Шкинат
Шкинат (грчки: Σχοινάς, Схинас) — село во Солунско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.
Шкинат Σχοινάς | |
---|---|
Координати: 40°39′N 22°26′E / 40.650° СГШ; 22.433° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Иматија |
Општина | Гида |
Општ. единица | Гида |
Надм. вис. | 6 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 390 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на помалку од три километри северозападно од градот Гида, на надморска височина од 6 метри.[2]
Сместено е во областа Урумлак. Во минатото селото се наоѓало на јужниот брег на пресушеното Ениџевардарско Езеро во 1930-тите години.
Историја
уредиСелото, како и сите околни села, во минатото било населено со грчко население.[2]
По Првата светска војна во 1922 година во селото се населиле грчки бегалци. Во 1928 година, Шкинат било мешана населба со 16 бегалски семејства со вкупно 60 жители.[3].
Стопанство
уредиСелото е прилично богато. Неговото население се занимава со земјоделство, а основно производи се памукот и шеќерната репка, но се произведува и многу грав, пченица, детелина и други земјоделски производи.[2]
Население
уредиСпоред Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Шкинат е село во Солунската каза и во него живееле 220 Грци христијани.[2][2][4] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Шкинат (Chkinat) живееле 220 Грци.[5]
Во пописот од 1913 година во селото биле забележани 228, а во 1920 година 279 жители. По 1923 година во селото биле населени и 27 бегалски семејства со вкупно 130 жители. Така, Шкинат станала мешана населба која во 1928 година имала 401, во 1940 година 584, во 1951 година 677, во 1961 година 687, во 1971 година 575, во 1981 година 552, а во 1991 година 419 жители.[2]
Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 408 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 390 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 584 | 677 | 687 | 575 | 552 | 419 | 408 | 390 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
уредиСелото припаѓа на општинската единица Гида со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Гида, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Гида, во кој покрај градот Гида, влегуваат и селата Шкинат и Големо Нишел.
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 26.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 141.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 218 - 219.