Обична коприва

вид растение
Коприва
Urtica dioica subsp. dioica
Научна класификација
Царство: Plantae
Оддел: Magnoliophyta
Класа: Magnoliopsida
Ред: Rosales
Семејство: Urticaceae
Род: Urtica
Вид: U. dioica
Научен назив
Urtica dioica
L.

Обична коприва (лат. Urtica dioica) — тревнo повеќегодишнo цветнo растениe од семејството Urticaceae. Потекнува од Европа, умерена Азија и западна Северна Африка,[1] а сега го има низ целиот свет, вклучувајќи ги и Нов Зеланд[2] и Северна Америка.[3][4] Видот е поделен на шест подвидови, од кои пет имаат многу шупливи влакна наречени трихоми на лисјата и стеблата, кои делуваат како хиподермични игли, инјектираат хистамин и други хемикалии кои создаваат зачудувачка сензација по контакт („контакт уртикарија“ — облик на контактен дерматитис).[5][6] Растението има долга историја на употреба во традиционалната медицина, како храна, чај и текстилна суровина во античките општества.[7]

Опис

уреди
 
Urtica dioica од книгата Флора на Германија, Австрија и Швеиз, 1885 година

Urtica dioica е диоезик, тревно, повеќегодишно растение, од 1 до 2 метри високо во текот на летото, и умира на земја во зима.[3] Има широко распространети ризоми и столони, кои се светложолти, како и корените. Меките, зелени лисја се долги од 3 до 5 сантиметри. Листовите и стеблата се многу влакнести, а кај повеќето подвидови влакненцата се боцкави (трихоми или шпикули), чии врвови излегуваат при допирање, трансформирајќи го влакното во игла која може да инјектира неколку хемикалии што предизвикуваат болен убод или парестезија.

Таксономија

уреди

Таксономијата на видовите Уртика не е јасна, а постарите извори користат различни систематски имиња за овие растенија. Порано, биле признати повеќе видови отколку што сега се прифаќаат. Сепак, опишани се најмалку шест јасни подвидови на U. dioica.

Живеалиште

уреди

Копривата се смета дека потекнува од Европа, умерена Азија и западна Северна Африка.[1] Изобилно ја има во северна Европа и поголемиот дел од Азија, а обично расте во селата. Помалку е распространета во јужна Европа и северна Африка, каде е ограничена поради потребата за влажна почва, но сепак е честа појава. Денес ја има во многу други делови од светот. Во Северна Америка, таа е широко распространета во Канада и САД, каде ја има во секоја провинција и држава освен на Хаваи, а може да се најде и во најсеверниот дел на Мексико. Расте во изобилство на северозападниот дел на Тихиот Океан, особено на места каде што годишните врнежи од дожд се големи. Европските подвидови се донесени во Австралија, Северна Америка и Јужна Америка.[8][9]

Во Европа, копривите се поврзани со човечките живеалишта. Присуството на коприви може да укаже на локацијата на долго напуштен објект, а исто така може да укаже на плодност на почвата.[10] Човечкиот и животинскиот отпад може да бидат одговорни за покачено ниво на фосфат[11] и азот во почвата, кои обезбедуваат идеално опкружување за копривите.

Екологија

уреди

Копривите се исклучиво храна за ларвите од неколку видови на пеперуги, како пеперутка паун и коприварка. Исто така, ја јадат ларви на некои молци. Коренот понекогаш го јадат ларвите на молецот Hepialus humuli.

Коприва расте на места каде има влага, но ја има и на ливади. Иако е хранлива, таа не ја јадат дивите животни или добитокот. Се шири преку семето, а исто така и со ризоми, и често е во можност да преживее оган и повторно да се појави брзо по пожарот.[12]

Механизам и лекување на коприва

уреди
 
Младите лисја се јадат и можат да се користат како додаток со зеленчук
 
Детал од одбранбените влакна
 
Рака со дерматитис од коприва

Копривата го произведува својот воспалителен ефект врз кожата (убод, чувство на печење што честопати се нарекува „контактна уртикарија“) со тоа што ќе ја боцне кожата преку трихоми – предизвикувајќи механичка иритација – и со биохемиски надразнувачи, како што се хистамин, серотонин и холин, меѓу другите хемикалии.[5][13][14][15][16] Лековите против чешање, обично во форма на креми кои содржат антихистаминици или хидрокортизон, можат да обезбедат ослободување од дерматит од коприва. Терминот, контактна уртикарија, има поширока употреба во дерматологијата, вклучува дерматитис предизвикан од разни раздразнувачи на кожата и патогени.[17]

