Големо Нишел

(Пренасочено од Нишел)

Големо Нишел или само Нишел (грчки: Νησέλι, Нисели, книжевно: Νησέλιον, Ниселион) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.

Големо Нишел
Νησέλι
Црква во селото Големо Нишел
Црква во селото Големо Нишел
Големо Нишел is located in Грција
Големо Нишел
Големо Нишел
Местоположба во областа
Големо Нишел во рамките на Гида (општина)
Големо Нишел
Местоположба на Големо Нишел во општината Гида и областа Централна Македонија
Координати: 40°35′N 22°28′E / 40.583° СГШ; 22.467° ИГД / 40.583; 22.467
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаГида
Општ. единицаГида
Надм. вис.&1000000000000001000000010 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно653
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на пет километри јужно од градот Гида, крај главниот пат што води од Гида за Катерина, на надморска височина од 10 метри.[2]

Сместено е во областа Урумлак, на левиот брег на реката Бистрица.

Историја

уреди

К’нчов и Бранков го претставуваат како македонска населба со 265 жители Македонци.[2]

По Првата светска војна во 1922 година во селото биле населени грчки бегалци. Во 1928 година, во Големо Нишел биле сместени 22 бегалски семејства со вкупно 86 жители.[3].

Стопанство

уреди

Селото е мошне богато, а населението главно се занимава со земјоделство. Основни производи се памук, шеќерна репка, пченица и друго.[2]

Население

уреди

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Големо Нишел (Бујук Ајнисел, Ниши) е село во Берската каза и во него живееле 265 Македонци христијани.[2][4] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Големо Нишел (Golemo-Nichal Beyouk-Aï-Nessel, Nichi) живееле 265 Македонци.[5]

Со пописот од 1913 година било забележано со 260, а во 1920 година со 279 жители. По 1923 година, бидејќи селото било чифлигарско, грчките власти во него сместиле 22 бегалски семејства со вкупно 86 жители. Така селото станало мешано, во кое во 1928 година биле попишани 338 жители, во 1940 година 559, во 1951 година 658, во 1961 година 794, во 1971 година 761, во 1981 година 794, а во 1991 година 791 жител. Зголемувањето на бројот на населението по 1928 година се должело на извршените мелиорации, на новодобиените плодни обработливи површини, поради кои биле доселени и други семејства, како и на добрите комуникации.[2]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 733 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 653 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 559 658 794 761 794 791 733 653
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

уреди

Селото припаѓа на општинската единица Гида со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Гида, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Гида, во кој покрај градот Гида, влегуваат и селата Големо Нишел и Шкинат.

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 8.
  3. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  4. К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 143.
  5. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 222 - 223.