Олена Володимирвна Зеленска (украински: Олена Володимирівна Зеленська; роденa Кијашко , украински: Кіяшко; родена на 6 февруари 1978 година) е украински сценарист која е актуелна прва дама на Украина како сопруга на претседателот Володимир Зеленски. [3] Зеленска била прогласена од магазинот Time како една од 100-те највлијателни личности во 2023 година. [4]

Олена Зеленска
Олена Зеленська
Официјален портрет, 2021
Прва дама на Украина
На должноста
Стапил
20 Mај 2019[1]
Претседател Володимир Зеленски
Претходник Mарина Порошенко
Лични податоци
Роден(а) Олена Володимирвна Кијашко
6 февруари 1978(1978-02-06)(46 г.)
Kрив Рог, СССР
Сопружник Володимир Зеленски
 (в. 2003)
Деца 2
Установа Универзитет во Крив Рог
Занимање
  • Сценарист
Награди BBC 100 Жени (2022)[2]

Ран живот и кариера

уреди

Олена Кијашко е родена на 6 февруари 1978 година во Крив Рог, Украинска ССР . [5] [6] Учела во гимназија во Крив Рог, каде го запознала нејзиниот иден сопруг, Володимир Зеленски. [6] [7] Во 2000 година таа дипломирала на Техничкиот универзитет во Крив Рог, со насока „Урбан и градежен менаџмент“. Има диплома и од музичко училиште за свирење на пијано. [8]

 
Володимир Зеленски и Олена Зеленска на православна молитвена служба во Истанбул на 16 октомври 2020 година

Во 2003 година, таа и Зеленски се венчале. [9] [8] Олена и Володимир Зеленски имаат две деца: ќерка Олександра (родена на 15 јули 2004 година) и син Кирило (роден на 21 јануари 2013 година). [9] Семејството има неколку домашни миленици: две кучиња, мачка, папагал и морско прасе. [10] Зеленска сака спорт, сака да чита и е љубител на кинематографијата. [11] Семејството живее во Киев. [12]

Професионална кариера

уреди

Олена Зеленска е сценарист на студиото Квартал 95 од неговото основање. [6]

Прва дама на Украина

уреди

Социјални активности пред руската инвазија

уреди
 
Олена Зеленска држи говор на годишната конференција на амбасадори на Украина.

Социјалните активности на првата дама на Украина пред војната имале три главни насоки: здравјето на идните генерации, еднакви можности и културна дипломатија. [13]

Олена Зеленска иницирала и проекти како што се подобрување на системот за исхрана во училиштата [14] и развој на Националната стратегија за безбедна училишна средина, [15] борба против семејното и родово насилство, средина без бариери, [16] и воведување на аудио водичи во украинските музеи ширум светот. [17]

На 3 декември 2020 година, претседателот го потпишал указот „За обезбедување на создавање простор без бариери во Украина“. Тогаш, на иницијатива на Првата дама, била усвоена Националната стратегија без бариери - стандарди за еднакви можности за сите групи на население - како и Акционен план за надминување на бариерите - патоказ за секој оддел на стратегијата. [18] [19] [20]

На 13 јануари 2020 година, Олена стана член на Советот за развој на Националниот музеј на уметнички арсенал во Киев. [21]

 
Олена Зеленска на Петтиот конгрес за жени во Украина во 2021 година

На 11 септември 2020 година, на нејзина иницијатива, Украина се приклучила на партнерството Бијариц, [22] преземајќи обврски во областа на родова еднаквост и развојот на јавен простор без бариери. [23]

Во 2021 година исто така на нејзина иницијатива била воведена голема реформа во училиштата во врска со училишните оброци. Било претставено ново мени за храна во училиштата, започнала модернизацијата на капацитетите за складирање храна и започнала кампања на УНИЦЕФ во Украина за здрава исхрана на децата и родителите.