Употреба

уреди

Копривата има вкус сличен на спанаќот измешан со краставица кога се готви, и е богат со витамини А и Ц, железо, калиум, манган и калциум. Младите растенија биле собирани од домородните Американци и користени како храна на пролет, кога другите прехранбени растенија сè уште не се изникнати. Потопувањето на копривите во вода при готвењето ги отстранува хемикалиите од растението, па може да се јадат без повреди. Листовите исто така се сушат и потоа може да се користат за билен чај, како што може да се направи и со цветот од коприва.

Копривите понекогаш се користи при производство на сирење, на пример за ароматизирање на сорти на Гоуда.[18]

Копривата се користи како фил за полнење на тесто за бурек, и разни други видови на пити.

Во Велика Британија, годишното Светско првенство за јадење коприва привлекува илјадници луѓе во Дорсет, каде конкурентите се обидуваат да јадат што е можно повеќе жива коприва. На натпреварувачите им се даваат 60 сантиметри стебло од растението, од кое ги кинат лисјата и ги јадат. Кој ќе изеде најмногу листови од коприва во одредено време, е победник. Натпреварот постои од 1986 година, кога двајца соседи земјоделци се обиделе да решат спор за тоа кој има најлоша наезда на коприви.[19][20]

Копривата се користи во традиционалната медицина како чај или свежи лисја за лекување на нарушувања на бубрезите и уринарниот тракт, гастроинтестиналниот тракт, локомоторен систем, кожата, кардиоваскуларниот систем, против крварење, грип, ревматизам и гихт.[21]

Хранлива содржина

уреди

Свежите лисја содржат приближно 82,4% вода, 17,6% сува материја, 5,5% белковини, 0,7 до 3,3% маснотии и 7,1% јаглехидрати.[22] Зрелите лисја содржат околу 40% Алфа- линоленска киселина, и омега-3 киселина.[23] Семето содржи многу повеќе масна киселина од лисјата.

Градинарство

уреди

Копривата има голем број други намени во зеленчуковата градина, вклучувајќи го и потенцијалот за поттикнување на корисни инсекти. Бидејќи копривата расте во богати почви со фосфор и азот, растот на коприви е показател дека една област е плодна (особено богата со фосфати и нитрати), а со тоа е индикатор за квалитетот на почвата.[24][25]

