Ентони Блинкен
Ентони Џон Блинкен (англиски: Antony John Blinken; роден на 16 април 1962 г) е американски владин функционер и дипломат. На 26 јануари 2021 г. станал 71-ви државен секретар на Соединетите држави. Од 2013 до 2015 година бил заменик на советникот за национална безбедност, а од 2015 до 2017 година, за време на претседателот Барак Обама, бил заменик државен секретар.[1]
Ентони Блинкен | |
---|---|
Официјален портрет, 2021 | |
71-ви државен секретар на Соединетите Американски Држави | |
На должноста | |
Стапил 26 јануари 2021 | |
Претседател | Џо Бајден |
Претходник | Мајк Помпео |
Лични податоци | |
Роден(а) | Ентони Џон Блинкен 16 април 1962 Јонкерс, Њу Јорк, САД |
Партија | Демократ |
Сопружник | Еван Рајан (в. 2002) |
Образование |
|
Живот и кариера
уредиЕнтони Блинкен е роден на 16 април 1962 година, во Јонкерс, Њујорк, во еврејско семејство. Татко му, Доналд М. Блинкен, во периодот 1994-1997 година бил амбасадор на САД во Унгарија.[2][3][4] Неговите баба и дедо по мајка биле унгарски Евреи.[5] Вујкото на Блинкен, Алан Блинкен, бил американски амбасадор во Белгија .[6][7]
Во периодот 1980-1984 година студирал на Универзитетот Харвард,[8] каде што дипломирал општествени науки и бил ко-уредник на неделното студентско списание Харвард Кримсон.[2][9][10] Во 1988 година ја одбранил својата докторска теза на Правниот факултет на Универзитетот Колумбија.[11][12] По дипломирањето, работел како адвокат во Њујорк и Париз.[13] Блинкен работел со неговиот татко, Доналд, за собирање средства за Мајкл Дукакис, кандидатот на Демократската партија на претседателските избори во САД во 1988 година.[2]
Блинкен имаше високи позиции во надворешната политика во две администрации во текот на две децении.[2] За време на администрацијата на Бил Клинтон, тој бил службеник во Стејт департментот и на високи позиции во Советот за национална безбедност од 1994 до 2001 година.[14] Од 1994 до 1998 година, Блинкен бил специјален асистент на претседателот и виш директор за стратешко планирање и виш директор на NSC за пишување говор.[15] Од 1999 до 2001 година бил специјален помошник на претседателот и виш директор за европски и канадски прашања.[16]
Блинкен ја поддржал инвазијата на Ирак предводена од САД во 2003 година.[17][18] Во 2002 година, бил назначен за директор на Сенатот за надворешни односи, позиција на која останал до 2008 година.[14] Блинкен му помогнал на тогашниот сенатор Џо Бајден, во формулирањето на поддршката на Бајден за американската инвазија на Ирак.[19]
Исто така, бил виш соработник во Центарот за стратешки и меѓународни студии. Во 2008 година, Блинкен работел на претседателската кампања на Џо Бајден,[2] и бил член на преодниот тим Обама-Бајден.[20]
Од 2009 до 2013 година, Блинкен бил заменик-помошник на претседателот и советник за национална безбедност на потпретседателот. На оваа позиција тој помогнал во креирањето на американската политика за Авганистан, Пакистан и јадрената програма на Иран.[21][22] На 20 јануари 2013 година, Блинкен положил заклетва како заменик советник за национална безбедност.[23]
На 7 ноември 2014 година, претседателот Обама објавил дека ќе го именува Блинкен за заменик-секретар.[24] На 16 декември 2014 година, Сенатот го изгласал Блинкен за заменик државен секретар.[25]
Блинкен бил влијателен во формулирањето на одговорот на администрацијата на Обама за анексијата на Крим од страна на Руската Федерација по украинската револуција од 2014 година.[26][27]
Блинкен ја поддржал воената интервенција во Либија во 2011 година [28] и снабдувањето со оружје за сириските бунтовници.[29] Тој го осудил обидот за државен удар во Турција во 2016 година и изразил поддршка за демократски избраната турска влада и нејзините институции, но исто така ги критикувал чистките во Турција.[30] Во април 2015 година, Блинкен изразил поддршка за интервенцијата предводена од Саудиска Арабија во Јемен.[31]
