Наталија Водјанова

Наталија Михајловна Водјанова (руски: Наталья Михайловна Водянова; роденa на 28 февруари 1982), со прекар Супернова,[1] е руска манекенка, актерка и амбасадор на добра волја на Обединетите нации.

Наталија Водјанова
Наталья Водянова
Наталија Водјанова
Роден(а)28 февруари 1982
Нижни Новгород СССР СССР
ДржавјанствоРусинка
Активен2000 - денес
СопружникЏастин Портман
Деца5

Во 2012 година, таа се најде на третото место на листата на манекенки со најголема заработка и Форбс проценил дека заработила 8,6 милиони долари за една година.[2] Водјанова била спомената во 2015 година од страна на models.com како една од Новите Супери во модната индустрија.[3]

Во 2010 година, Водјанова ја добила наградата Инспирација на годината од Harper's Bazaar. Во 2014 година, Гламур ја призна за жена на годината и ѝ ја додели наградата „Глас за деца“. [4]

Водјанова е мајка на 5 деца. Таа е и член на Меѓународниот одбор на директори на Специјалната Олимпијада. Во 2021 година, Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) ја назначил за амбасадор на добра волја на агенцијата за полово и репродуктивно здравје.[5]

Ран живот

уреди

Водјанова била родена во Горки, Руска СФСР, Советски Сојуз (денешен Нижни Новгород, Русија). Таа пораснала воАвтозаводскиот реон со нејзината мајка Лариса и две помлади полусестри, Оксана и Кристина Кусакина. Оксана живее со тежок облик на аутизам. Водјанова има уште една помлада полусестра, Џенифер „Џена“ Барнс (родена Марија Машинка во 1999 година), која била дадена на посвојување како бебе и израснала во Северна Каролина, САД.[6] Една од бабите на Водјанова е Мордовијанка.[7]

Кариера

уреди

Манекенство

уреди

Водјанова на 15 години се запишала во агенција за моделирање.[8] На 17-годишна возраст, таа се преселила во Париз и потпишала договор со Viva Models.[8] Водјанова постигнала успех како модел на писта, на едиторијали и рекламни кампањи. Таа учествувала на повеќе од 200 ревии на модни писти за колекции на готови облеки и висока мода на дизајнери од Америка и Европа, и има учествувано во рекламни кампањи на разни модни куќи.[9]

Работела со познати модни фотографи како Марио Тестино и Ени Либовиц.[10]

Водјанова, исто така, се појавила на насловните страници на повеќе големи меѓународни списанија вклучувајќи Vanity Fair; Vogue и Interview.

Водјанова првпат се појавила на насловната страница на американскиот Vogue во септемвриското издание од 2004 година заедно со Жизел Бундхен и Дарија Вербови како еден од „Моделите на моментот“, фотографирана од Стивен Мајзел. Таа потоа се појавила соло на насловна тема на изданието на списанието од јули 2007 година.[11] Во овој временски период, на другите насловни страници на американскиот Vogue имало само познати личности кои не биле модели, со само три други исклучоци - Линда Евангелиста, Лија Кебеде и Бундхен.[12] Во мај 2009 година, Водјанова повторно била на насловната страница на американскиот Vogue како една од „моделите на моментот“. Од 2014 година, Водјанова се има појавено десет пати на насловната страница на британскиот Vogue; прво било изданието од септември 2003 година.[13]

 
Водјанова во промоцијата на нејзината колекција Етам во 2009 година

Во пролетта 2009 година, Водјанова склучила тригодишен договор да биде бренд амбасадор на француската компанија за долна облека Etam и дизајнирала колекција долна облека секоја сезона за време на периодот на договорот. Колекциите биле продавани под брендот Natalia pour Etam.[14] Водјанова има договор со Guerlain, француска куќа за парфеми и козметика, која била купена во 1994 година од групацијата LVMH, мултинационална инвестициска корпорација специјализирана за луксузни брендови. Таа е и редовен модел во кампањите и постерите за Стела Макартни. Таа, исто така, се појавила како „Лице на моментот“ во американскиот Vogue во мај 2009 година.[15]

