Сопственост
Сопственост или поседување е најширока правна власт над одредена работа наречена (според законот) "ствар" која претставува каков било материјален (физички) или нематеријален (бестелесен) ентитет или дел од природата кој може да биде во владение и над кој не е исклучено правото на сопственост (според закон). Сопствeноста е право кое е признаено на одредена личност, група на луѓе или правно лице (како што се корпорација, здружение, установа и друго). Сопственикот на стварта односно на имотот има право да го троши, продава, изнајмува, става под хипотека, трансферира, заменува или уништува.[1][2][3] сопственост може да постои на подвижни и на неподвижни ствари како и на креации на човековиот ум (интелект), не е секогаш апсолутна и може да се ограничува или одзема само врз основа на закон а врз основа на јавен интерес.
Важните широко распространети видови на сопственост се: приватна сопственост (имот во сопственост на правни лица или деловни субјекти како и имот во сопственост на физички лица и некомерцијални правни лица како установи, здруженија итн.) а вклучуваат и вистинска сопственост (комбинација на земјиште и некои подобрувања), лична сопственост (физички предмети што припаѓаат на некоја личност), интелектуална сопственост (ексклузивни права над уметнички творби, пронајдоци, итн);[4] јавна сопственост (државна сопственост); мешовита сопственост; колективна сопственост; општествена сопственост (во нашето поблиско минато) и други. Сопственоста му обезбедува на сопственикот право да ги користи и да располага со стварта односно имотот над кои има право на сопственост според сопствените желби без притоа да ги ограничува или попречува другите сопственици во нивното право на сопственост.
Дефинирање
уредиСопственоста вообичаено се вели дека е дефинирана и заштитена од страна на локалниот суверенитет. Поседувањето, не секогаш се изедначува со дефиницјата дадена од локален суверенитет. Некои филозофи тврдат дека имотните права произлегуваат од општествена конвенција, додека други ги наоѓаат оправдувања за нив во моралот или законот на природата.
Различни научни дисциплини (како што се законодавство, економија, антропологија или социологија) можат да го третираат концептот посистематски, но дефинициите се разликуваат на различни полиња. Научниците на општествените науки најчесто ја дефинираат сопственоста како колекциjа на правата. Тие нагласуваат дека сопственоста не е односот меѓу луѓето и работите, туку односот меѓу луѓето во врска со работите.
Јавна сопственост е имот контролиран од страна на државата или од страна на целата заедница. Приватна сопственост е имот што не е јавна сопственост. Приватната сопственост може да биде под контрола на еден човек или група од луѓе.[5]
Општи одлики
уредиПравата на современата сопственост се засноваат на концепции за сопственици и поседи кои припаѓаат на правни лица, дури и ако правното лице не е физичко лице. Во повеќето земји, корпорациите на пример имаат законски права слични на оние на граѓаните.
Имотните права се заштитени во сегашните закони на повеќето држави, обично во нивниот Устав или во Декларацијата на правата. Заштитата е пропишана и во "Универзална декларација за човекови права на Обединетите нации, член 17 и во Европската конвенција за човекови права (ECHR), протокол 1.
Традиционалните принципи на правата на сопственост се:
- Контрола на користењето на имотот
- Право на каква било корист од имотот
- Право за пренос или продажба на имот
- Право на исклучување на други лица од имотот.
Не секоја личност или ентитет кои имаат интерес за одреден дел од имотот можат да ги користат сите можни права на сопственост. На пример, како корисник на одреден дел од имотот, не постои можност да се продаде имотот, бидејќи закупецот има право само на поседување и не е сопственик на трансфер. Слично на тоа, додека сте корисник, сопственикот не може да го користи неговото право да ве исклучи од имотот.
Исто така, имотот може да се одржи во голем број на форми, како на пример преку заедничка сопственот, сопственост на заедницата, единствена сопственост или закуп. Овие различни видови на сопственост може да ја искомплицираат можноста на сопственикот кога станува збор за правата на сопстветност. На пример, ако двајца луѓе се сопственици на едно парче земја, во зависност од законите, може да имаат огранична слобода со располагање на имотот.
Правните системи еволуирале за да може да се покријат споровите кои произлегуваат од поседување, користење, пренесување и отстранување на имот, особено оние кои вклучуваат договори. Позитивно право ги дефинира таквите права, а судството се користи за да се засилат правата на сопственост.