Како дел од иницијативите на Првата дама на Украина, биле пуштени во употреба повеќе од 50 аудио водичи на украински јазик во културни институции во повеќе од 30 земји. [24] Проектот започнал во 2020 година. [25] [26] [27] [28] [29] [30] [31] [32] [33] [34] [35] [36] [37]

 
Олена Зеленска на самитот на првите дами во Киев

На 23 август 2021 година, во Киев се одржал Првиот самит на првите дами во Киев на иницијатива на Олена Зеленска. [38] На настанот учествувале 11 први дами од различни земји. Главна тема на дискусијата била пост-COVID реалноста. На крајот на настанот, учесниците потпишале заедничка декларација. [39]

Целта на овој самит била да се обединат првите дами од повеќе земји и да создадат меѓународна платформа за споделување на искуства и спроведување на заеднички проекти за благосостојба на луѓето во светот; да разговараат за тековните проблеми во светот. [40]

Социјални активности по руската инвазија

уреди

По руската инвазија на Украина во 2022 година, Зеленска била опишана како мета број два на Русија. Во средината на март истата година таа заминала на скриена и непозната локација во Украина. Набрзо по инвазијата било споделено видео во кое зборува за децата убиени во инвазијата и ги кажува нивните имињата. [41] За време на војната, нејзините активности се фокусирале на хуманитарна помош, особено на евакуација на децата со попреченост во Полска и увоз на инкубатори во болниците во областите зафатени од војната. [42] Зеленска прв пат јавно се појавила од почетокот на инвазијата на средбата со Џил Бајден на 8 мај 2022 година во Ужхород . Патувањето на Бајден во Украина на средбата, не било јавно објавено однапред. [43]

Исто така на иницијатива на Првата дама се одвивале проекти од областа на медицината: евакуација на деца со тешки заболувања, како рак во странство со понатамошно лекување таму, како и испорака на опрема за детските болници, особено инкубатори за новороденчиња. [44]

Од хуманитарен аспект Олена Зеленска исто така е вклучена во активности за испраќање на деца без родители на подолг престој во странство. Првата дама ја надгледува и работата на хуманитарната помош за сиропиталишта, многудетните семејства и старите лица кои останале и живеат на ослободените територии со цел да се зајакне врската со татковината за насилно раселените лица, Првата дама го иницирала и проектот „Книги без граници “. [45] Испечатени биле 260.000 книги на украински за децата кои ги напуштиле своите домови поради руската агресија и нашле засолниште во 20 земји. [44]

Проектот „Украинска полица за книги“ се спроведува под покровителство на Првата дама. [46] Оваа иницијатива предвидува дистрибуција на украинска литература и преводи на неа во водечките светски библиотеки. Повеќе од 20 земји веќе се приклучиле на иницијативата. [44]

Во „Прирачникот без бариери“ што го лансирала Првата дама, [44] постои дел со совети и упатства за време на војната за семејствата кои имаат лица со попреченост, постарите лица и нивните најблиски и лицата со посебни потреби. [47]

Во мај 2022 година, Олена Зеленска го иницирала создавањето на Националната програма за ментално здравје и психосоцијална поддршка. [48] Програмата е дизајнирана да им помогне на Украинците да ги надминат последиците од трауматичните настани од војната. [49]

 
Олена Зеленска, американскиот претседател Џо Бајден и првата дама на САД Џил Бајден, американската потпретседателка Камала Харис и сопругот на американската потпретседателка Даг Емхоф
 
Олена Зеленска држи говор во американскиот Конгрес
 
Директорката на УСАИД Саманта Пауер и Олена Зеленска во седиштето на УСАИД во 2022 година

На 19 јули 2022 година, Зеленска заминала во посета на САД. [50] Зеленска на првиот ден од посетата се сретнала со американскиот државен секретар Антони Блинкен и Саманта Пауер, директор на Агенцијата за меѓународен развој на САД . На вториот ден од посетата, таа во Белата куќа остварила средба со првата дама на САД, Џил Бајден . [51] Зеленска во Белата куќа се сретнала и со американскиот претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис. [52]

Зеленска се обратила и пред американскиот Конгрес на вториот ден од нејзината посета, со што за прв пат прва дама на друга држава зборувала пред американскиот Конгрес. Таа побарала поголема воена помош за украинските вооружени сили за заштита на земјата од руската инвазија. [53] [54]