 
Премиерната колекција на Водјанова во 2009 година

Во 2014 година, Водјанова се појавила на насловната страница на септемвриското издание на Vanity Fair фотографирана од фотографот Марио Тестино. Таа била една од педесетте модели на насловната страница на италијанскиот Vogue во септември 2014 година, изданието за педесетгодишнината на списанието. Таа, исто така, се појавила на соло насловна страница за францускиот Vogue во септемвриското издание, нејзина шеста насловна страница за списанието. Во ноемвриското издание, Водjанова била на насловната страница на американскиот Vogue фотографирана од Ени Лебовиц; ова беше нејзина четврта насловна страна на американскиот Vogue и втора соло насловна на американскиот Vogue од нејзиното прво појавување во јули 2007 година.

Во 2015 година, Водјанова била фотографирана од Стивен Мајзел за Пирелскиот календар за 2015 година; ова беше нејзино четврто појавување во Пирели од 2003 година. Таа се вратила како претставник на мирисот Euphoria на Келвин Клајн, фотографирана од Инез и Винод, десет години по нејзиниот прв ексклузивен договор со Келвин Клајн.[16] Потпретседателот на Calvin Klein Fragrances, Coty Inc, Фридеман Шмид, коментирајќи за нејзиното враќање кон брендот, рекол дека „Наталија Водјанова навистина го отелотворува сензуалниот гламур и софистицираноста на жената Еуфорија“.[17] Водјанова се вратила за кампањата на Стела Макартни за колекциите пролет/лето 2015 и есен/зима 2015 година. Таа се нашла на петтото место на листата на Форбс за модели со најголема заработка во 2015 година, заработувајќи околу 7 милиони долари.[18]

Во 2016 година, Водјанова била избрана и фотографирана од Ени Лебовиц како дел од 43-тиот календар на Пирели, кој ги славил некои од најинспиративните жени во светот, како Тави Гевинсон, Серена Вилијамс, Ејми Шумер, Јоко Оно, Фран Лебовиц, Пети Смит, Кетлин Кенеди, Јао Чен, Мелоди Хобсон, Ава ДуВернеј, Агнес Гунд и Ширин Нешат.[19] Ова претставувало нејзина петта појава во Пирели. Таа, исто така, била предводник на кампањата на Рикардо Тиши за Givenchy за пролет/лето 2016 година, заедно со долгогодишната муза на Тиши, Маријакарла Босконо. Други ветерани модели во кампањата биле Лара Стоун, Џоан Смолс, Миранда Кер, Џема Вард, Иселин Стејро, Кендис Свонепул.[20] Ова било четврто појавување на Водјанова во кампањите на Тиши за Givenchy. Фотографирана од Стивен Мајзел, таа станала модел на кампањата за колекцијата пролет/лето 2016 на Прада заедно со нивната редовна муза Саша Пивоварова и холандската новајлија Јасмин Вајналдум.[21] Водјанова се појавила во нејзината деветта рекламна кампања за Стела Макартни во нивната колекција пролет/лето 2016 заедно со Босконо.[22] Таа, исто така, се вратила како модел на кампањата за италијанскиот бренд за тексасна облека Miss Sixty. Во октомври 2016 година, таа се појавила во нејзината втора реклама за кампањата за Дејвид Јурман, која била снимена од Брус Вебер за кампањата есен/зима 2016 година.

Во 2017 година, Водјанова повторно била во кампањата за Дејвид Јурман заедно со моделот Тејлор Мари Хил за колекцијата пролет/лето. Водјанова била ангажирана и од H&M за нивната колекција Conscious Exclusive, одржлива линија која користи рециклирани и органски материјали.[23][24] Водјанова се појавлаи во нејзината 5-та насловна страница за магазинот W во нивното издание за јуни/јули 2017 година, кое било посветено на Водијанова, а фотографирано од Стивен Мајзел.