Блинкен работел со Бајден на барањата со американски пари да се надополни израелскиот арсенал на ракети пресретнувачи Железна купола за време на конфликтот Израел-Газа во 2014 година.[32] Во мај 2015 година, Блинкен го критикувал прогонот на муслиманите во Мјанмар и ги предупредил лидерите на Мјанмар за опасностите од антимуслиманското законодавство,[33] велејќи дека муслиманите Рохинги „треба да имаат пат до државјанство. Неизвесноста предизвикана од немањето статус е една од работите што може да ги натера луѓето да си заминат.“ [34]
Во јуни 2015 година, Блинкен тврдел дека преку десет илјади борци на ИСИЛ биле убиени во воздушните напади предводени од Америка против Исламската држава откако коалицијата предводена од САД започнала кампања девет месеци пред тоа.[35]
Државен секретар на САД
уредиБлинкен бил советник за надворешна политика во претседателската кампања на Бајден во 2020 година.[36] На 22 ноември 2020 година, Bloomberg News објавил дека Бајден го избрал Блинкен за свој кандидат за државен секретар.[37] Овие извештаи подоцна биле потврдени од Њујорк Тајмс и други медиуми.[37][38][39]
На 26 јануари, Сенатот го изгласал Блинкен за државен секретар со 78 гласови за и 22 против.[1] Истиот ден Блинкен положил заклетва за државен секретар.[40] Притоа, тој станал третиот поранешен заменик државен секретар кој ја извршува и функцијата државен секретар, по Лоренс Иглбургер и Ворен Кристофер во 1992 и 1993 година, соодветно.[41][42]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Senate confirms Antony Blinken as 71st secretary of state“. AP NEWS. January 26, 2021. Архивирано од изворникот на January 26, 2021. Посетено на 2021-01-26. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „auto“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Horowitz, Jason (September 20, 2013). „Antony Blinken steps into the spotlight with Obama administration role“. The Washington Post. стр. C1. ProQuest 1432540846. Архивирано од изворникот на September 16, 2013. Посетено на September 28, 2013. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „twp“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ „Antony 'Tony' Blinken“. Jewish Virtual Library. 2013. Архивирано од изворникот на November 17, 2015. Посетено на November 16, 2015.
- ↑ „Frehm – Blinken“. The New York Times. December 7, 1957. Архивирано од изворникот на March 24, 2017. Посетено на November 23, 2020.
- ↑ Andriotakis, Pamela (August 25, 1980). „Sam and Judith Pisar Meld the Disparate Worlds of Cage and Kissinger in Their Marriage“. People. Архивирано од изворникот на November 23, 2020. Посетено на November 25, 2020.
- ↑ Russell, Betsy Z. (November 23, 2020). „Why Biden's pick for Secretary of State has a name that's familiar in Idaho politics ...“. Idaho Press (англиски). Архивирано од изворникот на November 29, 2020. Посетено на 2020-12-02.
- ↑ Finnegan, Conor (November 24, 2020). „Who is Tony Blinken? Biden taps close confidante, longtime aide for secretary of state“. ABC News (англиски). Архивирано од изворникот на December 2, 2020. Посетено на 2020-12-02.
- ↑ Rodríguez, Jesús (January 11, 2021). „The World According to Tony Blinken – in the 1980s“. Politico (англиски). Архивирано од изворникот на January 12, 2021. Посетено на 2021-01-12.
- ↑ Uribe, Raquel Coronell; Griffin, Kelsey J. (December 7, 2020). „President-elect Joe Biden Nominates Harvard Affiliates to Top Executive Positions“. The Harvard Crimson. Архивирано од изворникот на January 12, 2021. Посетено на 2020-12-07.
