Огњен Мудрински (Србобран, 15 ноември 1991) е српски фудбалер. Тој настапува на позицијата напаѓач, а моментално игра за клубот на Марибор, како позајмен играч од екипата на Јагелонија.

Кариера

уреди

Војводина

уреди

Мудрински ја поминал младинската академија на фудбалскиот клуб на Војводина. За првиот тим на Војводина настапил на 11 април 2010 година во пролетниот дел од првенството 2009/10 кога екипата на Војводина и гостувала на екипата на ОФК Белград на Младинскиот стадион. Мудрински во игра влегол во 76 минута на местото на Марио Ѓуровски, а во 84 минута постигнал гол за конечни 2:2 по асистенцијата на Мирослав Вуличевиќ.[1][2] До крајот на сезоната 2009/10 одиграл уште пет натпревари за екипата на Војводина и постигнал уште еден гол во последното коло, кога составот на Војводина го совладал тимот на Напредак од Крушевац на стадионот Караѓорѓе со резултат од дури 7:0.[3]

Пред сезоната 2010/11 Војводина го испратила како позајмен играч во екипата на Хајдук од Кула. Таму во месец август 2010 година одиграл само два натпревари од Супер лигата, по што не добил можност за дополнителен настап, па одлучил да се врати во екипата на Војводина. Во дресот на Војводина одиграл уште еден натпревар, во есенскиот дел од првенството 2010/11 кога се преселил како позајмен играч во составот на ФК од Нови Сад. Во овој клуб останал во пролетниот дел од сезоната, каде одиграл седум натпревари (без постигнат гол) во Првата лига на Србија.[4]

Откако во екипата на Војводина му рекле дека не сметаат на неговите услуги, му предложиле да замине во некој клуб како позајмен играч, Мудрински во летото 2011 година решил да го раскине договорот со клубот.[5]

Јагодина

уреди

Во месец август 2011 година, Мудрински потпишал тригодишен договор со екипата на Јагодина.[6] На почетокот на натпреварувањето во сезоната 2011/12 бил резервен играч и натпреварите ги започнувал од клупата. Во петтото коло составот на Јагодина гостувал кај екипата на Рад, неколку играчи биле повредени, па Мудрински со одлука на тренерот Симо Круниќ добил можност во последен момент да се најде меѓу 18-те играчи кои ќе конкурираат за тој натпревар.[2][7] На крајот од дуелот, Мудрински влегол на местото на соиграчот Милош Стојановиќ, и набрзо со два гола го свртел резултатот и му донел победа на својот тим.[8] По тој натпревар, Мудрунски добивал поголема минутажа и на крајот од сезоната станал најдобриот стрелец на клубот. Во сезоната 2011/12 одиграл вкупно 27 натпревари во Суперлигата, а постигнал 9 голови.

Црвена ѕвезда

уреди

И наредната 2012/13 сезона тој започнал во екипата на Јагодина (одиграл три натпревари). На 28 август, 2012 година потпишал четиригодишен договор со екипата на Црвена ѕвезда.[9] На презентацијата го земал бројот 91, наведувајќи го фактот дека е роден во 1991 година и дека екипата на Црвена ѕвезда истата таа година била европски и светски шампион во фудбал.[10] Својот прв натпревар за екипата на Црвена ѕвезда го имал на 2 септември 2012 година во последниот натпревар од четвртото коло на првенството 2012/13. Неговиот тим го угостил составот на Раднички од Ниш. Екипата на Раднички двапати имала водство на натпреварот, но Мудрински со вкупно три гола му ја донел победата на тимот на тренерот Александар Јанковиќ на стадионот на „Маракана“. Мудрински победоносниот гол го постигнал во 95 минута.[11] Така тој влегол во историјата на клубот затоа што станал првиот играч кој постигнал хет-трик во својот прв натпревар во екипата на Црвена ѕвезда.[12] Додека Јанковиќ бил тренер, Мудрински бил најдобар стрелец на тимот и постигнал 10 гола во Супер лигата. На 18 март 2013 година на местото за тренер во екипата дошол Рикардо Са Пинто кој го поставил Мудрински во втор план. Португалскиот тренер имал поголема доверба во играчот Абиол Дауд. Додека Са Пинто бил на клупата на Црвена ѕвезда, Мудрински имал многу мала минутажа. Па така тој постигнал само уште еден гол, па во сезоната 2012/13 во Супер лигата завршил со 23 натпревари и 11 постигнати голови. Тренерот Са Пинто на крајот од сезоната им соопштил на клупските играчи дека во иднина немало да смета на Огњен Мудрински.[13][14] Сепак, португалскиот тренер набрзо го напуштил клубот, а на негово место пристигнал Славиша Стојановиќ. Мудрински ги започнал подготовките со клубот и се надевал дека ќе добие поголема минутажа кај новиот тренер.[15][16] Сепак, на адреса на екипата на Црвена ѕвезда набрзо пристигнала понудата од германскиот клуб Гројтер Фурт, по што Мудрински го напуштил клубот на Црвена ѕвезда.[17]