Водјанова била рангирана на 14-тото место во телевизиската програма на британскиот телевизиски канал Five во 2005 година Најголемиот супермодел на светот. Списанието Форбс проценува дека таа заработила 4,5 милиони американски долари помеѓу август 2006 и јули 2007 година, 4,8 милиони американски долари помеѓу мај 2007 и април 2008 година и 5,5 милиони долари помеѓу јуни 2008 и јуни 2009 година, што ја прави седмата манекенка со најголема заработка во светот во текот на сите три временски периоди.[25][26][27]

Глума

уреди

Таа била во улогата на Медуза во филмот „Судир на титаните“ од 2010 година. Покрај ова, таа играла поголеми улоги во филмовите CQ (2001), Пробка (2009) и филмската адаптација на Божествената убавица од 2012 година. Таа исто така била наратор во големото емитување на Лебедово езеро од Маринскиот театар (2013).[28]

Други активности

уреди

Во мај 2009 година, Водјанова била ководител на полуфиналето на Евровизија во Москва.[29] На 12 декември 2009 година, таа била назначена за амбасадор на Зимските олимписки игри 2014 во Сочи.[30] Во 2010 година, таа се појавила на церемонијата на затворање на Зимските олимписки игри во 2010 година во Ванкувер.

Филантропија

уреди

Водјанова е основач на Фондацијата Голо срце, филантропска организација која се стреми да обезбеди безбедна и инспиративна средина во која ќе може да игра секое дете што живее во урбана Русија и да им помогне на семејствата кои одгледуваат деца со попреченост.[31][32][33] Сестрата на Наталија, Оксана, живее со аутизам. Водјанова го привлекла вниманието кон проблемот со правата на лицата со посебни потреби во Русија кога нејзината сестра била замолена да го напушти кафулето во Нижни Новгород бидејќи „ги плаши клиентите“.[34]

Таа била инспирирана да ја основа добротворната организација по трагедијата во Беслан. Целта на Водјанова била да го одвлече вниманието на децата кои преживеале од нивната психолошка траума со игра. Организацијата ја отворила својата прва игротека во 2006 година во Нижни Новгород. Оттогаш има изградено многу други, вклучително и еден во Беслан.[35]

Водјанова, исто така, поддржува голем број филантропски цели, како што е кампањата (Bugaboo)RED, иницијатива која се стреми да помогне во елиминирањето на СИДА-та во Африка.[36] Истата година, Водјанова станала амбасадор на Слушни го светот, глобална кампања која се обидува да ја подигне свеста за темата на слухот и губењето на слухот и да промовира добар слух низ целиот свет.[37]

Таа е портпарол на „Tiger Trade Campaign“, сојуз на 38 организации „за враќање на дивите тигри преку запирање на трговијата со делови и производи од тигар“. Во интервју за поддршка на кампањата, Водјанова изјавила: „Горда сум што Русија, мојата земја, е дом на најпрекрасните животни, дивиот сибирски тигар. Денеска зависи од нас да го заштитиме тигарот и неговиот дом, помалку од 350 сибирски тигри останале во дивината и не повеќе од 3.400 тигри преживуваат насекаде во светот. Доколку не дејствуваме сега, ќе видиме истребување на дивиот тигар во текот на нашиот живот.“[38][39]

Во 2015 година, заедно со Тимон Афински, Водјанова ја основала дигиталната апликација Elbi, која им овозможува на луѓето да донираат пари со „Love Button“, да создаваат содржина, да испраќаат пораки и да гласаат за добротворни цели.[40] Апликацијата била промовирана од Clinton Global Initiative Commitment во 2016 година и поддржана од Џоана Шилдс, ко-основачот на Bebo Мајкл Бирч, основачот на Википедија Џими Велс, коосновачот на Хафингтон пост - Аријана Хафингтон, основачот на Мајнд Кенди - Актон Смит, дизајнерката Дајана фон Фјурстенберг, основачот на Lastminute.com и на Made.com Брент Хоберман, како и основачот и извршен директор на Illumination Entertainment, Крис Меледандри.[41][42]

Други проекти

уреди

Специјална Олимпијада

уреди

Водјанова е член на меѓународниот одбор на директори за Специјалната Олимпијада и ги поддржала Европските игри во 2014 година и Светските игри во 2015 година.[43]

