Олдзум
Олдзум (германски: Oldsum; фериншки: Olersem) — општина на островот Фер, во округот Северна Фризија, во Шлезвиг-Холштајн, Германија.
Олдзум | |
Ветерница во Олдзум | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Шлезвиг-Холштајн |
Округ | Северна Фризија |
Месна заед. | Фер-Амрум |
Градоначалник | Харк Ривертс |
Основни податоци | |
Површина | 13,3 км2 |
Надм. височина | 4 м |
Население | 525 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 39 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | NF |
Пошт. бр. | 25938 |
Повик. бр. | 04683 |
Портал | www.oldsum-auf-foehr.de |
Местоположба на Олдзум во рамките на округот Северна Фризија | |
Координати | 54°44′N 8°27′E / 54.733° СГШ; 8.450° ИГД |
Географија
уредиОпштината Олдзум се состои од три села: Олдзум, Клинтум (фериншки: Klantem) и Тофтум (фериншки: Taftem) кои се наоѓаат долж главниот пат на далечина од 2 километри. Бројот на население се движи околу 600. Знаменитост на општината се добро зачуваните сламени куќи, како и старата сламена ветерница, чиј претходник веројатно потекнува од 1700 година. Иако подоцна била запалена, била повторно изградена 200 години подоцна и ставена во употреба во 1954 година. Од 1972 година, ветерницата се користи како место за живеење. Олдзум се наоѓа два километри од западниот брег на островот. Олдзум се граничи со Зидеренде на југ, Дунзум на југозапад и Алкерзум и Мидлум на исток.
Историја
уредиОлдзум бил првпат споменат во 1462 година као Улирзум (Uluersum).[2] Во текот на XVII и XVIII век, Олдзум, Клинтум и Тофтум биле важни села за китоловството. Пописот во 1787 година покажал дека трите места имале 961 жител, 211 од нив биле поморци.[3] Еден од најуспешните китоловци, Матијас Петерсен (1632–1706) живеел во Олдзум.
Како дел од Вестерланд Фер, Олдзум припаѓал на кралската енклава на Данска и со тоа директен дел од данската круна, додека Остерланд Фер припаѓал на Војводството Шлезвиг. Кога Данска го загубила Шлезвиг од Прусија во Втората шлезвишка војна, Олдзум станал дел од Шлезвиг-Холштајн.
Економија
уредиСо подемот на туризмот, земјоделството започнало да ја губи својата важност. Денес, постојат само неколку фармери. Некои фарми биле преместени од селото во 1950-тите и 1960-тите години денес се сместени надвор од него, но сè уште во рамките на општината. Олдзум доживеал трансформација од фармерско во уметничко село, бројни ателјеа и галерии се отвориле во селото.
Познати луѓе
уреди- Матијас Петерзен — китоловец
- Хинрих Брарен — поморски истражувач
- Олуф Брарен — сликар
Наводи
уреди- ↑ „Население во разните административни единици на Шлезвиг-Холштајн во 2022 г.“. Статистичка служба за Хамбург и Шлезвиг-Холштајн. јуни 2023. (германски)
- ↑ Roeloffs, Brar C. (1984). Von der Seefahrt zur Landwirtschaft. Ein Beitrag zur Geschichte der Insel Föhr (германски). Нојминстер: Karl Wachholtz Verlag. стр. 16. ISBN 3-529-06184-0.
- ↑ Faltings, Jan I. (2011). Föhrer Grönlandfahrt im 18. und 19. Jahrhundert (германски). Амрум: Verlag Jens Quedens. стр. 12–13. ISBN 978-3-924422-95-0.
Надворешни врски
уреди- Олдзум на Ризницата ?
- Официјална страница