Вршич
Превој Вршич – алпски превој, највисок преслап во Словенија. Се наоѓа на Јулиските Алпи на 1.611 метри надморска висина меѓу врвовите Мојстровка (2.332 м) и Присојник (2.547 м). Тој е најнизок премин од долината на Соча во долината на Сава. Ја поврзува покраината Горењска со Трента. Патот бил изграден за снабдување на австрискиот фронт во Италија, а го изградиле во многу тешки услови околу 10.000 руски воени заробеници во Првата светска војна.[1] Многумина починале заради лошите услови и снежните луњи. На настраданите 300 руски војници денес потсетува Руската капела која стои на патот кон врвот. Покрај капелата се наоѓа масовна гробница – пирамида со натпи „На синовите на Русија“.
Вршич Vršič | |
---|---|
Превојот Вршич | |
Надм. вис. | 1611 m |
Пат | Руски пат |
Место | Горењска, Словенија |
Венец | Јулиски Алпи |
Координати | 46°26′8″N 13°44′40″E / 46.43556° СГШ; 13.74444° ИГД |
Патот од Крањска Гора до врвот е долг 9 километри и со висинска разлика од 811 метри. Секоја година во септември се организира велосипедска рекреативна трка Јуриш на Вршич. На патот кон врвот има три планински дома: Коча на Гозд (1.226 м), Ерјавчева коча (1.515 м), Тичарјев дом (1.620 м) и највисоко на планината е Поштарскиот дом (1.725 м), кој е над превојот Вршич, малку под планинскиот врв Вршич.
На Вршич сè уште се видни утврдувања од Првата светска војна.
Галерија
уреди-
Превојот Вршич
-
Првата серпентина (кривина од гранитна коцка) на висина од 911 метри
-
Кривине се направени од гранитни коцки
-
Поглед на 23. серпентина (кривина од гранитна коцка) на висина од 1539 метри
Поврзано
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди„Вршич“ на Ризницата ? |