Зеленска го посветила почетокот на својот говор на семејствата и децата погодени од руската инвазија на Украина. [51] На својот говор таа покажала слика од четиригодишната Лиза Дмитријева, која била убиена во воздушен напад во централно-западниот град Виниција. [53] Зеленска покажала и фотографии и видеа од жртвите на нападот во трговскиот центар Кременчук како и други слики од бројни цивилни жртви на руската инвазија. [55]

За време на својота посета во САД, Зеленска, во име на целиот украински народ, ја примила и наградата за човекови права во Меморијалниот центар на жртвите на комунизмот во Вашингтон. [51]

На 23 јули истата година, Украина била домаќин на вториот по ред самит на првите дами кој бил посветен на повоената обнова на Украина. [56] Во рамки на Самитот било најавено собирање средства за возила на Брза помош за Украина. Вкупно биле собрани 6,4 милиони американски долари, што овозможило купување на 84 возила за брза помош за Министерството за здравство на Украина . Овие амбулантни возила биле со опрема за се што е потребно за брзо и безбедно транспортирање на тешко повредените во болниците.

Во септември 2022 година, Зеленска била поканета и присуствувала на третото обраќање на Урсула фон дер Лајен за состојбата на Европската унија, каде што претседателката на Комисијата на ЕУ и оддала почит за нејзината храброст за време на војната во Украина. [57]

На 19 септември 2022 година, Зеленска присуствувала на државниот погреб во Лондон на кралицата Елизабета Втора. [58]

На 2 октомври 2022 година, Зеленска ја посетила Турција, каде што разговарала со турската прва дама Емине Ердоган,за евакуација на украинските деца без родители во Турција, таа исто така се сретнала и со вселенскиот патријарх Вартоломеј I. [59]

На 16 мај 2023 година, Зеленска ја посетила Јужна Кореја во својство на специјален претседателски претставник. Претседателот Јун Сук Јеол од Јужна Кореја изјавил дека „Јужна Кореја ќе обезбеди помош за нејзината земја во тесна координација со меѓународната заедница“. [60]

Социјалните мрежи и неколку новински куќи во Франција ја обвиниле Зеленска дека потрошила над 40.000 евра за време на шопинг во Париз, за време на нејзината посета во декември, меѓутоа подоцна, овие тврдења се покажале како лажни и првично претставени од проруските медиуми. [61] [62]

Фондација Олена Зеленска

уреди
 
Хилари Клинтон и Олена Зеленска за време на презентацијата на фондацијата

На 22 септември 2022 година, Олена Зеленска го претставила формирањето на својата фондација на добротворна вечер во Њујорк за време на 77-то Генерално собрание на ОН. [63]

Примарната цел на Фондацијата била да ги врати украинците назад во Украина, така што секој Украинец да се чувствува безбеден, заштитен и способен да го оствари своето право на образование, работа и градење иднина во Украина. [64]

Фондацијата има три клучни насоки: медицина, образование и хуманитарна помош . Во овие области било предвидено да се обезбеди помош, да се инвестира во реконструкција на предучилишни и училишни образовни установи, поликлиники и амбуланти и исто така било предвидено фондацијата да дава грантови за обука и научни достигнувања. Фондацијата ги гледала странските бизниси и другите меѓународни фондации како свои клучни партнери и донатори.

Награди

уреди

Зеленска ја добила наградата ShEO 2022 во номинацијата „Светски мир“. [65] Наградата е основана од магазинот Wprost, една од највлијателните и најстарите публикации во Полска.

 
Зеленска на средба со американскиот државен секретар Антони Блинкен во 2022 година

На 6 декември 2022 година, првата дама на Украина Олена Зеленска ја добила наградата „Хилари Клинтон", кои годишно ги доделува Институтот за жени, мир и безбедност во Џорџтаун за исклучителното лидерство во промовирањето на правата на жените и создавање помирен и побезбеден свет за сите. [66]

Во ноември 2023 година, Олена Зеленска била прогласена за една од 25 највлијателни жени во светот според Фајненшл Тајмс. [67] [68]