Амбасадор на добра волја на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА)

уреди

Во февруари 2021 година, Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) ја назначил Водијанова за амбасадор на добра волја. Повикувајќи се на нејзината претходна работа со серијата „Ајде да разговараме“ на УНФПА против срамот, исклученоста и дискриминацијата со кои рутински се соочуваат милиони жени и девојки, агенцијата изјавила дека се надева дека нивните партнерства ќе го премостат јазот помеѓу модната и технолошката индустрија.[44]

 
Водјанова на веб самит во 2015 година

Награди

уреди

Во ноември 2010 година, Харперс Базар ѝ ја додели на Водјанова наградата „Инспирација на годината“, доделена како признание за нејзините филантропски активности.[45]

Во април 2013 година, таа била почестена со наградата Инспирација на четвртите годишни DVF награди. Наградата им се доделува на жени „кои покажале лидерство, сила и храброст во соочувањето со неволјите и кои го користат своето влијание за да постигнат позитивни промени“.[46] Истата година, таа била и добитничка на наградата Филантроп на годината од Харперс Базар.[47]

На 10 ноември 2014 година, Водјанова била една од наградените <i id="mwATw">Гламур жена на годината за</i> 2014 година за нејзиниот придонес и филантропија како Гласот за децата.[48] Церемонијата била одржана во Карнеги Хол, при што Аријана Хафингтон ѝ ја врачила наградата на Водјанова.

Личен живот

уреди

Водјанова се запознала со Џастин Портман (роден 1969 година), полубрат на 10-тиот Виконт Портман и син на Едвард Портман, деветтиот Виконт Портман, британски имотен наследник, на вечера во Париз во 2001 година. Тие се венчале во ноември 2001 година кога таа била 8 месеци бремена. Во септември 2002 година, повеќе од девет месеци по регистрирањето на бракот во Обединетото Кралство, тие имале свадбена церемонија во Санкт Петербург, каде Водјанова носела фустан дизајниран од Том Форд.[49][50] Тие имаат три деца: синот Лукас Александар (роден 2001 година), ќерката Нева (родена 2006 година) и синот Виктор (роден 2007 година). Нева е именувана по истоимената руска река.[51] Водјановаи Портман објавиле дека се разделуваат во јуни 2011 година[52] и се развеле истата година.

По нејзината разделба од Портман, Водјанова започнала врска со Антоан Арно, син на основачот на LVMH Бернард Арно и извршен директор на луксузниот бренд Берлути.[53] Двојката имаат два сина: Максим (роден 2014 година)[54] и Роман (роден 2016 година).[55] Водјанова ја објавила свршувачката на 31 декември 2019 година.[56] Пандемијата СОВИД-19 ги принудила да ја откажат нивната венчавка на 27 јуни 2020 година во опатијата Сен-Пјер д'Овилер, а парот официјално се венчал на 21 јуни 2020 година во градскиот совет во Париз.[57] Двојката има стан во Париз.[58]

