Народноослободителен баталјон „Страшо Пинџур“
Народноослободителен баталјон „Страшо Пинџур“ (Прв баталјон на Третата оперативна зона на НОВ и ПОМ) — воена единицица на НОВ и ПОМ[1]. Бил формиран на планината Кајмакчалан односно Ниџе на 24.IX.1943 од 126 борци на НОПО „Добри Даскалов“, НОПО „Сава Михајлов“ и главнината на Битолскиот НОПО „Гоце Делчев“[1].
Народноослободителен баталјон „Страшо Пинџур“ | |
---|---|
Формирањето на народноослободителниот баталјон „Страшо Пинџур“ (1943) | |
Активна | 24 септември 1943 - 20 декември 1943 |
Битки | НОБ |
Заклетва на баталјонот
уредиПри образувањето на баталјонот на 24 септември 1943 година на Кајмакчалан, борците ја дале следната заклетва:[2][3]
КЛЕТВА
Се колнам во својата чесна дума оти верно и достојно ќе се борам во редовите на Народно-ослободителната војска и партизанските одреди на македонскиот народ, за националната слобода и рамноправност на својот народ до крајното истеруење на германските-италијанските окупатори и нивните блгарски и албански слуги и против сите издајници на нашиот народ.
СМРТ НА ФАШИЗМОТ - СЛОБОДА НА НАРОДОТ
ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!
Акции на баталјонот
уредиВо нападот на рудникот Дудица на планината Кожуф на 2 октомври 1943 биле убиени 10 непријателски војници, а на баталјонот му се приклучиле 80 рудари[1]. Во нападот на бугарската гранична посада во Лукар, јужно од с.Конопиште на планината Кожуф, извршен на 19.Х. биле заробени 30 бугарски војници и еден подофицер, а во нападот на германската посада на железничкиот мост кај с.Острово во Леринско на 26.Х. биле убиени 2 Германци и заробени 7 Мароканци[1]. Поради бројното зголемување, од издвоени 113 борци на 30.Х. бил формиран Вториот баталјон на Третата оперативна зона на НОВ и ПОМ[1].
Во нападот на селото Радња Демиркаписко на 8 ноември 1943 биле заробени 12 контрачетници на одредот „Цар Калојан“, а на 12.XI. при влегувањето во турските села Вешје и Бесвица на борците од баталјонот им се приклучиле неколку Турци[1]. Во средината на ноември, кај селата Радња и Бохула баталјонот водел борба со бугарска колона при што загинале 5 партизани и 14 бугарски војници[1]. Во селото Бегниште на 18.XI. била запалена општинската зграда, а во нападот на касарната во гевгелиското село Конско и две гранични караули на планината Кожуф биле заробени околу 60 бугарски војници. Во повеќе села формирал НОО[1]. Баталјонот бил расформиран на 20.XII.1943 во селото Фуштани во Меглен, Егејска Македонија каде влегол во составот на Втората македонска НОУ бригада[1].
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 1,8 Младеновски, Симо (2009). „Народноослободителен баталјон „Страшо Пинџур"“. Во Блаже Ристовски (уред.). Македонска енциклопедија. 2. Скопје: МАНУ. стр. 1017–1018. ISBN 978-608-203-024-1 (2) Проверете ја вредноста
|isbn=
: invalid character (help).CS1-одржување: користи параметар editors (link) - ↑ Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: ИНИ. 1976. стр. 299.
- ↑ Втора македонска ударна бригада. Скопје: Наша книга. 1973. стр. 250.CS1-одржување: датум и година (link)