Наводи

уреди
  1. 'Beautiful Melania': Elena Zelenskaya became the first lady of Ukraine and published the first photos on Instagram. PHOTO, VIDEO“. ForumDaily Woman (англиски). 20 May 2019. Посетено на 21 October 2023.
  2. „BBC 100 Women 2022: Who is on the list this year?“. BBC News (англиски). Посетено на 2022-12-10.
  3. „Main facts about Ukraine's next first lady Olena Zelenska“. KyivPost. 24 April 2019. Архивирано од изворникот на 26 September 2020. Посетено на 26 April 2019.
  4. Jill Biden (2023-04-13). „Olena Zelenska“. Time. Time Person of the Year.
  5. „СПІКЕРИ – Олена Зеленська – Перша леді України“. Ukrainian Women's Congress. 9 December 2019. Архивирано од изворникот на 1 September 2021. Посетено на 1 September 2021.
  6. 6,0 6,1 6,2 Walker, Shaun (18 June 2022). „Ukraine's first lady Olena Zelenska on being Russia's target No 2: 'When you see their crimes, maybe they really are capable of anything'. The Guardian. Посетено на 19 June 2022.
  7. „Volodymyr Zelensky“.
  8. 8,0 8,1 Rose, Hilary (15 March 2022). „Olena Zelenska, Ukraine's shy first lady, steps up“. The Times. Посетено на 19 June 2022.
  9. 9,0 9,1 „ru:Зеленский Владимир“ (руски). Архивирано од изворникот на 2 January 2019. Посетено на 19 August 2020.
  10. „Olena Zelenska told about relationship with her husband and reluctance to be the first lady“. 1plus1.ua (украински). 2019-05-20. Посетено на 2023-07-02.
  11. „Olena Zelenska told what she wants to do after her husband's victory“. fakty.com.ua (украински). 2019-04-22. Посетено на 2023-07-02.
  12. Празен навод (help)
  13. „The First lady of the country. What does the President's wife Olena Zelenska do?“. hromadske.ua (украински). 2021-06-26. Посетено на 2023-07-03.
  14. Вікторія Коломієць (18 November 2019). „Перша леді вирішила зайнятися реформою харчування у школах“. Hromadske.TV. Архивирано од изворникот на 1 September 2021. Посетено на 1 September 2021.
  15. „Как обезопасить школьные столовые: Зеленская приглашает присоединиться к онлайн-обучению“ (руски). Ukrinform. 20 November 2019. Архивирано од изворникот на 24 November 2020. Посетено на 1 September 2021.
  16. „Дружина Зеленського запросила українців до розмови“ [Zelensky's wife invited Ukrainians to talk] (украински). Ukrayinska Pravda. 6 May 2020. Архивирано од изворникот на 25 February 2022. Посетено на 1 September 2021.
  17. „Olena Zelenska presented a Ukrainian audio guide for the National Museum of Qatar“. president.gov.ua (англиски). 2022-12-07. Посетено на 2023-07-03.
  18. Павло Калашник (6 May 2020). „Дружина Зеленського запросила українців на "велику розмову про безбар'єрність". hromadske.ua. Архивирано од изворникот на 25 February 2022. Посетено на 1 September 2021.
  19. „По инициативе Зеленской в "Дії" будет раздел для незащищенных групп населения“ (руски). Укрінформ. 2 December 2020. Архивирано од изворникот на 25 February 2022. Посетено на 1 September 2021.
  20. „За ініціативою Олени Зеленської на порталі "Дія" створять новий розділ з послугами для вразливих груп населення“. Офіс Президента України. 2 December 2020. Архивирано од изворникот на 25 February 2022. Посетено на 1 September 2021.
  21. „Зеленський ввів свою дружину до складу ради "Мистецького арсеналу". РБК-Украина (руски). Архивирано од изворникот на 1 September 2021. Посетено на 13 January 2020.
  22. „Гендерна рівність: перша леді ініціює приєднання України до ініціативи G7 (фото, відео)“. Ukrainian Independent Information Agency. 10 December 2019. Архивирано од изворникот на 9 May 2022. Посетено на 1 September 2021.
  23. „Уряд підтримав ініціативу Олени Зеленської щодо приєднання України до "Партнерства Біарріц". Office of the President of Ukraine. 7 May 2020. Архивирано од изворникот на 20 January 2021. Посетено на 1 September 2021.