Меѓународна кариера

уреди

На 9 јули 2013 година Мудрински и официјално бил претставен како засилување на германскиот второлигаш Гројтер Фирт со кој потпишал тригодишен договор.[18] Својот прв натпревар го имал на 4 август 2013 година во натпреварот од Купот на Германија во кој екипата на Гројтер Фурт го победила составот на Фердсхајм со резултат од 2:0. Мудрински учествувал во постигнувањето на двата гола, најпрво во 32 минута му помогнал на Корчмар да постигне гол, а подоцна на 6 минути пред крајот му асистирал со глава на соиграчот Никола Ѓурѓиќ.[19] Четири дена подоцна, тој го одиграл својот прв натпревар во германската Бундеслига и тоа против екипата на Кајзерслаутерн. Мудрински го започнал натпреварот од клупата за резервни играчи, но во 17 минута влегол во игра на местото на неговиот сонародник Никола Ѓурѓиќ кој се повредил. Екипата на Кајзерслаутерн повела со 1:0 во 32 минута, а само четири минути подоцна составот на Гројтер Фурт изедначила, за во 80 минута Мудрински да го постигне победничкиот гол и со тоа да го постави конечниот резултат од 2:1.[20] Во сезоната 2013/14 Мудрински одиграл 14 првенствени натпревари за екипата на Гројтер Фурт и постигнал три гола. Во месец август 2014 година го раскинал договорот со клубот.[21]

На 28 август 2014 година, Мудрински потпишал договор со швајцарскиот тим на Арау.[22] За овој клуб во текот на сезоната 2014/15 одиграл 14 натпревари во Суперлигата на Швајцарија на кои не постигнал ниту еден гол.[4]

Враќање во Србија

уреди

По половина година откакао останал без клуб, Мудрински на 1 февруари 2016 година потпишал договор со екипата на Спартак од Суботица.[23] Во текот на пролетниот дел од првенството 2015/16 година одиграл 13 натпревари од Суперлигата на кои постигнал два гола. Во наредната сезона 2016/17 ги одиграл најдобрите натпревари дотогаш кога биле во прашање постигнатите голови, бидејќи постигнал 16 гола на 33 натпревари во Суперлигата.[4]

Во месец јули 2017 година тој потпишал тригодишен договор со тимот на Чукарички.[24] Во првенството 2017/18 постигнал седум голови на 21 натпревар од Супер лигата. Во текот на таа сезона тој бил на неколкумесечна пауза откако на натпреварот помеѓу Партизан и Чукарички, фудбалерот на Партизан, Евертон Луиз му нанел тешка повреда.[25][26]

Мудрински на 5 мај 2019 година постигнал два гола во победата на својот клуб над екипата на Пролетер од Нови Сад и со тоа станал најдобриот стрелец во историјата на Суперлигата на Србија, надминувајќи го на првото место Андрија Калуѓеровиќ.[27][28] Во сезоната 2018/19, Мудрински постигнал 18 гола во дресот на Чукарички на вкупно 34 натпревари од Супер лигата.[4]

Странски земји

уреди

На 2 јули 2019 година, Мудрински потпишал четиригодишен договор со полската екипа Јагелонија.[29] Во февруари 2020 година, тој бил позајмен на хрватскиот прволигаш Горица до крајот на сезоната 2019/20.[30] Во јули 2020 година, заемот бил продолжен за уште една година.[31] На крајот на летниот преоден рок во 2021 година, Мудрински повторно заминал како позајмен играч, овој пат во екипата на Марибор, во Словенија.[32]

