерина, во ладна меана,

Во ладна меана, турска кафеана,
турска кафеана кафе да ми пие.

Оздола иде црната кочија,
ју кочија иде Ѕоле отепан,
Ѕоле отепан, Ѕоле војводата.

Извори уреди

  1. „ВМРО-историја“. Архивирано од изворникот на 2010-04-03. Посетено на 2010-07-16.
  2. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001.
  3. Македонска енциклопедија, 2009, МАНУ, стр. 503
  4. Македониум
  5. Сокол ми лета високо - Збирка народни песни од Егејска Македонија, Скопје: КУД Гоце Делев - Скопје, 1978, стр. 28.

Галерија уреди