Општина Крањска Гора
Општина Крањска Гора (словенечки: Občina Kranjska Gora) — општина во северозападна Словенија. Седиште на општината е населбата Крањска Гора. Областа е дел од историскиот регион Горењска. Се наоѓа крај реката Сава Долинка, на тромеѓата помеѓу Словенија, Австрија, Италија. Во 2020 г. населението броело 5.225 жители.[1] Денес е дел од Горењскиот статистички регион.
Општина Крањска Гора Občina Kranjska Gora | ||
---|---|---|
општина | ||
Местоположба на општината во Словенија | ||
Земја | Словенија | |
Седиште | Крањска Гора | |
Управа | ||
• Градоначалник | Јанез Хроват | |
Површина | ||
• Вкупна | 256,3 км2 (990 ми2) | |
Население (2020)[1] | ||
• Вкупно | 5.225 | |
• Густина | 2,0/км2 (5,3/ми2) | |
Час. појас | CET (UTC+01) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+02) | |
Мреж. место | kranjska-gora.si |
Населени места
уредиПокрај општинското седиште Крањска Гора, општината ги опфаќа и следните населени места:
Географија
уредиОпштината е сместена во алпската Горносавската Долина на крајниот северозапад на земјата, на тромеѓата со Италија и Австрија. Од север и југ над долината се издигаат Караванките и Јулиските Алпи. На исток границата минува веднаш под гратчето Јесенице, каде долината се проширува кон Радовљица, протегајќи се на запад долж вододелницата меѓу реките Сава и Зиљица (Злица), западно од Ратече. На север превојот Коренско Седло (Вурценпас) кај Подкорен води до австриското гратче Арнолдштајн (Подклоштер) во Корушка, а на југ превојот Вршич ја поврзува општината со Трента на Словенечкото приморје.
Горносавската Долина се одликува со алпска клима со долги снежни зими и покуси лета со умерени температури, источни ветрови и доволно врнежи з да се одржи нејзината зеленост. Зимата трае по четири до пет месеци, од кои четири се под снежна покривка. Најниската дневна температура во јануари изнесува -8 °C, а во просек е малку над нулата. Во најтоплите летни месеци просечна температура е 10 °C наутро, искачувајќи сè до 23 °C во текот на денот. Зиме се забележуваат големи разлики помеѓу сончевите и осојните падини на долината. Сончевите се погодни за планинарење и пешачење, додека пак осојните ја задржуваат снежната покривка.
Галерија
уреди-
Планината Јаловец
-
Црква во Гозд Мартуљек
-
Северната страна на Триглав
-
Планинсрскот дом Аљаж
-
Планинарскиот дом Шлајмер
-
Јулиските Алпи од Крањска Гора
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Prebivalstvo po naseljih, podrobni podatki, Slovenija, 1. januar 2020“. Statistični urad Republike Slovenije. 8 јуни 2020. Посетено на 8 јуни 2020.
Надворешни врски
уреди- Општина Крањска Гора на Ризницата ?
- Матична страница