Каракамен

(Пренасочено од Негуш Планина)

Каракамен или Кара Камен (грчки: Βέρμιο, Вермио) — планина во Егејска Македонија, денес во Грција.

Каракамен
Βέρμιο
Каракамен гледан од селото Копаново
Највисока точка
Надм. вис.2.065 м
Друго имеΒέρμιο
Географија
Каракамен на карта

Карта

МестоГребенско и Кожанско, Егејска Македонија (денес во Грција)
Карта

Планината се протега во централниот дел на Егејска Македонија меѓу административните области Западна Македонија (Кожани) на запад и Централна Македонија, Постол на североисток и Иматија (Берско) на југосток.

Планината се дели на два дела, северна „Негуш Планина или „Дурла“ (Турла) и јужна — „Докса“. Каракамен се наоѓа меѓу Островското Езеро на северозапад, котлината Сариѓол (Кајларско Поле) на запад, река Бистрица на југ и Солунското Поле на исток. Највисокиот врв на планината е Каракамен (на турски Караташ, на грчки Хамити) на 2.065 метри.[1]

Во народното творештво

уреди

Планината Каракамен се споменува во народната песна „Дафино вино црвено“, каде во првата строфа се вели:[2]

Дафино вино црвено
Момчето ти е заспало
На Каракамен планина
На сува рида без вода.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Страница за Каракамен“. Архивирано од изворникот на 2007-06-02. Посетено на 2011-01-27.
  2. Дафино вино црвено Архивирано на 11 јануари 2015 г. — портал „Македонски народни песни“

Надворешни врски

уреди

40°31′33″N 22°00′38″E / 40.5258046° СГШ; 22.0104218° ИГД / 40.5258046; 22.0104218