Наводи

уреди
  1. Kane, Hannah (7 May 2009). „Natalia Vodianova: Supermodel Supernova“. CNN. Архивирано од изворникот на 11 May 2009. Посетено на 18 October 2021.
  2. Solomon, Brian (14 June 2012). „The World's Highest Paid Models“. Forbes. Посетено на 20 June 2012.
  3. „New Supers“. Models.com. Посетено на 30 November 2015.
  4. „The Voice for Children: Natalia Vodianova“. Julia Ioffe. Glamour. 6 November 2014."The Voice for Children: Natalia Vodianova".
  5. „Supermodel Natalia Vodianova joins UNFPA to tackle stigma and advance women's health“. UN News (англиски). 24 February 2021. Посетено на 25 March 2021."Supermodel Natalia Vodianova joins UNFPA to tackle stigma and advance women's health".
  6. Празен навод (help)Bowles, Hamish (17 November 2022).
  7. „Наталья Водянова - мордовка“. YouTube (руски). 6 August 2020. Архивирано од изворникот на 2023-03-18. Посетено на 6 August 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  8. 8,0 8,1 „Horoscopes - Celebs - Pisces - Natalia Vodianova“. Elle (UK) website. Hachette Filipacchi (UK) Ltd. Архивирано од изворникот на 2 January 2013. Посетено на 16 April 2009.
  9. „Profile of Fashion Model Natalia Vodianova“. Fashion Model Directory. Архивирано од изворникот на 20 February 2009. Посетено на 8 March 2009.
  10. „Natalia Vodianova - Model Profile“. Models.com. Посетено на 30 November 2015.
  11. „Vogue's July Model Cover“. Miss Stylologist blog. 2 July 2007. Посетено на 8 March 2009.
  12. September 2004 American Vogue
  13. „Vogue Magazine Archive (Vogue.com UK)“. Vogue (UK) website. CondéNetUK Limited. Архивирано од изворникот на 13 May 2009. Посетено на 26 May 2009.
  14. Jessica Bumpus (9 February 2009). „Model Designs“. Vogue (UK) website. CondéNetUK Limited. Архивирано од изворникот на 14 February 2009. Посетено на 26 May 2009.
  15. „Vogue May 2009: More models“. GoFugYourself. 27 April 2020.
  16. „Natalia Vodianova Returns as the Face of Calvin Klein's Euphoria“. Style.com. Посетено на 14 July 2015.
  17. „euphoria Calvin Klein Announces New Global Advertising Campaign Featuring Supermodel Natalia Vodianova To Celebrate Fragrance's 10th Anniversary“. Marketwatch. Посетено на 16 July 2015.
  18. „The World's Highest-Paid Models 2015“. Forbes. Посетено на 18 September 2015.
  19. London, Bianca (30 November 2015). „The 2016 Pirelli Calendar May Signal a Cultural Shift“. NY Times.
  20. „Givenchy's Spring 2016 Campaign Is All About Love“. Hollywoodreporter. Посетено на 18 December 2015.
  21. „NATALIA, SASHA AND YASMIN FOR PRADA SS16“. Maria Sousa. defuzemag. 4 January 2016. Архивирано од изворникот на 2018-10-11. Посетено на 2023-04-23.
  22. „Stella McCartney Reveals Spring Ad Campaign“. Samantha Conti. WWD. 29 January 2016.
  23. Robert Williams (7 February 2017). „H&M Taps Natalia Vodianova to Front Conscious Exclusive Collection“. wwd.
  24. „H&M Conscious Exclusive 2017 lookbook“.
  25. Blakeley, Kiri (16 July 2007). „In Pictures: The World's Top-Earning Models“. Forbes. Посетено на 16 April 2009.
  26. Blakeley, Kiri (30 April 2008). „In Pictures: The World's 15 Top-Earning Models“. Forbes. Посетено на 16 April 2009.
  27. Streib, Lauren (27 May 2009). „In Pictures: The World's Top-Earning Models“. Forbes. Посетено на 29 May 2009.
  28. Vodianova, Natalia (20 October 2018). „IMB“. IMDB.com. Посетено на 20 October 2018.
  29. „Channel 1 Russia press conference - News - Eurovision Song Contest - Moscow 2009“. Eurovision Song Contest Official Website. EBU. 11 May 2009. Посетено на 26 May 2009.
  30. „Sochi 2014 Launches New Paralympic Games Emblem on Russia's First Ever International Paralympic Winter Day“. Sochi 2014 Official Website. Sochi.ru. 12 December 2009. Посетено на 1 June 2011.
  31. „About Us - Our Founders“. Naked Heart Foundation. Архивирано од изворникот на 15 May 2009. Посетено на 8 March 2009.
