Коприви

семејство растенија
(Пренасочено од Urticaceae)
Коприви

Коприви (научUrticaceae) — семејство еднодомни или дводомни тревести или поретко грмушести растенија или мали дрвја, групирани во 54 до 59 рода со околу 2600 вида (според Кралски ботанички градини, Кју). Најпознат род од ова семејство е родот коприва (Urtica).

Коприви
Обична коприва (Urtica dioica)
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Евдикоти
клад: Розиди
Ред: Розовидни
Семејство: Коприви
Juss., 1789
Синоними

Cecropiaceae C.C.Berg[1]

Морфологија

уреди

Многу членови од ова семејство поседуваат специјализирани влакна на својата телесна површина, кои при контакт со друго тело прскаат и ослободуваат киселина. Листовите кај повеќето претставници се последователни или наспрамни, и речиси секогаш имаат прилисници.

Ситните, еднополови цветови се собрани во цимозни соцветија. Околуцветникот се состои најчесто од 4 до 5 недиференцирани венечни ливчиња, или, пак, може да отсуствува. Машките цветови обично имаат прашници на секое ливче од околуцветникот, ориентирани спротивно од ливчињата. Женските цветови имаат еден толчник со натцветен или потцветен плодник кој се состои од еден базален семенов зачеток на една локула. Устенцето е четковидно и издолжено или капитатно. Плодот е ахенија или костелка, додека кај одредени видови овие се здружуваат и даваат повеќеделен плод.

 
Цветен дијаграм на машки и женски цвет од Urtica.

Родови

уреди

Копривите како тема во уметноста

уреди
  • „Еден лист коприва влегува низ прозорец“ — песна на францускиот писател Андре Бретон.[2]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Germplasm Resources Information Network (GRIN) (17 јануари 2003). „Family: Urticaceae Juss., nom. cons“. Taxonomy for Plants. USDA, ARS, National Genetic Resources Program, National Germplasm Resources Laboratory, Beltsville, Maryland. Посетено на 24 април 2008.
  2. Андре Бретон, Рајот не е наполно загубен. Скопје: Култура, 1989, стр. 73.