Копривата содржи азотни соединенија, така што се користи како активатор за компост[26] или може да се користи за правење течно ѓубриво, кое иако содржи малку фосфат, корисно е за снабдување со магнезиум, сулфур и железо.[27][28] Копривата е исто така едно од ретките растенија што можат да толерираат и цветаат во почви богати со измет од живина.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Urtica dioica L“. Plants of the World Online. Royal Botanic Gardens, Kew. Посетено на 2018-11-14.
  2. „Stinging nettles“. Ministry of Health. 18 September 2014. Архивирано од изворникот на 2023-06-11. Посетено на 4 May 2019.
  3. 3,0 3,1 „Urtica dioica - L“. Plants for a Future. 2012. Архивирано од изворникот на 2018-04-24. Посетено на 23 April 2018.
  4. „Burning & Stinging Nettles“. University of California. Посетено на 21 September 2013.
  5. 5,0 5,1 „Nettles“. Drugs.com. 2009. Посетено на 23 April 2018.
  6. Per Brodal (2010). The Central Nervous System: Structure and Function. Oxford University Press US. стр. 170. ISBN 978-0-19-538115-3. Посетено на 22 September 2010.
  7. Lukešová, Hana (June 2017). „Identifying plant fibre textiles from Norwegian Merovingian Period and Viking Age graves: The Late Iron Age Collection of the University Museum of Bergen“. Journal of Archaeological Science: Reports. 13: 281–285. doi:10.1016/j.jasrep.2017.03.051.
  8. „Species: Urtica dioica“. United States Forest Service. Посетено на 21 September 2013.
  9. „Stinging Nettle“. Ohio Agricultural Research and Development Center, Ohio State University. Посетено на 21 September 2013.
  10. „Nettles: Bad guys come good“. The Daily Telegraph. Посетено на 21 февруари 2019.
  11. Smith, Paul L. (2012). Indicator Plants: Using Plants to Evaluate the Environment. стр. 47.
  12. Carey, Jennifer H. (1995). „Urtica dioica“. Fire Effects Information System, [Online].
  13. Cummings, Alexander J; Olsen, Michael (2011). „Mechanism of Action of Stinging Nettles“. Wilderness & Environmental Medicine. 22 (2): 136–139. doi:10.1016/j.wem.2011.01.001. PMID 21396858.
  14. Nettle (Stinging). Wildflowerfinder.org.uk. Посетено на 3 July 2012.
  15. Louis J. Casarett; Curtis D. Klaassen; John Doull (2008). Casarett and Doull's toxicology: the basic science of poisons. McGraw-Hill Professional. стр. 1104–. ISBN 978-0-07-147051-3. Посетено на 22 September 2010.
  16. Michael I. Greenberg (4 June 2003). Occupational, industrial, and environmental toxicology. Elsevier Health Sciences. стр. 180–. ISBN 978-0-323-01340-6. Посетено на 22 September 2010.
  17. Adisesh, A; Robinson, E; Nicholson, P.J; Sen, D; Wilkinson, M; Standards of Care Working Group (2013). „U.K. Standards of care for occupational contact dermatitis and occupational contact urticaria“. British Journal of Dermatology. 168 (6): 1167–1175. doi:10.1111/bjd.12256. PMC 3734701. PMID 23374107.
  18. „Gouda Cheese with Stinging Nettles: Cooking Terms“. RecipeTips.com. Посетено на 5 јули 2010.
  19. „World nettle eating championships“. BBC News. 17 June 2005. Посетено на 3 July 2012.
  20. Langley, William. (14 June 2009) World Stinging Nettle Eating Championship attracts record crowd. The Daily Telegraph (London). Посетено на 3 July 2012.
  21. Vogl, Sylvia; Picker, Paolo; Mihaly-Bison, Judit; Fakhrudin, Nanang; Atanasov, Atanas G; Heiss, Elke H; Wawrosch, Christoph; Reznicek, Gottfried; Dirsch, Verena M (2013). „Ethnopharmacological in vitro studies on Austria's folk medicine—An unexplored lore in vitro anti-inflammatory activities of 71 Austrian traditional herbal drugs“. Journal of Ethnopharmacology. 149 (3): 750–771. doi:10.1016/j.jep.2013.06.007. PMC 3791396. PMID 23770053.
  22. Lutomski, Jerzy; Speichert, Henryk (1983). „Die Brennessel in Heilkunde und Ernährung“. Pharmazie in Unserer Zeit (германски). 12 (6): 181–186. doi:10.1002/pauz.19830120602.
  23. Guil-Guerrero, J.L; Rebolloso-Fuentes, M.M; Isasa, M.E.Torija (2003). „Fatty acids and carotenoids from Stinging Nettle (Urtica dioica L.)“. Journal of Food Composition and Analysis. 16 (2): 111–119. doi:10.1016/S0889-1575(02)00172-2.
  24. „Indicator Weeds and Soil Conditions at“. Garden-helper.com. Посетено на 5 July 2010.
  25. „virtual-herb-walk“. Herbalpractitioner.com. Архивирано од изворникот на 2017-07-01. Посетено на 5 July 2010.
  26. „h2g2 – Stinging Nettles“. BBC DNA. Посетено на 5 July 2010.
  27. Pears, Pauline, et al. HDRA Encyclopedia Of Organic Gardening, p. 207, Dorling Kindersley Ltd, London, 2005.
  28. „Compost Teas vs Other Teas and Extracts“. Ciwmb.ca.gov. Архивирано од изворникот на 2009-06-13. Посетено на 5 July 2010.

Литература

уреди

Надворешни врски

уреди