  24. „В этом году за рубежом заработали 11 украиноязычных аудиогидов – супруга Президента“ (руски). Укрінформ. 30 December 2020. Архивирано од изворникот на 1 September 2021. Посетено на 1 September 2021.
  25. „У Баку запустили аудіогід українською мовою“. Gazeta.ua. 25 August 2020. Архивирано од изворникот на 9 May 2022. Посетено на 1 September 2021.
  26. Дар‘я Харченко (5 June 2020). „В одному з найбільших музеїв Австрії з'явився україномовний гід“. НВ. Архивирано од изворникот на 21 February 2022. Посетено на 1 September 2021.
  27. Костянтин Гончаров (16 September 2020). „Ще один австрійський музей "заговорив" українською мовою (відео)“. УНІАН. Архивирано од изворникот на 9 May 2022. Посетено на 1 September 2021.
  28. Катерина Денісова (27 December 2020). „У римському Колізеї з'явився аудіогід українською мовою“. НВ. Архивирано од изворникот на 15 February 2022. Посетено на 1 September 2021.
  29. Борис Ткачук (27 December 2020). „У римському Колізеї аудіогід тепер можна послухати й українською мовою“. hromadske.ua. Архивирано од изворникот на 27 December 2020. Посетено на 1 September 2021.
  30. Юлія Каранковська (17 October 2020). „Повторила образ: Олена Зеленська зустрілася з першою леді Туреччини“. ТСН. Архивирано од изворникот на 23 February 2021. Посетено на 1 September 2021.
  31. „В Морском музее Черногории появился аудиогид на украинском“ (руски). Укрінформ. 22 December 2020. Архивирано од изворникот на 1 September 2021. Посетено на 1 September 2021.
  32. „The presidential couple visited Mount Vernon where Olena Zelenska presented a Ukrainian-language audio guide“. President of Ukraine – Official website. 1 September 2021. Архивирано од изворникот на 1 September 2021. Посетено на 2 September 2021.
  33. „Володимир і Олена Зеленські презентували українськомовний гід в Музеї Джорджа Вашингтона“. Ukrinform. 1 September 2021. Архивирано од изворникот на 4 October 2021. Посетено на 4 October 2021.
  34. „Olena Zelenska initiates signing of memorandum on creation of Ukrainian-language audio guides with Fine Arts Museums of San Francisco“. President of Ukraine – Official website. 3 September 2021. Архивирано од изворникот на 6 September 2021. Посетено на 6 September 2021.
  35. „Спорт-шик. Олену Зеленську розкритикували за кросівки у Версалі“. NV. 19 April 2021. Архивирано од изворникот на 18 February 2022. Посетено на 4 October 2021.
  36. Uliana Kupnovytska (19 May 2021). „Леді Зе. Як Олена Зеленська справляється з обов'язками першої леді“. Focus. Архивирано од изворникот на 4 October 2021. Посетено на 4 October 2021.
  37. Ksyusha Savoskina (26 June 2021). „Перша леді країни. Чим займається дружина президента Олена Зеленська“. Hromadske. Архивирано од изворникот на 4 October 2021. Посетено на 4 October 2021.
  38. „In Kyiv, the first ladies from different countries launched an international platform for solving humanitarian problems around the world“. Office of the President of Ukraine. 23 August 2021. Архивирано од изворникот на 19 October 2021. Посетено на 4 October 2021.
  39. „Kyiv Summit of First Ladies and Gentlemen starts“. Ukrinform. 23 August 2021. Архивирано од изворникот на 17 September 2021. Посетено на 4 October 2021.
  40. „Olena Zelenska told about the format of the second Summit of First Ladies and Gentlemen“. president.gov.ua (украински). 2022-07-08. Посетено на 2023-06-21.
  41. „Ukraine's first lady, decrying deaths of children amid Russia's invasion, pleads for international support“. Washington Post (англиски). ISSN 0190-8286. Архивирано од изворникот на 16 March 2022. Посетено на 16 March 2022.
  42. Amanpour, Christiane; Lyons, Emmet (13 April 2022). 'The number one target is all of us'. CNN. Архивирано од изворникот на 14 April 2022. Посетено на 15 April 2022.
