Коприварка (пеперутка)

пеперутка од семејството на шарнените пеперутки
Пеперутка коприварка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Членконоги
Класа: Инсекти
Ред: Пеперутки
Нерангирано: Палкоантенести
Натсемејство: Пеперутковидни
Семејство: Шаренци
Потсемејство: Вилински пеперутки
Племе: Вилински пеперутки
Род: Пеперутки коприварки
Вид: Пеперутка коприварка
Научен назив
Aglais urticae
(Linnaeus, 1758)
Синоними

Aglais urticae, Vanessa urticae

Коприварката или копривец (научAglais urticae, syn. Nymphalis urticae) — мошне застапена шарена пеперутка која живее во умерените предели на Европа и низ цела Македонија.[1]

Овој вид пеперутки честопати се среќава во градините. Гасениците се хранат со коприви, како и некои други шаренци.

Возрасната пеперутка има впечатлив изглед, со темно тело и црвеножолти крила, со ред сини точки околу задниот раб. Меѓутоа од долната страна крилата им се темнокафени, што им помага да се прикријат при мирување. Во опасност, пеперутката во мирување неднаш ги отвора крилата, прикажувајќи драматична палета на бои. Ова ги исплашува младите и неискусните птици (Stevens 2005).

Корзиканската коприварка (Aglais (urticae) ichnusa) е мошне слична; за жал сè уште не е утврдено дали таа е подвид или посебен вид.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „коприварка“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. Text "series " ignored (help)
  • Stevens, Martin (2005): The role of eyespots as anti-predator mechanisms, principally demonstrated in the Lepidoptera. Biol. Rev. 80(4): 573–588. doi:10.1017/S1464793105006810 (HTML извадок)

Надворешни врски

уреди