Дунзум
Дунзум (германски: Dunsum; фериншки: Dunsem) — општина на островот Фер, во округот Северна Фризија, во Шлезвиг-Холштајн, Германија. Составена е од местата Грос и Клајн Дунзум.
Дунзум | |
Поглед на Дунзум | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Шлезвиг-Холштајн |
Округ | Северна Фризија |
Месна заед. | Фер-Амрум |
Градоначалник | Ерк Хемзен |
Основни податоци | |
Површина | 2,72 км2 |
Надм. височина | 0 м |
Население | 70 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 26 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | NF |
Пошт. бр. | 25938 |
Повик. бр. | 04683 |
Портал | www.dunsum.de |
Местоположба на Дунзум во рамките на округот Северна Фризија | |
Координати | 54°43′N 8°22′E / 54.717° СГШ; 8.367° ИГД |
Географија и сообраќај
уредиОд Дунзум постојат патеки низ блатата до соседниот остров Амрум при ниска плима. Амрум и Зилт може да се видат од тука.
Автобуските линии го поврзуваат Дунзум со другите села на островот и градот Вик на Фер.
Историја
уредиИмето означува „населба на Дун“.
Во XVII и XVIII век, китоловството била важна гранка на Фер. Пописот во 1787 година покажал дека Дунзум имал 147 жители, од кои 40 биле поморци.[2]
Како дел од Вестерланд Фер, Дунзум припаѓал на кралската енклава на Данска и така бил директен дел на данската круна, додека Остерланд Фер припаѓал на Војводството Шлезвиг. Данска го изгубила Шлезвиг од Прусија при Втората шлезвишка војна, Дунзум станал дел од Шлезвиг-Холштајн.
Наводи
уреди- ↑ „Население во разните административни единици на Шлезвиг-Холштајн во 2022 г.“. Статистичка служба за Хамбург и Шлезвиг-Холштајн. јуни 2023. (германски)
- ↑ Faltings, Jan I. (2011). Föhrer Grönlandfahrt im 18. und 19. Jahrhundert (германски). Амрум: Verlag Jens Quedens. стр. 13. ISBN 978-3-924422-95-0.
Надворешни врски
уреди- Дунзум на Ризницата ?
- Официјална страница