Според Адам Смит, очекување добивка од "подобрување на акции на капиталот" се потпира на приватната сопственост. Тоа е претпоставка на капитализмот дека сопственичките права ги охрабруваат сопствениците да го прошират имотот, да стекнат поголемо богатство, и ефикасно да ги алоцираат ресурсите врз основа на работата на пазарот на труд. Од ова се разви модерната концепција за имотот, каде што правата се спроведуваат од страна на позитивното право, со очекување дека тоа ќе придонесе за поголемо богатство и подобри стандарди на живеење. Сепак, Смит, исто така, изрази многу критички поглед на ефектите од законите за нееднаквата сопственост:
„Секаде каде што има голем имот, постои голема нееднаквост... Граѓанската власт, колку што е надлежна за безбедноста на сопственоста, во реалноста треба да воспостави одбрана на сиромашните против богатите, или на оние кои поседуваат сопственост против оние кои не поседуваат ништо.“
Во својот текст, „Заеднички закон“, Оливер Вендел Холмс го опишува имотот, како да има два фундаментални аспекти. Првиот е поседување, кој може да се дефинира како контрола на ресурсите врз основа на непостоечката можност на друг да се противречи на владетелот. Вториот е насловот, што е очекување дека другите ќе ги признаат правата да се контролира ресурс, дури и кога не се поседува.
- Класичниот либерализам се потпира на трудовата теорија на сопственост. Таа тврди дека имате свој живот и со тоа следи дека мора да имате некаква сопственост (материјална или интелектуална) и дека оваа сопственост може да се тргува во слободна размена со другите.
- Oсновните принципи на социјализмот се свртени кон критика на овој концепт, при што се наведува меѓу другото, дека цената на одбрана на сопственоста е повисока од враќање на сопственост на приватен имот и дека, дури и кога правата на сопственост потикнуваат сопствениците да го зголемат својот имот или да создадат богатство, тие го прават тоа само за сопствена корист и тоа не се совпаѓа со користа за други лица или за општеството во целина.
- Слободниот социјализам обично ги прифаќа правата на сопственост, но за краток период. Со други зборови, човек мора да се направи (помалку или повеќе) континуирано користење на добро или да го изгуби правото на сопственост. Ова обично се нарекува "поседувачки имот". Така, во овој систем, отсутностна на сопственост е нелегитимна и работниците поседуваат сопствени машини или друга опрема на која што работат.
- Комунизмот тврди дека само колективната сопственост на средствата за производство преку политичкото тело ќе обезбеди минимизирање на нееднакви или неправедни резултати и ќе придонесе максимизирање на придобивките, па затоа приватната сопственост на капиталот треба да биде укината.
И комунизмот и некои видови на социјализмот, исто така, ја потврдуваат идејата дека приватната сопственост на капиталот е сама по себе нелегитимна. Овој аргумент главно се потпира на идејата дека од приватната сопственост на капитал секогаш само една класа добива бенефиции, кои доведуваат до доминација преку употреба на овој приватен капитал. Комунистите не се противат на личен имот, кој е "тешко заработеен, самостекнат или самозаработен". И социјализмот и комунизмот внимаваат да се направи разлика помеѓу приватната сопственост на капиталот (земјиште, фабрики, ресурси, итн ..) и приватна сопственост (домови, материјални предмети, и така натаму).
Видови на имот
уредиПовеќето правни системи прават разлика помеѓу различни видови на имот (недвижен имот, земјиштен имот, недвижности), особено кога станува збор за земјиште и сите други форми на имотни-стоки, подвижен имот или лична сопственост. Тие често разликуваат материјална и нематеријална сопственост. Една шема на категоризација специфицира три видови на сопственост: земјиште, недвижнини, и лична сопственост.
Според правните закони, недвижен имот е комбинација на интереси во земјата и нивни подобрувања, а лична сопственост е интерес за подвижен имот. Правата на недвижностите се права кои се однесуваат на земјата. Овие права вклучуваат сопственост и употреба. Сопствениците може да ги дадат правата на лица и ентитети во форма на договори за закуп и лиценци.
Подоцна, со развојот на повеќе комплексни теории за имотот, личниот имот е поделен на материјални средства (како што се автомобили и облека), во нематеријална сопственост (како што се финансии, вклучувајќи берза и финансиски обврзници, и интелектуална сопственост, вклучувајќи патент, авторски права и регистрирани заштитни знаци).