  32. „About Us - Trustees“. Naked Heart Foundation. Посетено на 1 June 2011.
  33. „About Us - Our Mission“. Naked Heart Foundation. Посетено на 1 June 2011.
  34. „The Russian supermodel who defended her autistic sister“. BBC News (англиски). 14 August 2015. Посетено на 1 July 2021.
  35. „What We Do - Map“. Naked Heart Foundation. Посетено на 1 June 2011.
  36. „Natalia Vodianova naked for Bugaboo (Red)“. Архивирано од изворникот на 2010-05-15. Посетено на 4 November 2010.
  37. „The ambassadors - Hear the World“. Hear the World. Посетено на 28 April 2010.
  38. „End Tiger Trade: International Tiger Coalition“. Архивирано од изворникот на 2022-03-14. Посетено на 2 January 2011.
  39. „Natalia Vodianova supports Asian tigers“. YouTube. Архивирано од изворникот на 2023-03-19. Посетено на 2 January 2011.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  40. „A day in the life of Natalia Vodianova, the Calvin Klein supermodel who is now a tech entrepreneur“. businessinsider. Посетено на 24 December 2015.
  41. „Business News, Shares Market, Stock Markets News LIVE - IPO, Mutual Funds, Income Tax and Finance News“. Mint (англиски). Посетено на 30 June 2019.
  42. Shead, Sam. „A Russian supermodel has teamed up with some high-profile tech figures to launch an app that lets you donate money to worthy causes“. Business Insider. Посетено на 30 June 2019.
  43. Burney, Ellen (24 September 2018). „Natalia Vodianova is teaming up with the UN to tackle taboos and empower women“. Vogue.com.au. Посетено на 30 June 2019.
  44. „Supermodel Natalia Vodianova joins UNFPA to tackle stigma and advance women's health“. UN News (англиски). 24 February 2021. Посетено на 25 March 2021.
  45. „Natalia Vodianova an inspiration at Harper's Bazaar Women of the Year Awards“. Посетено на 28 April 2010.
  46. „Natalia Vodianova Honoured At DVF Awards“. 18 March 2013. Посетено на 7 November 2013.
  47. „The 2013 Harper's Bazaar Women Of The Year Awards“. Архивирано од изворникот на 9 November 2013. Посетено на 7 November 2013.
  48. „The Voice for Children: Natalia Vodianova“. Julia Ioffe. Glamour. 6 November 2014.
  49. „Afterwards: congratulations Nati!“. Models Blog. 3 April 2006. Архивирано од изворникот на 2019-04-20. Посетено на 26 May 2009.
  50. „Monday's Muse: Natalia Vodianova“. Amour Amour Blog. 5 October 2009. Архивирано од изворникот на 11 August 2011. Посетено на 1 June 2011.
  51. Dolly Jones (29 March 2006). „Natalia's Girl Arrives“. Vogue (UK). Архивирано од изворникот на 6 April 2009. Посетено на 26 May 2009.
  52. „Putting Fairy Tales and Fashion in Play“. International Herald Tribune. 7 June 2011.
  53. "Natalia Vodianova's new lover is LVMH boss Bernard Arnault's son Antoine.". Архивирано од изворникот на 2011-10-25. Посетено на 2023-04-23.
  54. „Natalia Vodianova Welcomes Son Maxim – Moms & Babies – Celebrity Babies and Kids - Moms & Babies - People.com“. PEOPLE.com. Архивирано од изворникот на 11 May 2014. Посетено на 3 May 2014.
  55. „Natalia Vodianova Had Her Fifth Baby! A Russian Supermodel Gifting Guide“. 8 April 2016. Архивирано од изворникот на 2016-06-12. Посетено на 2023-04-23.
  56. Coke, Hope (2 January 2020). „Model Natalia Vodianova is engaged to Antoine Arnault“. Tatler. Посетено на 9 April 2020.
  57. Newbold, Alice (21 September 2020). „Natalia Vodianova Marries Antoine Arnault In Ulyana Sergeenko Couture“. Vogue. Посетено на 3 October 2020.
  58. „Natalia Vodianova and Antoine Arnault at Home: Take a Tour of the Supermodel's Duplex Apartment in Paris“. W Magazine. 22 May 2017. Посетено на 23 November 2020.

Надворешни врски

уреди
Награди и достигнувања
Претходник
  Јована Јанковиќ и Жељко Јоксимовиќ
Водител на Евровизија
(Семи-финале, со Андреј Малаков)
2009
Наследник
  Надија Хаснуи, Хеди Жату Ние
и Ерик Солбакен