- ↑ „Anthony J. Blinken“. The Harvard Crimson. Архивирано од изворникот на December 10, 2016. Посетено на November 22, 2020.
- ↑ „WEDDINGS; Evan Ryan, Antony Blinken“. The New York Times. March 3, 2002. Архивирано од изворникот на December 7, 2013. Посетено на September 28, 2013.
- ↑ „Deputy Secretary of State Antony Blinken '88 Speaks at Annual D.C. Alumni Dinner“ (англиски). Columbia Law School. April 30, 2015. Архивирано од изворникот на September 18, 2020. Посетено на 2020-11-23.
- ↑ Sorcher, Sara (July 17, 2013). „Antony Blinken, Deputy National Security Adviser“. National Journal. Архивирано од изворникот на 2015-02-14.
- ↑ 14,0 14,1 Gaouette, Nicole; Hansler, Jennifer; Atwood, Kylie (November 24, 2020). „Biden picks loyal lieutenant to lead mission to restore US reputation on world stage“. CNN. Архивирано од изворникот на November 25, 2020. Посетено на 2020-11-26. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „:0“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ „Antony J. Blinken“. United States Department of State. Архивирано од изворникот на November 23, 2020. Посетено на 2020-11-26.
- ↑ Gallucci, Robert (2009). Instruments and Institutions of American Purpose. United States: Aspen Institute. стр. 112. ISBN 9780898435016. Архивирано од изворникот на November 23, 2020. Посетено на January 20, 2015.
- ↑ Glueck, Katie; Kaplan, Thomas (January 12, 2020). „Joe Biden's Vote for War“. The New York Times. Архивирано од изворникот на November 18, 2020. Посетено на November 23, 2020.
- ↑ Fordham, Evie (November 23, 2020). „Biden secretary of state pick Blinken criticized over Iraq War, consulting work“. Fox News. Архивирано од изворникот на November 23, 2020. Посетено на November 23, 2020.
- ↑ Johnson, Jake (November 27, 2020). „As Biden taps Blinken as Secretary of State, critics denounce support for invasions of Iraq, Libya“. Salon (англиски). Архивирано од изворникот на December 1, 2020. Посетено на 2020-12-05.
- ↑ LaMonica, Gabe (December 17, 2014). „Blinken confirmed by Senate as Kerry's deputy at State“. CNN. Архивирано од изворникот на February 20, 2015. Посетено на February 3, 2015.
- ↑ „Senate Confirms Antony "Tony" Blinken '88 as Secretary of State“. Columbia Law School. December 17, 2014. Архивирано од изворникот на September 19, 2020. Посетено на November 26, 2020.
- ↑ Sanger, David E. (November 7, 2014). „Obama Makes His Choice for No. 2 Post at State Department“. The New York Times. Архивирано од изворникот на February 20, 2015. Посетено на February 3, 2015.
- ↑ Nakamura, David; Horwitz, Sari (January 25, 2013). „Obama taps McDonough as chief of staff, says goodbye to longtime adviser Plouffe“. The Washington Post. Посетено на June 26, 2021.
- ↑ „Obama nominates his adviser Tony Blinken as Deputy Secretary of State“. Reuters. Архивирано од изворникот на November 8, 2014. Посетено на November 7, 2014.
- ↑ „U.S. Senate: U.S. Senate Roll Call Votes 113th Congress – 2nd Session“. senate.gov. Архивирано од изворникот на September 25, 2018. Посетено на January 8, 2019.
- ↑ Gramer, Robbie; Detsch, Jack (November 23, 2020). „Biden's Secretary of State Pick Bodes Return to Normalcy for Weary Diplomats“. Foreign Policy (англиски). Архивирано од изворникот на November 25, 2020. Посетено на 2020-11-25.