Опфат
уредиДвете главни оправдувања дадени за оригиналниот имот се напор и недостиг. Џон Лок го дефинира напорот како „мешање на вашиот труд“ со објекти, или зачувување на земјиште. Бенџамин Такер повеќе се осврнува кон филозофијата на имотот, односно на прашањето Која е целта на имотот?. Неговиот одговор е да го реши проблемот на недостиг. Само кога предметите се релативно малку во однос на желбите на луѓето тие стануваат сопственост.
На пример, ловците на земјиште не сметаат дека земјиштето е имот, бидејќи нема недостиг на земја. Земјоделските општества подоцна создале обработливо земјиште, заради негов недостиг. За нешто да биде економски ретко, тоа нужно мора да има ексклузивна сопственост- се користи од страна на едно лице и ги исклучува другите од негово користење. Овие две оправдувања доведуваат до различни заклучоци за тоа што може да е сопственост.
Интелектуална сопственост опфаќа нематеријални работи како идеи, планови, нарачки и аранжмани (музички композиции, романи, компјутерски програми), кои обично се сметаат за валиден имот кај оние кои ги поддржуваат и оправдуваат напорите, но неправилен на оние кои не ги поддржуваат, бидејќи тие немаат право на ексклузивитет на имотот (сепак тие може да го поддржат другите акти на „интелектуална сопственост“ како што е авторското право.
Од некои анархистички точки на гледање, важноста на еден имот зависи од тоа дали "правото на сопственост" се бара да биде спроведено од страна на државата. Различни форми на "имот" бараат различни дејствија: интелектуалната сопственост бара голема доза на државна интервенција за да се спроведe како и сопственост на физички предмети додека сопственост на сопственото тело нема потреба од апсолутно никаква државна интервенција.
Многу нешта постоеле без да имаат сопственик, понекогаш дури тие се нарекуваат заеднички. Поимот „заеднички“, сепак, исто така често се користи за да означи „општа колективна сопственост“, односно заедничка сопственост. Исто така, истиот термин понекогаш се користи од страна на статисти за да означи имотот во државна сопственост (јавна сопственост). Законот во сите општества има тенденција да се развие кон намалување на бројот на работите за кои јасно не постојат сопственици. Поддржувачите на имотните права тврдат дека тоа им овозможува подобра заштита на ограничените ресурси, додека критичарите велат дека тоа води кон "експлоатација" на тие средства за лична корист и дека го попречува искористувањето на потенцијалот. Овие аргументи имаат различна важност за различни типови на имот.
Работи што немаат сопственици се: идеја (освен за интелектуална сопственост), морска вода (што е, сепак, заштитена од страна на закони за анти-загадување), гасови во Земјината атмосфера, животните во дивината (иако може да има ограничувања за ловење итн - и во некои правни системи, како на пример оној на Њујорк, каде всушност се третираат како државни имоти), небесни тела и вселена, и земјиште на Антарктик.
Сопственик
уредиЗаконите за сопственост може да варираат во голема мера меѓу земјите во зависност од природата на имотот на интерес (на пр огнено оружје, недвижен имот, лични предмети, животни). Лицата може да поседуваат имот директно. Во повеќето општества правните лица, како што се корпорации, фондови поседуваат сопственост.
Теории на сопственост
уредиПостојат многу теории на сопственост. Една од нив е релативно ретката прва теорија на поседување на сопственост, каде што сопственоста на нешто е оправдана само ако некој заземе нешто пред некој друг да го направи тоа.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „property definition“, BusinessDictionary.com, Архивирано од изворникот на 2019-07-22, Посетено на 2012-01-21
- ↑ „property“, American Heritage Dictionary, Архивирано од изворникот на 2017-10-20, Посетено на 2012-01-21
- ↑ „property“, WordNet, Посетено на 2010-06-19
- ↑ Anti-copyright advocates and other critics of intellectual property dispute the concept of intellectual property.[1].
- ↑ Understanding Principles of Politics and the State, by John Schrems, PageFree Publishing (2004), page 234
- ↑ „An inquiry into the nature and causes of the wealth of nations (p. 177)“. Hackett Publishing Company. Посетено на 2011-12-15.
Надворешни врски
уреди- "Право на приватна сопственост" Архивирано на 30 декември 2008 г., Tibor Machan, Интернет Енциклопедија на филозофијата