  43. Detrow, Scott (8 May 2022). „Jill Biden visits Ukraine, making her first solo trip to a combat zone as first lady“. NPR. Архивирано од изворникот на 9 May 2022. Посетено на 8 May 2022.
  44. 44,0 44,1 44,2 44,3 „In Year-End Interview Olena Zelenska Talks About Her Work During The War“. kyivpost.com. KyivPost. 2023-01-01.
  45. „Books without borders: literature in Ukrainian for children abroad“. visitukraine.today. 2022-08-05.
  46. „Ukrainian Bookshelf opens in 18 countries“. president.gov.ua. Office of the President of Ukraine. 2022-12-10.
  47. „Olena Zelenska presented the "Barrier-Free Handbook" at the Frankfurt Book Fair“. president.gov.ua. Office of the President of Ukraine. 2022-10-23.
  48. „UNICEF and Ukraine's First Lady unite experts to support children's mental health“. UNICEF. 2022-10-31.
  49. „Olena Zelenska told how the initiative to create the National Program of Mental Health and Psychosocial Support is being implemented“. president.gov.ua (англиски). 2022-12-28. Посетено на 2023-07-03.
  50. "Для мене це був іспит, я його склала": Олена Зеленська про історичний візит до США“. 24tv.ua. Channel 24. 21 July 2022.
  51. 51,0 51,1 51,2 Amy B Wang (20 July 2022). „Ukraine's first lady asks Congress for more arms to counter Russia“. The Washington Post.
  52. Viktoria Hordiyenko (20 July 2022). „Перша леді України зустрілася з президентом США Байденом і його дружиною у Вашингтоні (фото, відео)“. unian.ua. UNIAN.
  53. 53,0 53,1 „Ukraine war has made my son want to be a soldier – Zelenska“. bbc.com. BBC News. 20 July 2022.
  54. Dan Bilefsky, Stephanie Lai, Jim Tankersley (20 July 2022). „Ukraine's first lady tells the U.S. Congress that 'Russia is destroying our people.'. The New York Times.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  55. „Ukraine's first lady appeals to members of Congress for continued support in fight against Russian invasion“. news.yahoo.com. Yahoo! News. 20 July 2022.
  56. Lyse Doucet (2022-11-24). „Olena Zelenska: We will endure“. bbc.com. BBC News.
  57. „2022 State of the Union Address by President von der Leyen“. ec.europa.eu. European Commission. 14 September 2022.
  58. „Ukraine's first lady attends funeral of Queen Elizabeth II as war rages in her country: "She wished us better times". CBS News. 19 September 2022. Посетено на 20 September 2022.
  59. „First Lady holds number of meetings during her visit to Republic of Turkey“. Presidential Office of Ukraine. 2 October 2022. Посетено на 28 November 2022.
  60. „Yoon meets with Ukraine's first lady Zelenska“. Yonhap News Agency. May 16, 2023.
  61. „Fact Check-Image of Ukraine's first lady Olena Zelenska wearing luxury brands is altered“. Reuters (англиски). 2022-12-23. Посетено на 2023-01-30.
  62. Cole, Brendan (2022-12-21). „Fact Check: Did Zelensky's wife go on $40K shopping spree in Paris?“. Newsweek (англиски). Посетено на 2023-01-30.
  63. Francisco Salazar (September 27, 2022). „Metropolitan Opera Hosts Olena Zelenska's Foundation Event“. operawire.com.
  64. „Олена Зеленська презентувала благодійну Фундацію у Нью-Йорку: фото образу першої леді“. Channel 24. September 23, 2022.
  65. „Ołena Zełenska dziękuje redakcji "Wprost". "Chcę podzielić się tą nagrodą ze wszystkimi ukraińskimi kobietami". wprost.pl (полски). Wprost. 2022-06-22.
  66. Olafimihan Oshin (2022-11-30). „Hillary Clinton to honor Ukrainian first lady, Nobel Peace Prize co-winner“. thehill.com. The Hill.
  67. „First Lady of Ukraine is included in the list of the 25 most influential women in the world according to the Financial Times“. president.gov.ua. 2023-11-30.
  68. „The FT's 25 most influential women of 2023“. ft.com. Financial Times. 2023-11-30.

Надворешни врски

уреди