- ↑ Zeleny, Jeff; Merica, Dan; Atwood, Kylie (November 22, 2020). „Biden poised to nominate Antony Blinken as secretary of state“. CNN. Архивирано од изворникот на November 25, 2020. Посетено на 2020-11-25.
- ↑ Allen, Jonathan (September 16, 2013). „Tony Blinken's star turn“. Politico (англиски). Архивирано од изворникот на August 28, 2020. Посетено на 2020-11-23.
- ↑ „W.H. defends plan to arm Syrian rebels“. CNN. September 18, 2014. Архивирано од изворникот на October 19, 2017. Посетено на November 23, 2020.
- ↑ „ABD yönetimine Türkiye açısından kritik isimler“. Deutsche Welle (турски). November 23, 2020. Архивирано од изворникот на December 1, 2020. Посетено на December 4, 2020.
- ↑ „Yemen conflict: US boosts arms supplies for Saudi-led coalition“. BBC News. April 7, 2015. Архивирано од изворникот на July 2, 2018. Посетено на November 23, 2020.
- ↑ Magid, Jacob (November 24, 2020). „In tapping Blinken, Biden will be served by confidant with deep Jewish roots“. The Times of Israel. Архивирано од изворникот на November 30, 2020. Посетено на December 3, 2020.
- ↑ „Myanmar population control bill signed into law despite concerns it could be used to persecute minorities“. ABC News. May 24, 2015. Архивирано од изворникот на March 12, 2018. Посетено на December 5, 2020.
- ↑ „Myanmar should share responsibility for Rohingya crisis: US“. Business Standard. May 23, 2015. Архивирано од изворникот на October 19, 2016. Посетено на December 5, 2020.
- ↑ Mroue, Bassem (June 3, 2015). „U.S. official: Airstrikes killed 10,000 Islamic State fighters“. USA Today. Архивирано од изворникот на December 6, 2020. Посетено на December 5, 2020.
- ↑ Hook, Janet; Wilkinson, Tracy (November 23, 2020). „Biden's longtime advisor Antony Blinken emerges as his pick for secretary of State“. Los Angeles Times (англиски). Архивирано од изворникот на December 2, 2020. Посетено на 2020-12-06.
- ↑ 37,0 37,1 Pager, Tyler; Epstein, Jennifer; Mohsin, Saleha (November 22, 2020). „Biden to Name Longtime Aide Blinken as Secretary of State“. Bloomberg News. Архивирано од изворникот на November 23, 2020. Посетено на November 22, 2020.
- ↑ Jakes, Lara; Crowley, Michael; Sanger, David E. (November 23, 2020). „Biden Chooses Antony Blinken, Defender of Global Alliances, as Secretary of State“. The New York Times (англиски). ISSN 0362-4331. Архивирано од изворникот на November 23, 2020. Посетено на 2020-12-05.
- ↑ Herszenhorn, David M.; Momtaz, Rym (November 23, 2020). „9 things to know about Antony Blinken, the next US secretary of state“. Politico (англиски). Архивирано од изворникот на November 24, 2020. Посетено на 2020-11-24.
- ↑ Hansler, Jennifer (January 26, 2021). „Antony Blinken sworn in as Biden's secretary of state“. CNN. Посетено на January 27, 2021.
- ↑ „Biographies of the Secretaries of State: Warren Minor Christopher (1925–2011)“. U.S. Department of State. n.d. Посетено на March 10, 2021.
- ↑ „Biographies of the Secretaries of State: Lawrence Sidney Eagleburger (1930–2011)“. U.S. Department of State. n.d. Посетено на March 10, 2021.
Надворешни врски
уреди- Биографија во Стејт департментот на САД
- Биографија во Стејт департментот на Соединетите Американски Држави (2009–2017 година, архивирана)
- Сослушување за потврдување на американскиот државен секретар од Комитетот за надворешни односи на Сенатот (19 јануари 2021 година)
- Архивирано на 20 јануари 2021 г. од WestExec Advisors
- Гостувања на C-SPAN </img>
- Ентони Блинкен на Твитер </img>