Спектар на аутизам
Спектар на аутизм, исто така познат како спектар на аутистични нарушувања или аутизам е низа на невроразвојни нарушувања кои вклучуваат аутизам, Аспергеров синдром и други сродни состојби. Кај поединци на спектарот присутни со два типа на симптоми: проблеми во социјалната комуникација и социјалната интеракција и ограничени, повторувачки начини на однесување, интереси или активности. Најчесто симптомите почнуваат да се препознаваат помеѓу една до две години возраст.[1] Долгорочните проблеми може да вклучуваат потешкотии во создавањето и одржувањето на врските, задржувањето на работата и извршувањето на секојдневните задачи.[2]
Причинителот на нарушувањата од аутистичниот спектрум не е сигурно познат.[3]
Во ризични фактори спаѓаат да се има постар родител, семејна историја и одредени генетски состојби.
Дијагнозата се заснова на симптомите.
Дијагностичкото и статистичко упатство за ментални нарушувања, Петто Издание го редефинирало спектарот на аутистични нарушувања, па покрај аутизам, Апергеров синдром, первазивно наружување на развојот, го вклучило и детското дисенгративно нарушување.[1]
Во 1998та година, студија на Ендру Вејкфилд ја дала сугестијата дека ММР вакцината може да предизвика аутизам. Оттогаш, научни студии ја отфрлиле последичната врска помеѓу ММР вакцината и аутизам.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 American Psychiatric Association (2013). „Autism Spectrum Disorder. 299.00 (F84.0)“. Diagnostic and Statistical Manual of Mental Disorders, Fifth Edition (DSM-5). Arlington, VA: American Psychiatric Publishing. стр. 50–59. doi:10.1176/appi.books.9780890425596. ISBN 978-0-89042-559-6.
- ↑ Comer, Ronald J. (2016). Fundamentals of Abnormal Psychology. New York: Worth /Macmillan Learning. стр. 457.