Наводи

уреди
  1. „Мудрински усправио Лале“. novosti.rs. 11 април 2010. Посетено на 9 мај 2019.
  2. 2,0 2,1 „Рекордер Огњен Мудрински у рубрици „Сећања": У Звезди сам некоме сметао! Како ме је Симо Крунић случајно убацио на списак...“. mozzartsport.com. 7 септември 2019. Архивирано од изворникот на 9 мај 2019. Посетено на 9 мај 2019.
  3. „Напредак испрашен у другу лигу“. rts.rs. 16 мај 2010. Посетено на 9 мај 2019.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 „Мудрински, Огњен“. soccerway.com. Посетено на 9 мај 2019.
  5. „Мудрински: У Војводини су ме прецртали“. novosti.rs. 5 октомври 2011. Посетено на 9 мај 2019.
  6. „Јагодина узела Воши Мудринског“. mondo.rs. 5 август 2011. Посетено на 9 мај 2019.[мртва врска]
  7. „Интервју, Огњен Мудрински: О моменту када му је Евертон сломио ногу, времену у Звезди, трансферу у Чуку и невероватној срећи која му је преокренула каријеру!“. telegraf.rs. 1 февруари 2018. Посетено на 9 мај 2019.
  8. „Рад Београд 1 : 2 Јагодина“. soccerway.com. 17 септември 2011. Посетено на 9 мај 2019.
  9. „Мудрински потписао за Звезду“. crvenazvezdafk.com. 28 август 2012. Посетено на 9 мај 2019.
  10. „Огњен Мудрински: Узео сам 91 због Барија!“. kurir.rs. 28 август 2012. Посетено на 9 мај 2019.
  11. „Хет-трик Мудринског у 95` за победу“. b92.net. 2 септември 2012. Посетено на 9 мај 2019.
  12. „Огњен Мудрински већ ушао у историју“. mojacrvenazvezda.net. 2 септември 2012. Посетено на 9 мај 2019.
  13. „Са Пинто избацио Мудринског, а хоће Ел Монира“. mozzartsport.com. 29 мај 2013. Посетено на 9 мај 2019.
  14. „Звезда и дефинитивно прецртала Мудринског, на листи жеља: Грбић, Катаи и Миле Савковић“. mozzartsport.com. 14 јуни 2013. Посетено на 9 мај 2019.
  15. „МУДРИНСКИ: Надам се већој минутажи код Стојановића!“. kurir.rs. 25 јуни 2013. Посетено на 9 мај 2019.
  16. „Мудрински: Глава ми је на месту и жељан сам голова“. mozzartsport.com. 25 јуни 2013. Посетено на 9 мај 2019.
  17. „Мудрински у Гројтер Фирту“. mozzartsport.com. 8 јули 2013. Посетено на 9 мај 2019.
  18. „Гројтер Фирт: Мудрински је наш!“. novosti.rs. 9 јули 2013. Посетено на 9 мај 2019.
  19. „Куп Немачке: Мудрински намештао, Ђурђић погодио“. mozzartsport.com. 4 август 2013. Посетено на 9 мај 2019.
  20. „Мудрински одвео Гројтер на врх (ВИДЕО)“. mozzartsport.com. 12 август 2013. Посетено на 9 мај 2019.
  21. „Мудрински слободан играч“. mozzartsport.com. 24 август 2014. Посетено на 9 мај 2019.
  22. „Мудрински пронашао клуб у Швајцарској“. mozzartsport.com. 28 август 2014. Посетено на 9 мај 2019.
  23. „Мудрински опет у Суперлиги“. mondo.rs. 1 февруари 2016. Архивирано од изворникот на 2016-08-13. Посетено на 9 мај 2019.
  24. „Мудрински званично у Чукаричком“. novosti.rs. 25 јуни 2017. Посетено на 9 мај 2019.
  25. „Мудрински оперисан, пред дугом паузом“. mondo.rs. 2 октомври 2017. Архивирано од изворникот на 2018-04-11. Посетено на 9 мај 2019.
  26. „ШЕСТ МЕСЕЦИ ПАУЗЕ Мудрински оперисан после тешке повреде“. sport.blic.rs. 2 октомври 2017. Посетено на 9 мај 2019.
  27. „Мудрински: Срећан због рекорда, биће још голова“. zurnal.rs. 7 мај 2019. Посетено на 9 мај 2019.
  28. „Огњен Мудрински: Звезди сигурно не бих рекао не, то је клуб који се воли“. zurnal.rs. 8 мај 2019. Посетено на 9 мај 2019.
  29. „Мудрински потписао уговор са Јагелонијом, Чукаричком 600.000 евра“. zurnal.rs. 2 јули 2019. Посетено на 2 јули 2019.
  30. „Мудрински на позајмици у Хрватској, добио је дрес са бројем девет“. mozzartsport.com. 17 февруари 2020. Посетено на 19 февруари 2020.
  31. „Мудрински још годину дана у Горици“. mozzartsport.com. 29 јули 2020. Посетено на 5 септември 2021.
  32. „Огњен Мудрински има 12. клуб у каријери“. mozzartsport.com. 31 август 2021. Посетено на 5 септември 2021.

Надворешни врски

уреди