Алкерзум
Алкерзум (германски: Alkersum; фериншки: Aalkersem; дански: Alkersum) — општина на островот Фер, во округот Северна Фризија, во Шлезвиг-Холштајн, Германија.
Алкерзум | |
Уметничката галерија во Алкерзум | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Шлезвиг-Холштајн |
Округ | Северна Фризија |
Месна заед. | Фер-Амрум |
Градоначалник | Ина Кетелс |
Основни податоци | |
Површина | 9,07 км2 |
Надм. височина | 6 м |
Население | 375 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 41 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | NF |
Пошт. бр. | 25938 |
Повик. бр. | 04681 |
Портал | www.alkersum.de |
Местоположба на Алкерзум во рамките на округот Северна Фризија | |
Координати | 54°42′35″N 8°30′46″E / 54.70972° СГШ; 8.51278° ИГД |
Географија
уредиАлкерзум се наоѓа во средиштето на островот Фер.
Историја
уредиПрвите населби во областа се појавиле во железното доба.
Економија
уредиНеколку претпријатија се наоѓаат во предградијата на селото. Исто така, туризмот и коњичките ранчови се важни дејности.
Култура
уредиВо август 2009 година, Уметничката галерија на Западниот брег (Museum Kunst der Westküste) била отворена во Алкерзум. Прикажува уметнички дела со фокус на Северното Море и неговиот брег. Поседува дела на познати сликари, како Едвард Мунк, Емил Нолде, Макс Либерман и други.[2]
Познати луѓе
уреди- Фредерик Паулсен (1909–1997) — основач на Ferring Pharmaceuticals
Наводи
уреди- ↑ „Население во разните административни единици на Шлезвиг-Холштајн во 2022 г.“. Статистичка служба за Хамбург и Шлезвиг-Холштајн. јуни 2023. (германски)
- ↑ Nagar, Mira (31 август 2008). „Eine Kunstsammlung für die Insel“ (германски). Schleswig-Holsteinischer Zeitungsverlag. Архивирано од изворникот на 2012-09-09. Посетено на 2015-02-23.
Надворешни врски
уреди- Алкерзум на Ризницата ?
- Официјална страница